Не постои во повелбата на обединетите нации таков член. Таа лага беше лани пуштена и сеуште се врти по народот. Се повикуваа на членот 107 кој е всушност преоден член и врска нема со тоа. Во прилог е линкот до повелбата на обединетите нации.
Не, не се повикале официјално на член 107, иако и 106 и 107 се легитимни да се повикаат. И не само тие, постојат неколку членови и резолуции на кои можат да се повикаат.
Во овој случај спорно е само тоа што Русија е правен наследник на СССР, но што е со Украина? Јер членот на ОН вика "enemy" или "hostile state" на потписниците победници од ВСВ, а Украина била дел од СССР тогаш, па како може да биде enemy.
Иначе, се работи за членот 51 на кој официјално се повикуваат. Исто така, резолуцијата 60/1 која како што претходно кажав е вградена и во многу Устави меѓу кои и рускиот а гласи: Heads of State and Government affirmed their responsibility to protect their own populations from genocide, war crimes, ethnic cleansing and crimes against humanity ... итд.
На овој член досега се повикувале многу држави, наравно САД, но и Израел, Турција, Франција идр.
За западните "правни експерти", во рускиот случај спорно е што ЛНР и ДНР не биле членки на ОН.
Она што е смешно е дека самите САД го имаат направено преседанот со Виетнам и Косово: although South Vietnam is not an independent sovereign State or a member of the United Nations, it nevertheless enjoys the right of self-defense, and the United States is entitled to participate in its collective defense"
Уште еден од преседаните што САД го прават, а сега ги мава по глава е нивното толкување на ОН и воведување на терминот "preemptive self-defense" со кој го оправдуваат член 51 за Ирак. И се ќе беше донекаде ок, ама да имаше стварно постоечка закана од Ирак а сите знаеме што испадна на крај - false pretext.
Има и други членови и резолуции според кои Русија целосно е во склад со ОН и дава основа за преземените акции како неизбежни и неопходни мерки како одговор на заканата по нејзината безбедност како ширењето на нато, поставување офанзивни оружја се поблиску до нејзина граница, рехабилитација и глорификација на нацизмот (Украина и Сад гласаа против резолуцијата за осуда), намерите за влез во Нато на Украина, вооружувањето нејзино од 2014, геноцидот на руското малцинство во Донбас и губењето и загрозувањето на основните човекови права и права на малцинствата според ОН итн итн.
Се си е во склад со меѓународно право и повелбата на ОН.