Фан Клуб: Вардар

Член од
2 декември 2022
Мислења
247
Поени од реакции
584
Дали мислите дека е подобра опција следна сезона да се игра на градски ли да се игра на маџари како до сега ?
Каде би било подобро во однос на притисок,публика, раст на групата, атрактивност на фудбалот итн итн.
Мое мислењe е дека подобро е да се истера цела сезона во маџари бидејќи мислам дека буквално секоја утакмица би било преполно без разлика на термин и слично а и на ваков начин би се зацврстил вардаризмот и традицијата. Градски е наш дом ама мислам дека тоа што нема шанси да се наполни и ќе делува празноќе делува и на желбата на луѓето за присуство.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Прегледај го приврзокот 380504
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА!

Како што ветивме, нашата борба е целосно транспарентна. Затоа, водени од мотото “Вардар – клуб на народот”, би сакале на секој навивач и симпатизер да му ги презентираме досегашните резултати од борбата, како и чекорите кои во наредниот период ќе ги превземеме.

Првично, би сакале да напоменеме дека по состанокот со директорот на клубот, Слободан Крстевски, добивме гаранција дека долгот направен по неговото доаѓање на кормилото на клубот, ќе биде вратен од негова страна во целост, без притоа истиот да биде наталожен на досегашниот долг на ФК Вардар.

Понатаму, би сакале да се заблагодариме на дванаесетте општини (Кисела Вода, Аеродром, Карпош, Центар, Илинден, Ѓорче Петров, Чучер Сандево, Зелениково, Гази Баба, Бутел, Петровец, Сопиште) со кои остваривме конструктивни состаноци, и дојдовме до позитивно решение. Сите дадоа збор, и се обрвзаа пред јавноста, дека клубот ФК Вардар ќе го помагаат заеднички, од секој можен аспект.
Во неделата што следува, очекуваме и формално да се одржи заеднички состанок на сите градоначалници, на кој заедно со нас, ќе биде дефиниран темелниот систем, преку кој долгорочно ФК Вардар ќе биде подржан од страна на општините.

За жал, единствено со градоначалничката на градот Скопје, Данела Арсовска, се уште немаме остварено средба, иако официјално барање доставивме уште на 3 мај 2023. Причините за ваквата постапка не ни се познати. Веруваме дека градоначалничката Арсовска ќе искаже волја и што поскоро ќе го прифати нашето уредно поднесено барање за средба. На клубот во овој момент му е потребна поддршка и помош од сите засегнати страни, особено од Градот Скопје, бидејќи ФК Вардар, гледано од историски, и од било кој друг аспект, е чедо на градот Скопје. Тоа не смее да се заборави!

Мора да напоменеме дека општините Аеродром, Кисела Вода и Ѓорче Петров, веќе на дело ја демонстрираа желбата за соработка. Имено, општините Аеродром и Ѓорче Петров обезбедија фудбалски терени, кои во целост ќе ги стопанисуваат, а кои ќе бидат од огромна важност за младинската школа на ФК Вардар, како и за тековните спортски активности на првиот тим. Од друга страна, пред бараж натпреварот во Кавадарци, од општината Кисела Вода беа обезбедени 1 000 000 денари помош за фудбалерите на клубот, како мотивација пред одлучувачкиот натпревар. Во името на клубот, ви се заблагодаруваме!

МЛАДИНСКА ШКОЛА

Во целиот изминат период, благодарение единствено на навивачите, за сите генерации во клубот, беа обезбедени сите потребни услови, за непречено реализирање на сите тековни спортски активности. Како што веќе напоменавме, со помошта од Општините, издејствувавме нови два фудбалски терени, од кои едниот веќе е во фаза на изградба. Секако, целосно сме посветени на ова прашање, и веруваме дека во најбрз можен временски рок, на сите засегнати страни, ќе им ја претставиме нашата визија и начинот на кој школата ќе функционира во иднина.

