Фан Клуб: Вардар

Член од
23 јануари 2016
Мислења
2.179
Поени од реакции
5.872
Некако сите се изцедивме очигледно, па слабо импресии од неделата:D Ај у два-три реда мое целокупно видување на настаните. Историска сезона за нас у секој поглед. Не дека е прв пат, ама оваа година буквално им очитавме лекција на сите клубови колку е Вардар голем, дури и кога е шиканиран, понижуван, нокаутиран. Комити со својот ангажман ги разбудија и останатите Вардарци, па така во неколку наврати имавме распродаден стадион, а кулминација беше неделата во Кавадарци, нешто што уште долго ќе се прераскажува низ фудбалските кулоари. Утакмицата со Скопје беше само круна и еден логичен след на сите случувања.
Да не издвојувам сега некој посебно од играчите, сите одиграа перфектно. Сега само паметно, да не се дозволи да се растури костурот на овој тим кој има неверојатна хемија. И трпеливо да чекаме прилика за прибирање на нови имиња како не би биле вреќа за напуцавање. Еве јас на пример од Скопје веќе имам некои пикирано како занимливи:cool:
И секако не чека уште многу работа за стабилизирање на клубот. Мора тоа напоредно и забрзано да се одвива, за да не се доведеме во иста ситуација повторно.
bujar hajdari od FK skopje e potcenet. momentalno e podobar centarfor od azer omeragic, ama omeragic zaradi vmesanosta na tatko mu vo klubot postojano go forsiraa kako starter, bujar so pomala minutaza sepak imase mnogu podobra statistika. e sega, mozda ke probaat da vi go piknat bas azer. ne deka azer e skros bez talent, ama bujar IMO e podobar izbor, a i on bi bil U21 igrac. za U21 opcija vo napadot e bas dobro resenie. realno i mnogu ogranicen e brojot na domasni centarfori, koj od koj poslab, a mestata za stranci se ograniceni i skapi (za povise od 4), taka sto tamu ako se ima U21 igrac toa e bonus bidejki sekako e tesko toa mesto da se pokrie so kvalitet.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Рашири ја во секојдневието по нашинци таму, многу луѓе кои не се по спортот и не знаат точно за што станува збор. Јас така низ муабет и убедување извлеков некое евро од нашинец тука шо у двор да му играат фудбал нема да гледа :icon_mrgr:
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Имам другар што е симпатизер на Вардар 30 години веќе, не иде редовно на утакмици ко мене али верува и ме убедува дека ако долгот на Вардар е да речеме 3 000 000 евра, верува дека ако искрено секој знае каде ќе отидат неговите пари ќе се најдат у МК и дијаспора 30 000 луѓе кои би донирале по 100 евра за да се расчисти се. Што мислите вие и дали реално е ова можно?
Има луѓе што се спремни да одвојат и многу повеќе од 100 евра, но зашто да биде тоа во вид на донација. Сосем погрешно. Повеќепати споменувам дека крајно време е да се овозможи продажба на акции на берза. Ем тоа е начин за намалување на долгот, ем ќе ти припадне еден мал дел од сопственичката структура на Вардар, но кога тоа би се екипирало преку некакво здружение, би била значајна алка во функционирањето на клубот.
Не може да биде слично бидејќи идното функционирање на Вардар кое и доколку би било и со одреден поголем спонзор и сопственик, би било контролирано од многу страни, односно ќе има многу страни кои ќе бидат сопственици на акциии како Комитите, голем број на општини, градот ако прифати, на тој потенцијален иден поголем спонзор више не би му било оставено ни грам простор за праење малверзации, и слични пиздарии по кои клубот повторни би дошол до бездната. Тоа го има кажано Миле на многу гостувања по емисии и секако е за поздрав.
Никогаш повеќе Вардар да се дозволи газда со целосно управување на акциите. Видовме колку финансиски злоупотреби произлезе од сето тоа и каква штета ни нанесе.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.957
Поени од реакции
15.164
Проблемот со акциите е тоа што претставуваат еднократен механизам за прибирање на средства. Доколку друштвото издаде нова емисија на акции, тогаш тоа ќе биде еднократен прилив на средства. Понатаму акционерите немаат обврска да го финансираат друштвото на било каков начин. Според мене најдобро е преку Здружение кое ќе го има контролниот пакет на акции, а секој граѓанин (или дијаспорец) ќе може да се зачлени во тоа Здружение. Клубот да се финансира преку годишната членарина во Здружението, а ако некој престане да плаќа членарина, ќе го изгуби и правото на глас. Секако за мене ова е утописка верзија, ама моменталната ситуација го налага тоа. Освен невозможни решенија, не гледам друг излез.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Проблемот со акциите е тоа што претставуваат еднократен механизам за прибирање на средства. Доколку друштвото издаде нова емисија на акции, тогаш тоа ќе биде еднократен прилив на средства. Понатаму акционерите немаат обврска да го финансираат друштвото на било каков начин. Според мене најдобро е преку Здружение кое ќе го има контролниот пакет на акции, а секој граѓанин (или дијаспорец) ќе може да се зачлени во тоа Здружение. Клубот да се финансира преку годишната членарина во Здружението, а ако некој престане да плаќа членарина, ќе го изгуби и правото на глас. Секако за мене ова е утописка верзија, ама моменталната ситуација го налага тоа. Освен невозможни решенија, не гледам друг излез.
Види у моментов ни треба и еднократен прилив на средства како постепено би се чистел долгот. Иначе согласен сум ова за плаќањето членарината, како дел од средствата, покрај трансфери на играчи, излез во Европа, продажба на карти и навивачки реквзити, преку кои би егзистирал клубот. Нешто налик на здружението Наш Хајдук кое им носи прилив од приближно 1,5 милион евра на сплитските Били. Мора во Вардар комплетно да се смени мајндсетот, и клубот да се стреми да биде самоодржлив.
 
