Joshua_Tree
Samo na minuvanje...
- Член од
- 21 март 2010
- Мислења
- 1.428
- Поени од реакции
- 4.799
...што би значечо дека Божјата мудрост не допира подеднакво до секого,а човечкиот нагон да ги превртува и извртува работите само за да ја задржи моќта над верниците е константенПричината е проста-се работи за основната човекова болест, а тоа е суетноста. Кога суетен теолог ќе си вообрази дека токму тој е „нешто посебно„ во рамките од својата вера, на таквиот лик му доаѓаат „идеи„ за можноста за менување или „модернизирање„ на учењето кое самиот го прифатил и исповедал. Токму на тој начин, во рамките од едната, света, соборна и Апостолска Црква, се појавуваа и се‘ уште се појавуваат самоповикани месии и модернисти, кои преку внесувањето на новотарии во верата која од Бога ни е дадена џабе, почнаа да застрануваат од едното учење, претворајќи го во можост за постоење и на поинакви учења во однос на изворното, и како последица на таа своеглавост, се појавија „отпадоци„ од Црквата, познато како „конфесии„ или „секти“, кои претендираат на оригиналност, со цел да привлечат кон себе што повеќе заблудени и лесноумни поединци.
За разликите меѓу Источната и Западната Црква, како и меѓу тазе компонираните конфесии, можат да се пишуваат километарски постови. Тоа што римо-католиците немале „јасен став„ за староста од Светот односно Земјава е само привид, оти протестантите ја прифатија староста од 6000г. токму од римо-католицизмот, од каде произлезе протестантизмот. Од средината од XIX век, Римската Црква ги прифаќа безмалку сите научни вистини како свои вистини, кои со леснотија ги вклопува во својата религизона доктрина, иако тие две учења многи често се неспоиви.
...се почнува и завршува од човека,така и религиите

...чопоративните религиски здружувања ја губат битката со индивидуалноста,и потребата на човекот за индивидулен духовен раст и самоспознание