УЈП И ПУИГ

Следните чекори, се можеби најважни, во овој период од борбата. Како што веќе е познати, голем дел од долгот на клубот е направен кон УЈП и ПУИГ.
Ние, како засегната страна го нудиме следното решение;

Долгот кон УЈП да биде репрограмиран на 10 години, со што, секоја тековна година, клубот кон институцијата би исплаќал дел од целокупниот долг. Дополнително, заедно со одговорните лица да се најде решение со кое поранешните раководни лица на клубот ќе одговараат и ќе го сносат товарот за долгот настанат за време на нивното ,,управување". Веруваме дека ова решение е најдобро, бидејќи долгот тлее веќе неколку години, директорот на клубот Слободан Крстевски, иако вети, не е во позиција да го исплати, и во моментов не постои ниту една засегната страна, спремна да го врати. На ваков начин, УЈП ќе си го наплати долгот, а на ФК Вардар со реализација на ваквото решение, ќе му биде одблокирана сметката, а со самото тоа можноста за финансиски прилив ќе биде многу поголема. Во периодот што следува, ќе биде организиран состанок со челните луѓе на УЈП, по кој јавно на нашата официјална страница, ќе го презентираме исходот од истиот. Веруваме и се надеваме на конструктивност!

ПУИГ е несомнено, нераскинлив историски дел од ФК Вардар. Но, во овој момент, ситуацијата е доста комплицирана, од причина што за време на претходното раководство на клубот, е направен долг, кој од многу аспекти е проблематичен, но за тоа, во периодот што следи. Тоа што ние, како засегната страна сакаме да го предложиме е состанок со челните луѓе на ПУИГ, на кој заеднички ќе дојдеме до најдоброто решение, преку кое долгот би можел да биде целосно вратен. Веруваме во нивната конструктивност, веруваме дека се спремни да помогнат во заедничката борба. Секако, едно од нашите најважни барања е да ФК Вардар своите натпревари ги игра на Градскиот стадион, домот и душата на клубот. Ова е барање за кое силно ќе се бориме, зошто недозволиво е повеќе гордоста на градот и на целата држава, домашните натпревари да ги одигрува на било кое друго место.

ДОНАЦИИ

Веќе извесен период функционира акцијата за донации, преку апликацијата Gofundme, и досега се собрани вкупно 6 945 евра. За жал, оваа апликација не е достапна за корисниците во Р. Македонија. Затоа, бидете спремни, зошто за многу брзо, ќе го обзнаниме начинот за донации, за навивачите од Македонија. Тогаш ние сме на потег. Нека ја видат сите сплотеноста на Вардаровите навивачи!

ФИРМИ И КОМПАНИИ

Време е сите во општеството, не само навивачите и општините, да се приклучат и да помогнат. Како што тропнавме на сите општински врати, така ќе тропнеме на вратите на сите големи македонски компании. На сите нив, ќе им ја презентираме целокупната визија, и активности кои ги имаме реализирани за доброто на клубот. Очекуваме позитивно да одговорат на нашите барања, зошто ФК Вардар заради сите успеси, историјата и традицијата, заслужува!

ОСТАНАТИ ФИРМИ И ФИЗИЧКИ ЛИЦА КОИ ИМААТ ПОБАРУВАЊА

Разбираме дека претходните раководства работеле неодговорно и создавале долгови кон чесни луѓе кои ги извршувале работните задачи, меѓутоа бараме и разбирање дека ваквиот долг е реално недостижен во моменталната ситуација. Ќе ве поканиме заедно да најдеме решение како за спас на Вардар, така и за правичен надоместок на вашите побарувања.

За крај, веруваме дека сходно оваа соопштение, јавноста уште повеќе активно ќе се вклучи во борбата за клубот, и уште повеќе ќе ја изрази довербата во нас, навивачите, кои деноноќно работиме, волонтерски, за доброто на клубот. Нашето присуство во клубот, е гаранција дека НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ валкани игри и криминал. Конечно, после многу години, имаме историска шанса да го издигнеме Вардар високо. Да ја искористиме сите заедно, таа шанса!

