Нема кредит Алегри да бара никакви гаранции за инвестирање, нека ги доседи преостанатите два меча и нека фаќа патот. Јас искрено еве веќе кај што го следам Јувентус дваесет и кусур години, никогаш не сум видел цела фан база да е вака накоштраена против еден тренер, и при поволен резултат на домашен терен да свират ради играта што ја практикува. Кога беа Дел Нери, Закерони и Ферара не беше вака брутално незадоволството.
Нејсе, еве и Ромео Агрести како порелевантен извор тврди дека Јуве се подготвени да се разделат со Алегри, и веќе бараат други опции за на клупата.