Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Причината е проста-се работи за основната човекова болест, а тоа е суетноста. Кога суетен теолог ќе си вообрази дека токму тој е „нешто посебно„ во рамките од својата вера, на таквиот лик му доаѓаат „идеи„ за можноста за менување или „модернизирање„ на учењето кое самиот го прифатил и исповедал. Токму на тој начин, во рамките од едната, света, соборна и Апостолска Црква, се појавуваа и се‘ уште се појавуваат самоповикани месии и модернисти, кои преку внесувањето на новотарии во верата која од Бога ни е дадена џабе, почнаа да застрануваат од едното учење, претворајќи го во можост за постоење и на поинакви учења во однос на изворното, и како последица на таа своеглавост, се појавија „отпадоци„ од Црквата, познато како „конфесии„ или „секти“, кои претендираат на оригиналност, со цел да привлечат кон себе што повеќе заблудени и лесноумни поединци.

За разликите меѓу Источната и Западната Црква, како и меѓу тазе компонираните конфесии, можат да се пишуваат километарски постови. Тоа што римо-католиците немале „јасен став„ за староста од Светот односно Земјава е само привид, оти протестантите ја прифатија староста од 6000г. токму од римо-католицизмот, од каде произлезе протестантизмот. Од средината од XIX век, Римската Црква ги прифаќа безмалку сите научни вистини како свои вистини, кои со леснотија ги вклопува во својата религизона доктрина, иако тие две учења многи често се неспоиви.
...што би значечо дека Божјата мудрост не допира подеднакво до секого,а човечкиот нагон да ги превртува и извртува работите само за да ја задржи моќта над верниците е константен
...се почнува и завршува од човека,така и религиите :)
...чопоративните религиски здружувања ја губат битката со индивидуалноста,и потребата на човекот за индивидулен духовен раст и самоспознание
 
...што би значечо дека Божјата мудрост не допира подеднакво до секого,а човечкиот нагон да ги превртува и извртува работите само за да ја задржи моќта над верниците е константен

Божјата премудрост е само Божја и е непренослива, а Божјата благодат се стекнува индивидуално, според мерката од личниот духовен раст.
Автоматски споено мислење:

...се почнува и завршува од човека,така и религиите :)

Се‘ почнува и завршува од Бога и со Бога.
Автоматски споено мислење:

...чопоративните религиски здружувања ја губат битката со индивидуалноста,и потребата на човекот за индивидулен духовен раст и самоспознание

Индивидуалноста е токму „она„ кое лукавиот го посакува секому од нас, а слугите на лукавиот деноноќно работат на таа тема-ш‘о појќе иднивидуи, ш‘о помалку личности.

Не постои „индивидуа„, такво нешто Бог не створи(л), туку постои „личност„, за што сме од Бога створени.

Самосознанието не се постигнува во затворањето во индивидуа, туку во личносна релација со Бога Творецот.
 
Индивидуа.

1. Секое одделно живо суштество.

2. Човек, како одделна личност во општеството.

На ова се мисли индивидуа, поединец. Секој сам во релација со било што... така да, ѓаолот одморете го малку, го распнавте :)

П.С. Само Црните Браќа бараат поединецот да заборави дека постои, за да може подло тие да одлучуваат за неговиот внатрешен пат, универзум што и да е, до каде му е чекорот да одлучат и до каде може да напредува кон божественото... ни чекор повеќе од она што тие сметаат дека е доволно!
Затоа ѓаволот им е постојано во нивно друштво...
 
Однесувањето на еден поединец (индивидуа) може да се разликува од однесувањето на истиот тој поединец кога е во некоја групата (групна агресија). Кога велам индивидуа, мислам на поединец со свој карактер, различен од останатите поединци во групата и препознатлив по тоа. Но, човекот е и социјално битие, колку и да е индивидуалист, уште повеќе е зависен од групата. Ако не го повлече „религиската“ групација, ќе биде подведен од „националистите“ или заведен од „модерните шарени“ групации. Јас, како индивидуа, се одлучив да верувам во Бога, со целата моја душа, и за тоа не ми е потребен „религиозен“ водач. Друга можност не ми преостанува... Верувам во Господ, не во човекот како поединец, а уште помалку кога е член на некоја група.
 
Човекот мора да научи дека не постои никој друг освен него во однос на божественото.
Сето друго е само игра и потреба од искуство, сета таа „интеракција со другите“ на Земјата...

„Ви октривам вам голема мистерија. Вие стоите помеѓу бездната на височините и бездната на длабочината.
Во секоја од нив ве чека Сопатник; и тој Сопатник си Ти.
Не може да имаш друг Сопатник.“
- Liber XC Tzaddi vel Hamus Hermeticus
 
Тоа е многу поедноставено објаснување, и важи само на земјата.
Има и некои други енергии, околу нас се цело време.
Тие се вистинските сопатници, а не Ти. Имаат поголема моќ од тебе самиот.
Патешествието наше почнува и завршува со нив, а тоа не сме НИЕ.
 
Без тебе, нема ништо... :)
Ама ти си знаеш... голем си.
Без мене нема ништо?
Никој нема ни да примети кога ќе ме снема,
зошто истовремено и тие ќе исчезнат.
Ако некој и заплаче случајно, најверојатно ќе да е ветрот.
...
Инаку, нит сум голем, ниту пак си знам.
Имам уште многу неодговорени прашања.
А Горниот не разговара директно со мене, сум бил многу небитен, па морам да се снаоѓам преку курири и аберџии.
 
Индивидуа.

1. Секое одделно живо суштество.

2. Човек, како одделна личност во општеството.

На ова се мисли индивидуа, поединец. Секој сам во релација со било што... така да, ѓаолот одморете го малку, го распнавте :)

П.С. Само Црните Браќа бараат поединецот да заборави дека постои, за да може подло тие да одлучуваат за неговиот внатрешен пат, универзум што и да е, до каде му е чекорот да одлучат и до каде може да напредува кон божественото... ни чекор повеќе од она што тие сметаат дека е доволно!
Затоа ѓаволот им е постојано во нивно друштво...

Да, световна одредница за „индивидуа„, е изолирано живо битие, но само во „модерна„ западна смисла, каде човековата самодоволност и постигнатиот материјален раст и комодитет ги претворија луѓето во „осамена гомила„.

Бог не го створи човекот за да биде индивидуа, туку за да биде личност, односно не за да битисува сам, туку за да битисува со заедница со сличните на себе. Ако Бог Отецот Го роди Синот и Го произлезе Светиот Дух па Они од „еден„ станаа „неразделна Троица„, токму на таа „шема„ е створен и човекот, за да биде дел од заедница, а не за да биде изолиран самодоволен поединец.
 
...ако е така како што ти ни објаснуваш,тогаш одговори ми зошто Исус се изолирал од толпата кога бил во пустината?
...искушенијата ги имаме и ние во нашиот животен пат како индивидуи,нели?
...тие филмови со заедницата(читај маса која не размислува со своја глава,туку слуша наредби и укази) ги посакуваат многумина,но за среќа не им оди од рака :)
 
...ако е така како што ти ни објаснуваш,тогаш одговори ми зошто Исус се изолирал од толпата кога бил во пустината?

Синот Божни е пример за сите кои се во Црквата, па таков е и случајот односно случаите, кога Он се изолира од Апостолите, за да Му се помоли на Својот Отец Небесен. Тоа е должност и од верните, кои практикуваат читање молитви во домашни услови, кога се изолираат во своите соби, за да бидат „на само„ и молитвено да се насочат кон Бог.
Автоматски споено мислење:

...искушенијата ги имаме и ние во нашиот животен пат како индивидуи,нели?

Да.

Во извесна мера, православната вера е „себична„, затоа што таа вера поаѓа од поединецот, со име и презиме, и токму поединецот е повикан на спасение, а тоа спасение поединецот го врши преку членување во Црквата Христова, не „по дома„, како изолирана индивидуа.
Автоматски споено мислење:

...тие филмови со заедницата(читај маса која не размислува со своја глава,туку слуша наредби и укази) ги посакуваат многумина,но за среќа не им оди од рака :)

Одговорив во погорниот допис; во Црквата, секогаш се поаѓа од поединецот, не од заедницата, но поединецот се спасува само преку заедницата, не сам за себе, па така, збирка од поединци кои исповедаат ист Бог и иста вера, дава „црква„.

Така вели и Христос: „Каде се двајца и тројца собрани во Мое име, таму Сум и Јас„.
 
Последно уредено:
Да, световна одредница за „индивидуа„, е изолирано живо битие, но само во „модерна„ западна смисла, каде човековата самодоволност и постигнатиот материјален раст и комодитет ги претворија луѓето во „осамена гомила„.

Бог не го створи човекот за да биде индивидуа, туку за да биде личност, односно не за да битисува сам, туку за да битисува со заедница со сличните на себе. Ако Бог Отецот Го роди Синот и Го произлезе Светиот Дух па Они од „еден„ станаа „неразделна Троица„, токму на таа „шема„ е створен и човекот, за да биде дел од заедница, а не за да биде изолиран самодоволен поединец.
Неточно. Изгледа како ќе ти кажат така мислиш за световната одредница индивидуа... Иако ти споделивме што значи тоа во македонскиот јазик.

Ништо не е изолирано. Индивидуалниот центар на секој човек не е изолиран, иако сам на свој начин има искуства со и кон божественото, што и да означува тоа за секој поединечно.

Догмата бара сите да се во толпа и го негира индивидуалниот стремеж на единката.
Тоа не е добро.
 
Неточно-во Црквата точен само нејзниот духовен став по одредена тема, а световната површност и минливост се небитни.

Светот не познава духовност.

Да повториме, на наједоноствниот начин.

1. Индивидуа=јас+јас+јас (me, myself and I).
2. Личност=јас+ти+тој.
 
Неточно.
Си толкуваше како црквата ти зборува заради "личносниот бог " и оправдувањето за три во едно :)
Личност и индивидуа расправаме тука заради богови...

Јас јас јас врескање нема врска со индивидуалноста, има повеќе со болеста на егото и гордоста, кога осудуваш секој а не разбираш никој заради догма.

Нека ти биде по твоја волја :coffee:
 
Неточно...

Моделот според кој се поставени релациите меѓу ликовите од Света Троица, практично е шема според која се поставени релациите и кај сите створени нешта, особено кај човекот, кој е створен по „...образ Божји и подобие...„, така да секоја друга „дефиниција„ за поимите „индивидуа„ и „личност„ е само произволно објасување според начелото „мудрување по својот памет„.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom