А кои се сега претплатите ако имаш инфо да споделиш? Green изгледа беше за мајтап отворена, страната не им е ажурирана од ко ја пуштија. Ниеден пост на фб за информации околу пакети, цени, промоции, итн..како што го личи еден оператор, макар бил и виртуелен. Абе треба и досадни дури да се со маркетингот на соц. мрежи. Последен пост на фб им е на 01.01.23 честитка за 2023

. И како после човек да размислува за префрлање кај нив? А за 2 месеци ми истекува договорот во А1, ама по сево ова, изгледа ќе останам таму, ќе преминам од М во Ѕ. И тие телефони што ги имаат се со изгор цени во Green, едноставно те одбиваат и да сакаш да се префрлиш кај нив. Татко ми се претплати летото кај нив, 400 ден за 8 GB, таман му е него ама не можеше телефон да земи оти нема никаква понуда на поефтини телефони.