@glavunja Друже, на место ти е коментарот, се согласувам до некаде.
Во однос на бројот на Комити на ова гостување, секако дека имаме контрола и свест за бројката на навивачи.
Со превоз од Скопје автобуси и комиња , тргнаа околу 800 луѓе, уште 400 луѓе со коли и уште 300 луѓе вкупно се заедно од другите градови.
Бројката е над 1,500 навивачи. Лесно се гледа, кои навива, крева раце скока, пали пиро, на повеќе од половина од трибината.
Ако се види капацитетот на трибината и по тоа може да се дојде до бројката.
Тие што се не навивачи, не ти стојат 90 минути и да урлаат, тие се повлекоа лево скроз на другиот крај, мислам се гледа.
Мислам дека ќе има видео / фото. Кај нас е барем лесно да се види дали има залутани во копот, или не. Тие што не се дел од групата сами се изолираа на страна и седнаа во едната коцна кај што не беа навивачи. Мислам дека трибината 70% со навивачи исполнета, Кавадарчани повеќе знаат кој е капацитетот.
Бројката ја знае групата затоа што групата самата го финансира гостувањето, НЕ УПРАВАТА.
Упрвата на ВАРДАР до сега, нема скршен денар, така да се е на Комити.
Оваа бројка од 1,500 плус САМО НАВИВАЧИ е секако за почит , од ВТОРА лига, за овие УСЛОВИ кои ги имаме ние во Македонија.
Може бројката да беше и поголема, не сакам да претерувам. Од Скопје имаше 3,000 луѓе, али пошто праиме муабет за навивачи ти кажувам за навивачи само.
Клипот што си го постирал горе со Слога Виница ти е во среда работен ден. Во работен ден, други групи се 20-30 луѓе.
На твоето прашање за сликата од Вчера од Кавадарци, колку од тие се Комити, може да ти се одговори дека СИТЕ се, заштоа таа слика е копот.
Секако е нов стандар за оваа наша ТИФО СЦЕНА.
Поздрав.