СИТЕ ЗАЕДНО – ЗА ВАРДАР НАШ!
Не можам да не искоментирам за добиените „гаранции“ од директорот Слободан Крстевски. Па тој не може да гарантира за еден автобус до Гевгелија, а ние треба да очекуваме да враќа долгови :D Како може тој човек да се сфаќа сериозно, после се...
Од средбите со општините се надевам ќе произлезе нешто позитивно, а не само можност за нивна реклама. Да сочекаме на нивната заедничка средба за да ги соопштат нивните планови за учество во Вардар, но доколку планираат со еден доделен терен да добијат 5 % од акциите, ондак и не глеам некаква придобивка. Друга работа, ај што гуската Данела одбива да прифати средба, за мене поголем проблем е ако договорот за купопродажба е пресликан од 2014 година, тогаш мора да се бара согласност од Градот за трансфер на акции и може да западнеме во невиден ќорсокак.
Во меѓувреме, има првични разговори за враќање на неколку бивши играчи во нашите редови, но од друга страна и одредени клубови се обидуваат (особено шконтурските) да внесат немир со врбување на актуелните играчи. Затоа што поскоро тоа подобро ќе биде да е јасна ситуацијата, како би можеле да се реализираат замислите, а во исто време и не би се случил повторно егзодус.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.007
Поени од реакции
74.301
Оваа сезона ќе биде далеку потешка од минатите две. Ајде се вративме што се вративме, ама сега е тешко да се опстане без пари.
Шпонскиве тимови се сите посилни од нас и со добра финансиска состојба.
Слога го потпиша Арби Воша што за ниве биде топ погодок и словачки интернационалец. Претпоставувам ќе освојат титула нареднава година.
Пред Ѓорче и Работнички нема шанси да завршиме.
Тука се Силекс, Брегалница, Тиквеш и кондом клубот на Пандев, ребрендиран како Брера.
Силекс реално има јак тим, Брера не знаеме како ќе настапи, али реално сезоната ја завршија со доста солиден тим.
Не знаеме што ќе биде со Гогов и Брегалница, ако крене раце ко што ае шпекулираше, толку е од нив.
По мене, ние, Тиквеш и Брегалница ќе се бориме за опстанок. Можеби и Гостивар ако рикне финансиски, ако не, ништо од бизнисот.

Има ли начин ние да донесеме играчи без финансии?
Знам дека главна цел ќе биде да се носат повратници кои би играле за помала пара. Ама со нив никогаш не се знае, тоа би значело дека до последно ќе се чека дали ќе потпишат некаде и ако не најдат тим би дошле кај нас.
Странци нема шанси да донесеме.

Деноноќно работат неколку луѓе за да се опорави тимот, да не бидам песисмист како секогаш, ама ситуацијата е прееееетешка за оправување.
Тоа спонзорирање од сите општини е ништо од финансиски аспект, со тие пари не можат Раштак во втора лига да го внесат, а не Вардар да опстане во прва лига.
 
Член од
11 април 2023
Мислења
2.156
Поени од реакции
7.214
Едно треба да се знае, дали административно Вардар ќе добие право на настап во прва лига,со толку долгови треба и тоа да не засега.
Доколку се биде во ред и настапиме следна сезона цел ќе биде опстанок во прва лига дефинитивно,да не се надеваме одма на Европа или Титула во првенството, чекор по чекор.
@Skopje Rossonera за пишаното за Цобе се согласувам со тебе,јас незнам како може уште да му се верува на тој ,нема шанси да ги исплати сите плати кон играчите, дечкото е со тапија преварант.Секоја чест за Комити што го одржуваат клубот во живот....играта само што започна
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.108
Поени од реакции
4.100
Оваа сезона ќе биде далеку потешка од минатите две. Ајде се вративме што се вративме, ама сега е тешко да се опстане без пари.
Шпонскиве тимови се сите посилни од нас и со добра финансиска состојба.
Слога го потпиша Арби Воша што за ниве биде топ погодок и словачки интернационалец. Претпоставувам ќе освојат титула нареднава година.
Пред Ѓорче и Работнички нема шанси да завршиме.
Тука се Силекс, Брегалница, Тиквеш и кондом клубот на Пандев, ребрендиран како Брера.
Силекс реално има јак тим, Брера не знаеме како ќе настапи, али реално сезоната ја завршија со доста солиден тим.
Не знаеме што ќе биде со Гогов и Брегалница, ако крене раце ко што ае шпекулираше, толку е од нив.
По мене, ние, Тиквеш и Брегалница ќе се бориме за опстанок. Можеби и Гостивар ако рикне финансиски, ако не, ништо од бизнисот.

Има ли начин ние да донесеме играчи без финансии?
Знам дека главна цел ќе биде да се носат повратници кои би играле за помала пара. Ама со нив никогаш не се знае, тоа би значело дека до последно ќе се чека дали ќе потпишат некаде и ако не најдат тим би дошле кај нас.
Странци нема шанси да донесеме.

Деноноќно работат неколку луѓе за да се опорави тимот, да не бидам песисмист како секогаш, ама ситуацијата е прееееетешка за оправување.
Тоа спонзорирање од сите општини е ништо од финансиски аспект, со тие пари не можат Раштак во втора лига да го внесат, а не Вардар да опстане во прва лига.
Се е како што кажа, само да дополнам. Брера спрема солиден тим, ќе носат квалитетни странци така што не ми се верува да се долу. Исто Гостивар спрема доста добар тим, полни пари се, даваат доста кеш, звучни имиња треба да претстават во наредниов период. Воска со Захариевски исто ништо чудно да ги форсираат и за Европа.

Тиквеш би требало да е најслаб в година. Мојсов ќе го вратат, ама поголем дел од првотимците ќе ги напуштат најверојатно, а и општо во оваа лига сега само со општински пари не можат многу. Брегалница нема да се остават така, ќе склопат екипа мислам колку за опстанок, е сега останува на вас да им ги помрсите математиките. Ако не се средите финансиски, ништо чудно да се вратите втора одма, плус 2 сега отпаѓаат а нема екипи како лани Победа и Скопје без пари. Не очекува една од поинтересните сезони мислам, затоа што од старт ништо не се знае, скоро сите екипи се на сличен левел.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.007
Поени од реакции
74.301
Едно треба да се знае, дали административно Вардар ќе добие право на настап во прва лига,со толку долгови треба и тоа да не засега.
Не постои такво правило, скоро сите клубови имаат некакви долгови.
Нас сметката ни е блокирана и тоа е тоа, да се пласираме во Европа тешко би добиле лиценца пред УЕФА, ама за македонско првенство нема такви правила.

Чисто за споредба, Ѕвезда има долг над 60 милиони евра, Партизан има долг над 40 милиони евра.
Депортиво во Шпанија имаше долг од 118 милиони евра кога отпадна од прва лига за последен пат. Едноставно склучија некаков договор дека ЌЕ го враќаат низ годините и то је то, уштс игра клубот без проблем.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Оваа сезона ќе биде далеку потешка од минатите две. Ајде се вративме што се вративме, ама сега е тешко да се опстане без пари.
Шпонскиве тимови се сите посилни од нас и со добра финансиска состојба.
Слога го потпиша Арби Воша што за ниве биде топ погодок и словачки интернационалец. Претпоставувам ќе освојат титула нареднава година.
Пред Ѓорче и Работнички нема шанси да завршиме.
Тука се Силекс, Брегалница, Тиквеш и кондом клубот на Пандев, ребрендиран како Брера.
Силекс реално има јак тим, Брера не знаеме како ќе настапи, али реално сезоната ја завршија со доста солиден тим.
Не знаеме што ќе биде со Гогов и Брегалница, ако крене раце ко што ае шпекулираше, толку е од нив.
По мене, ние, Тиквеш и Брегалница ќе се бориме за опстанок. Можеби и Гостивар ако рикне финансиски, ако не, ништо од бизнисот.

Има ли начин ние да донесеме играчи без финансии?
Знам дека главна цел ќе биде да се носат повратници кои би играле за помала пара. Ама со нив никогаш не се знае, тоа би значело дека до последно ќе се чека дали ќе потпишат некаде и ако не најдат тим би дошле кај нас.
Странци нема шанси да донесеме.

Деноноќно работат неколку луѓе за да се опорави тимот, да не бидам песисмист како секогаш, ама ситуацијата е прееееетешка за оправување.
Тоа спонзорирање од сите општини е ништо од финансиски аспект, со тие пари не можат Раштак во втора лига да го внесат, а не Вардар да опстане во прва лига.
Не рика Гостивар, баш напротив ќе фрлат многу кеш на нови појачања. Ми се чини тие дека Европа се спремни да бркаат.
Ние шансата треба да ја бараме со Тиквеш, Брегалница, би ги вброил тука и Пандев пошто искрено не верувам дека со Италијаните нешто сериозно ќе напраат, а ми се чини дека Воска нема да се снајде во прволигашко друштво. Сепак тука нема толкав маневаср за пазарење утакмици. Струга исто не е исклучено да пукнат после излез во европските купови.
Нас, под услов да останат сите играчи, на многу позиции ни треба да попуниме дупки. Голман втор неаме, стопер бар уште еден минимум, странични бекови исто сме без алтернативи. Ајде у средина се опорави Панта, но сепак бар уште еден тука за ротација ќе е потребен, на крилните позиции сме најсолидно попунети и тука може да гураме без новини, но напад мора се довлечка некој.
Е, сега како ќе се изведе се ова, плус да се задржи актуелниот играчки кадар, е тотална енигма. Ѓаволски тешка работа. Едина надеж ми дава што е многу полесно да привлечеш играч во Прва лига, но се тоа би било краткорочно ако е како досега, на принципот жими мајка...
 
Член од
11 април 2023
Мислења
2.156
Поени од реакции
7.214
Гледам многу играчи си одат од Гостивар, да земеме некој кај нас нема да е лошо :)
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.770
Поени од реакции
2.329
Не можам да не искоментирам за добиените „гаранции“ од директорот Слободан Крстевски. Па тој не може да гарантира за еден автобус до Гевгелија, а ние треба да очекуваме да враќа долгови :D Како може тој човек да се сфаќа сериозно, после се...
Од средбите со општините се надевам ќе произлезе нешто позитивно, а не само можност за нивна реклама. Да сочекаме на нивната заедничка средба за да ги соопштат нивните планови за учество во Вардар, но доколку планираат со еден доделен терен да добијат 5 % од акциите, ондак и не глеам некаква придобивка. Друга работа, ај што гуската Данела одбива да прифати средба, за мене поголем проблем е ако договорот за купопродажба е пресликан од 2014 година, тогаш мора да се бара согласност од Градот за трансфер на акции и може да западнеме во невиден ќорсокак.
Во меѓувреме, има првични разговори за враќање на неколку бивши играчи во нашите редови, но од друга страна и одредени клубови се обидуваат (особено шконтурските) да внесат немир со врбување на актуелните играчи. Затоа што поскоро тоа подобро ќе биде да е јасна ситуацијата, како би можеле да се реализираат замислите, а во исто време и не би се случил повторно егзодус.
Кој од бившите играчи? Да не е и Брда меѓу нив?
 
Член од
23 април 2022
Мислења
468
Поени од реакции
2.340
За тоа колку се неблагодарни поедини играчи, доказ е тоа дека детето кое доби најголема,,историска шанса прв не напушти и отиде во Шкупи. Нека му служи на чест и него и на татко му
 
Член од
27 јуни 2022
Мислења
179
Поени од реакции
587
За тоа колку се неблагодарни поедини играчи, доказ е тоа дека детето кое доби најголема,,историска шанса прв не напушти и отиде во Шкупи. Нека му служи на чест и него и на татко му
За кого станува збор?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom