Морам да кажам дека по толку години Баерн не заслужи да освои апсолутно ништо.
Излезе на површина лошата политика на управата на Баерн и носењето на катастрофални одлуки.
Ја разбирам одредено ниво на ароганција ама неможе Баерн како фудбалски клуб да си дозволи да му даде отказ на тренер кој имаше перфектни 8 дуели во ЛШ.
Може да се каже дека резултатите во Бундес се како некое оправдание за отказот ама мислам дека сите фанови на Баерн ке се согласат со мене дека фокусот беше кон ЛШ и одлуката е аматерска.
Колку и да имаше проблеми во Бундес , кога ке ми текне како изиграа против Интер,Барса и Псж ми иде да си пукам у нога од нервоза.Барса реален ке бидам , требаше да води во Минхен првото полувреме минимално со 1:0, ама фудбал се игра 90 минути и се вратија во игра.Таквите победи ги сметам за клучни , на крајот најбитно е да се победи.Поради тоа бев толку сигурен дека Баерн ке игра финале оваа година.
Ама се деси све што се деси и тоа рефлектираше на екипата.
Вака ја гледам јас сезонава на Баерн , аматерски одлуки и си дојде ептен дебела казна..
Фудбалски е да се признае пораз на крајот, честито титула на Дортмунд - ја заслужија.