Не следев Итан Лeјрд каква сезона имаше во Чемпионшип, може да послужи како бекап за Дало и АВБ. Објективно не се класа бекови, но имаа одредени подобрувања и двајцата оваа сезона. Дало по повредата падна од форма, но затоа АВБ имаше пристојни натпревари и офанзивно добро се снаоѓаше со Антони и Санчо. Да бевме добро покриени на другите позиции можеби ќе беше добро да донесеме квалитетно првотимско решение, но имаме и други поважни позиции од таа.
Ако ги исчистиме од одбраната Мегваер, Баји, плус сигурно заминување на Џонс и Туанзебе ќе останеме на Варан, Мартинез и Линделоф. Ким ќе биде must buy при таква околност.
Факт е и дека во средината ќе мора да се пазари. Рајс ми е желба, но изгледа тешко дека тоа ќе се случи. Изгледа Сабицер ќе се враќа во Баерн. Маунт е добро решение според мене, а еве гледам и Ковачиќ е на излезни врати. Ако се прашувам јас и по двајцата треба да се загризи. Ковачиќ ми се свиѓа како играч и баш може да пополни позиција до Касемиро, а Маунт ќе може да ја игра и таа позиција како поофанзивна 8ка до Бруно, а и да го заменува Бруно кога ќе биде позициониран по крило или кога ќе има потреба од одмор. Касемиро е мотор и мислам дека може да ја турка цела сезона. Дали Рабио или Канте како слободни играчи за негов бекап на краток рок е паметна солуција искрено не знам. Сега излегоа шпекулации за Угарте од Спортинг. Искрено не знам за каков играч се работи. На Фред му истекува договорот следното лето, па ако се продава може да се отвори место плус за трансфер во средината. Истото е и со МекТоминеј....
По крилата сме добро покриени. Лево Рашфорд, Гарначо и Санчо, десно Антони, Санчо и Амад. Плус Пелистри.
Шпиц мора да биде приоритет, а посакувам и Марсиал да си замине и да загризиме по 2 напаѓачи. Кејн, Гуедеш, Влаховиќ, Хојлунд...