Со 8те региони, тесното грло на кавказот веќе нема да постои. 40 милионската држава со проспект да се сврти против Русија, веќе нема да постои. Ќе опстои некоја си држава од типот на Романија во најмала рака, што сепак не е за потценување, но доста подалеку да може со еден удар да и пресече на Русија излез на Црно и на Касписко море. Што во јазикот на геостратегијата значи врзување на голема војска во тој регион. За да биде уште покомпликуван проблемот, во тој регион е срцето на прехрамбената индустрија на Русија.
Затоа реков, 8те региони на Украина се минималната победа на Русија. И све што се случува во Украина, кажува дека Русија иде на комплетно демонтирање на Украинската држава. До каде ќе отидат не ми е сеуште јасно, ама најверојатно ќе биде ништо помалце од овие 8 региони. Русија се спремала за долга војна, можеби тебе не ти изгледа така, ама западот е затечен од исходот на оваа војна. Мошне јасна индикација дека е тоа така е што покрај да речеме неколку стотици илјади војска тренирана од НАТО инструктори (од 2015 година само Канада има истренирано 36К Украинска војска според Трудо кој штотуку беше во Киев), на никој не му текнало да тренираат пилоти за Ф16, а пред годинава и за Леопарди, Челенџери и Абрамси. Искрено не верувам дека и НАТО биле спремни на олкави донации на техника.
Све на све, како што си и самиот ти пример, тешко потценување на Русија, кое со пропаганда тешко дека ќе се премости. Дури и западната пропаганда, Русија ја игра во своја корист.
А што може Русија да добие или колку е дебункирана Руската армија, самото тврдење е смешно. Дури и да има толкави загуби како што се тврди во видеографиците на западната пропаганда, Русија има доволно техника и производствени капацитети, да изгуби и уште 5 пати по толку и да има капацитет да нападне. Смешно е како ги гледаш работите упростено. Украина има способност да нападне со трета по ред прикрпена армија и со тенкови од 50тите и 60тите, а Русија нема.
Веќе може да се предвиди што ќе се случи. Колку може западот да и изгради армии на Украина? Уште една преку сила. Тенкови имаат уште Турција и Грција, и тоа грото им се Патони и леопард 1. Останува уште САД да почне да се демилитаризира и да ја даде својата техника во рацете на наврат-нанос приучени Украински војници. Што ќе се случи кога ќе колабрира Украинската армија после тоа? Мислиш дека ќе се повторува Бахмут за секое гратче?
Тоа што се случи во Украина ќе биде забележано во историјата како голем пораз на НАТО, ништо чудно и негов крај.