Крајот го краси делото.
Освоена е титулата, остварена е целта. со колење, со бесење.
Ама, мора да сме реални и објективни.
Оваа титула не е земена со доминатна игра на терен, а требаше да е така, според имињата шо ги имавме, вложувањата итн.
Да не беше тој поклон од Алкалоид титулата ќе беше само уште една илузија и неостварена желба, како лани.
На крај испадна и клучна таа одбрана на Лесјак на ударот на Ѓорѓиев за победа во Автокоманда.
Одбраната на Лесјак е според мене најдоброто нешто шо му се случило на клубот од 2005 наваму.
Ако ја изгубевме таа утакмица, како шо се редеа коцките децата на Киро ќе беа шампиони, за ова рака сечам дека така ќе беше.
Во тој случај, да не се земеше титулата, се можеше да биди, по мое мислам деја стварно ќе ја спуштеа завесата и клубот ќе се вратеше кај шо беше пред 5 години.
Немаше ни да има смисла да се вложва појќе, во оваа сезона ако не ја земеа титулата ќе беше рамно на дебакл.
Зато овај поклон треба да го искористат за наредна сезона.
Сега се напраени сите предуслови да воспоставиме една долга доминација во ракометот.
И ова мора да се искористи.
Не искористивме една ваква шанса, во 2000 година, кога заради дешавките со Кометал-Хипо не суспендираа и ја изгубивме екипата. и наредната сезона титула браневме со Узунчев и Мојсие Плетварски.
Зато оваа шанса не смејме да ја прокоцкаме., оти друга шанса кузнеј и дали ќе имаме пак.
Колку и да ги нејќиме, не е исто ривал за титула да ти е клубот на Михајло или децата на Киро, па ако сака и сите судии да се нивна страна.
Не е исто да се бориш за титула со тим со веќе оформен и уигран костур на екипа, да играш пред 5000 народ,
Видовме шо ни се случи на 26.03, без разлика на дешавките, не го издржавме притисокот на гостински терен,
Борко САКАМ СЕ СУНЧАМ-САКАМ СЕ КАПАМ, МИНИСТЕРОТ, ваков, таков, со нас бранеше ко Тјери Омејер, свеста ни ја зеде. а Орката делуваше како Микел Хансен од пред 10 години.
Со Бутино, стручњак од стилот
ШО ПРАЈТЕ МОРЕЕЕЕ, НИШТО НЕ ИГРАТЕ, ШО Е ОВА МОРЕ, ШО ИГРА Е МОРЕЕЕ? 
ќе ни ја земеа титулата пред нос, малку фалеше., да не беше тој поклон од 01.04.
Да се корегират грешките од оваа сезона, со транферите.
Иако според мене, пак си стојам на кажаното од почеток на сезона.
Не беа во никој случај неквалитетни засилувањата, колку шо сето тоа делуваше некомпонирано и небалансирано на терен.
Не се користеше потенцијалот на екипата, се форсираа на моменти исти играчи, се цедеа до максимум, па дојдоа повредите на Сери ( клучен играч во два правци), повредата на Хосни го изремети цел тек на та транзиција меѓу полусезоните, во клучниот дел од Лига Европа, ко требаше да го завериме пласманот во 1/8 фнале.
Оваа екипа требаше да се прошета до титулата, со скор 28-0, или во најлош случај 27-1, со некој минимален пораз во Јане Сандански, кој требеше лесно да биди анулиран во Битола.
Ама, на терен и домашен пазар не одат така уходано работите.
Оваа сезона треба да е поука во иднина, вервам дека се научија грешките.
Костурот на екипата го имаме.
Шо значи дека не мора ко лани да се купва на големо да се пополнат сите дупки кои останаа празни, туку да се бира паметно и да се донесат некои капиталци.
Само ќе треба на овај костур да се додат некои сериозни засилувања на бековските позиции и можеби на пикер.
Сепак, со само 2 пикери тешко наредна сезона, еве видовме колку значи повредата на Васиљев.
Мислам дека ќе треба уште еден пикер, долга е сезоната, 14 утакмици ЛШ, 28 утакмици домашна лига, СЕХА ЛИГА ( ако продолжи), појќето играчи играт репрезентација.
На бекој има добра подлога за ротација, според мене за наредна сезона треба да има место за Сери, Стевановиќ на лев, плус Павле, кој можи да покрие и на среден ако треба.
Не знам за Кисум, се изгуби дечкото последните месеци, од утакмицата со Татран во Битола не беше истиот играч, со повремени некои блесоци шо не се доволни за да биди лидер на екипата, посебно не за да игра на плеј, за ова позиција треба далеку побрз и полуциден играч.
По мое ако бирам помеѓу него и Стевановиќ јас би го одбрал Дарко, далеку покорисен играч, со поголема храброст за шут од поле, пас до крила, не е лош во одбрана, ако набие кондиција за наредна сезона ќе биди од голема корист за екипата.
На плеј ако не се лажам, покрај Танкосен и Дејвис има активен договор за наредна сезона, плус Дејвис се покажа како лудак за игра во одбрана и можи да го користат на било која формација, 5-1,3-2-1, 6-0, ретко добар играч во одбрана, нешто налик на Злате Рамбо во најдобрите деној.
На десен, засега е сигурен само Павле Петровиќ, ќе видиме за Хосни.
Имаше антагонизам кон Хосни, од многу причини, ама некако со последните изданија се искупи дечкото.
Нема шо да му се замери за последните утакмици, еден од најзаслужните за титулата е.
Како и да е, за ЛШ ќе треба барем по 1 засилување на секоја бековска позиција.
И то треба да се сериозни играчи, шо уште од старт ќе напрат разлика на терен, без да чекаш да се уиграат.
П.С.
Се надевам дека ќе се смири тензијата и ќе се вратат Чкембарите кај шо му е местото.
Потајно се надевав дека на интервјуто на Тера некни, ќе има некоја скриена форма на извинување, за директно извинување знаев дека нема да има таква работа, ама некако мислев дека ќе биди поконцизна таа изјава.
Имаше некоја форма на префрлање на конткстот на изјавата кон Комити, демек се мислело на навивачите кои влегле на терен, а реалната конотација на таа изјава беше сосема друга.
То е сега, има време до есен, мислам дека ќе се смират страстите.
На никој не му одговара оваа работа.
Оти реално, навивањето во салата е како раштиман оркестар.
Посебно то се виде во Охрид, за купот и вчера, на моменти атмосфера ко за на погреб, а 5000 раја имаше в сала.
На 06.05 тензијата од важноста на утамицата беше таква, самиот факт шо игравме клучен меч за титула си ја напрај таа атмосфера, и зато делуваше добро.
Не можиме да се нарекваме најракометен град, ако ги немаме навивачите по кои сме препознатиливи во светот на ракометот.
Малку глупо и безврска е сите песни в сала шо се пееја на 06.05, во ОХРИД и вчера да се поврзани со Чкембари, а тие Чкембари да ги нема в сала.

Сите биле Чкембари демек, така викат сите во последно, според мене не е то така и не можи да е така, не се сите Чкембари, не можи да е Чкембар некој шо никогаш не стапнал на гостување, не ја почуствувал таа еуфорија и адреналин, не бил во копот на фудбал, ракомет, кошарка
Не можи јас сега во овај момент да се прам Чкембар и да му солам памет на луѓето во групата, ко немам стапнато во копот појќе од 5 години.
То е факт и секој шо кажва поинаку е во голема заблуда.
Тука е маката овде во градо, шо ќе дојдат луѓе некоја утакмица и глумат навивачи и заколнати Чкембари.
Не се ти навивач, Чкембар ако одиш само на 2 утакмици годишно, само на дерби или да напрајш селфи, а еден куп има такви.
Не сте бе луѓе Чкембари, односно не сме сите Чкембари и не можи да бидат, правите и реалните Чкембари се оние дечки шо секоја утакмица се на трибина, во копот.
Без разлика на спортот, шо кога им дозволва времето и обврските се редовни на трибина, шо одат на гостовања, шо учествуват во организации на мечеви, гостувања.
Сите останати сме симпатизери на клубот, јасно и гласно.
Да не ги заборајме времињата ко еден куп од Битола одеа Скопје, да гледаат ЛШ, да биделе фенси.
И сеа се глуми ко да сме ги заборајле последните 18 години.
Сите со мајците зелени.
Имаме шанса пак да ја вратиме таа публика ко на времето, ама со поделби тешко ќе оди.
Зато е многу важно, за ЛШ, Пелистер покрај неколку добри засилувања на терен, да си ги врати и Чкембарите, кај шо треба.
Не можи и не смеј да се прифати Пелистер по 18 години да слави титула, а дечките шо беа со клубот во најтешките моменти ко некој избркани, во парко да бидат.