Член од
17 јули 2021
Мислења
52
Поени од реакции
78

Некако застанаа донацииве, праќајте на пријатели, шерувајте на фб и на инста и секаде каде што можете.
Несмееме да застанеме.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.766
Поени од реакции
6.556

Некако застанаа донацииве, праќајте на пријатели, шерувајте на фб и на инста и секаде каде што можете.
Несмееме да застанеме.
Рекоа ке се отвори сметка и од Мкд да се донира , така секако ке се зголеми сумата ..
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
1.065
Поени од реакции
2.975
Спас за ФК ВАРДАР веднаш!

Вардарци, Комити, Македонци,

ФК Вардар успеа, нашите херои се вратија онаму каде што припаѓаат. Момците изгинаа на теренот и заслужено се назад во ПМФЛ.
Оставивме една недела заслужен одмор и прослава за сите нас. По одличната сезона како на фудбалски, така и на навивачки план продолжуваме понатаму кон остварување на нашата цел стабилизирање на клубот и враќање на клубот онаму каде што припаѓа, враќање на ФК Вардар на народот, на сите Скопјани и на сите Македонци.
За таа цел, од денес најавуваме активирање на сите сили за споделување и ширење на акцијата до секој еден Вардарец, до секој еден Македонец кој барем еднаш се почувствувал горд на ВАРДАР наш.
Затоа биди и ти дел од акцијата, учествувај активно со споделување на истата со своите пријатели и познаници, бидејќи секој еден цент е важен, секој еден. Секое споделување на социјалните мрежи е важна и од големо значење за понатамошното финансирање на клубот. Секој еден Вардарец на планетава мора да дознае за акцијава. Затоа :

СПОДЕЛУВАЈ, ДОНИРАЈ, ВАРДАРИЗИРАЈ!!!
СПАС ЗА ФК ВАРДАР ВЕДНАШ!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom