Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Има акција во КАМ (што трае до 4 јуни), пар велосипедски ракавици за 159 денари од марката Dunlop. Лани купив црни, сега и сиви, задоволен сум од нивната издржливост, главно се за пролет/есен сезона (очигледно).

20230602_131128.jpg
 
Дали има некој начин како да го оправам коленото, пред две години иако уште немав многу километража со поголеми тури извозев околу 200 км во три дена, со недобро подесено седиште (малку пониско) и со појак интензитет на рамно (инаку повеќе сум возел планински рути, зошто сум со ниска тежина и повеќе ми одговараат). Од тогаш имам болка во коленото при поинтензивно возење, а и кога се менуваше времето есенско време имав поголеми болки.
 
Има ако престанеш да запнуваш па наместо на сила одиш на вртежи со помал отпор и го подигнеш седиштето според големината на твојата нога во спротивно можеш само да си ја влошиш состојбата.Ако јас правев како тебе ни Банско ни Боровец ќе ги дочекав со по 20кг товар на точакот.
 
Здраво, јас да прашам...
Колку ги помпате гумите на точакот ,дали секаде е различно или си пишува на самите гуми?

Sent from my SM-A025G using Tapatalk
 
Кога возам на асфалт 3.0, помало триење, поголема брзина, помалку се уморувам.
Низ планина 2.2-2.5, помека вожња, подобра тракција, помала шанса за паѓање.
 
Дали има некој начин како да го оправам коленото, пред две години иако уште немав многу километража со поголеми тури извозев околу 200 км во три дена, со недобро подесено седиште (малку пониско) и со појак интензитет на рамно (инаку повеќе сум возел планински рути, зошто сум со ниска тежина и повеќе ми одговараат). Од тогаш имам болка во коленото при поинтензивно возење, а и кога се менуваше времето есенско време имав поголеми болки.
Стави 165мм курбла (crankarms). Ќе ја подобриш геометријата и позицијата на коленото ќе ти биде во идеална положба. Брзото вртење (каденца) природно ќе се подобри.
 
Со таа димензија само ќе го намали виткањето на коленото бидејки прави помал радиус во целиот круг ама затоа на угорници ќе има нешто поголем отпор на ист пренос.
Автоматски споено мислење:

Да на роуд 23 или 25 - 622 гуми од поквалитетните.
Автоматски споено мислење:

Здраво, јас да прашам...
Колку ги помпате гумите на точакот ,дали секаде е различно или си пишува на самите гуми?

Sent from my SM-A025G using Tapatalk
Ќе прочиташ на самата гум колку бари е максимумот а ако пишува во PSI таа вредност ќе ја поделиш со 14.5 и ќе добиеш во бари.На асвалт ако амаксимумот 4.5 јас ги терам до 4.2 задна а предна од 3.6 до 3.8 додека на оф роуд во зависност од теренот од 2 до 3 бари.
 
Со таа димензија само ќе го намали виткањето на коленото бидејки прави помал радиус во целиот круг ама затоа на угорници ќе има нешто поголем отпор на ист пренос.
Ќе вози во полесна брзина и ќе има иста брзина, само со повеќе вртежи. Колената напротив, ќе немаат стрес туку срцето.
 
Големината на курблата нема никаква врска со бројот на вртежи туку со отпорот на педалата и издолжувањето односно собирањето на ногата во идентичен пренос напред и позади.
 
Не би одел на намалување на crankarm (имам 170мм) зошто е дополнителна инвестиција, а и така имам намалено доста во бројот на вожњите. Ќе возам некој подолг период со послаб отпор и повеќе вртежи како што рече @Audiofil и пократки рути.
Имам 50-39-30т со 12-28т така да не е проблем за висока каденца. Се надевам со тек на време ќе се подобри, иако неверувам дека некогаш ќе се врати да биде како претходно
 
Ќе вози во полесна брзина и ќе има иста брзина, само со повеќе вртежи. Колената напротив, ќе немаат стрес туку срцето.
Големината на курблата нема никаква врска со бројот на вртежи туку со отпорот ма педалата и издолжувањето односно собирањето на ногата.
Не би одел на намалување на crankarm (имам 170мм) зошто е дополнителна инвестиција, а и така имам намалено доста во бројот на вожњите. Ќе возам некој подолг период со послаб отпор и повеќе вртежи како што рече @Audiofil и пократки рути.
Имам 50-39-30т со 12-28т така да не е проблем за висока каденца. Се надевам со тек на време ќе се подобри, иако неверувам дека некогаш ќе се врати да биде како претходно
Па што не кажеш дека си бил роудаш?Си бркал времиња а?:)
 
Да така се зафркнав, сменив од мтб на роад и мислев ќе полетам сега лесно е хахха
 
Реално Роуд од МТБ е околу 30% побрз зборам во сличен ценовен ранг или роуд од некои 9кг со стандарден МТБ од 15кг или отпорот кај МТБ за одржување на брзина од 23км на час е ист со отпорот кај Роуд за одржување брзина од 30км на час.Ги имам и двата со ист пренос како твојот и кажувам од лично искуство.
 
Да таа е разликата во кг, МТБ то ми беше хардтаил 14кг , а роудот 9кг (алуминиум со карбон виљушка). Кај мене зафрканцијата е што сум со ниска килажа и слаба мускулатура и за угорница немав проблем ни со МТБ многу, а ни со роудот, нормално со прикладна каденца. Е сега тогаш возев на рамно и мораше помала каденца а поголем отпор за да држам темпо со другар што возев тој период, и така го оптеретив коленото
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom