Учинок на Чкембари на ФК Пелистер за сезона 2022/23 изразен во бројки:
Гостувања: Направени се 9 гостувања од кои 6 регуларни изработени гостувања: Струмица, Воска, Саса, Струга, Борец, Охрид, 2 гостувања против Детонит и Гевгелија и покрај забрана присутни на стадион со знаме и Гостивар и покрај пристигнување на екипата не беше дозволен влез на стадион. На останатите имаше забрана за навивачи.
Пиро: На 7 натпревари е користено пиро: Борец, Охрид, Вардар, Тетекс, Гостивар и Беса на домашен терен и против Беласица во Струмица.
Корео: Изработено е на 4 натпревари: Борец, Беласица, Гостивар и Охрид во гости, и за натпреварот против Вардар се изработени десетици нови мотки кои се тогаш покажани за прв пат но и се користени и на неколку други натпревари.
Пароли: Истакнати се пароли на 6 натпревари: Борец, Детонит, Слога, Детонит(гости), Беса и Вардар.
Реквизти: Extremo, Green fornt, Стив Наумов, Bair boys со нови маици, Нова Битола со нови шалови, групата во зимскиот прериод извади нови дуксери и при крајот на сезоната нови маици, направени беа и календари, два нови ударни транспаренти, нов транспарент за гостување, неколку вида на стикери, неколку подгрупи со нови коцки...
Генерално ова сезона групата своето го направи, присуство на сите домашни натпревари, направени беа и неколку најави со пароли низ град и видео најава, останува впечатокот дека можеше да биде само подобро во однос на бројката. Влијание посебно тука имаа и резултатите особено на крајот на сезоната, но генерално во текот на целата сезона имаше натпревари каде можеше и мораше Чкембари да се побројни.