Урко доста! Заради тебе го бркав пред еден месец. Ме маѓепса со тие долги кирилични постови и заборавив уствари кој ни е тренер.
Алоооо ГАЉАРДИНИ ќе игра финале ЛШ заради Инзаги. Треба до крај на живот да му е благодарен а и ние што имаме прилика Интер да го гледаме во Истанбул. ПСЖ и Сити едно финале со милијарди вложени а на мастерот Инзаги му успеа тоа со крпен состав, дебел Лукаку и повреден Шкринијар.
Свака част и за Лукаку последниве неколку натпревари. Ти зборев и тогаш дека он е виновен за лошите резултати. Еве - почна да игра на повисоко ниво, у еден месец од катастрофална сезона се претвори во историска. И самиот кажуваш дека победата е историска ама лепење епитети на Инзаги нема шанси.
Во еуфорија си бабан, успех е ова ама за да биде некој дел од најголемите во историјата на Интер се знае што треба сеа реални да бидеме, и сам си свесен за тоа ама те сфаќам, ја веќе со недели зборам дека не знам како да се понашам во едно вакво сценарио зашто никој не го очекуваше, уште не сум свесен дека сме во финале искрен да бидам, т.е. сум ама чудно ми е.
Имавме 1 тон среќа со ждрепката тоа е факт, за финале почнавме веќе да размислуваме уште кога видовме каква е проекцијата за таму кога не извлекоа со Бенфика, ги избегнавме сите моментални гиганти во фудбалот ама па затоа среќата не ни беше наклонета за групната фаза а таму излеговме пред Барса кои станаа прваци на Шпанија сезонава.
Ама пак ќе ти кажам, за најдобар во историја, а тоа е рамо до рамо да седи со Мурџо таму или Херера не, тоа е сеуште ниво на кое нема дојдено Инзаги. Во вакви умрени сезони за своите тимови Аврам Грант стигнал до финале во ЛШ и изгубил на пенали што беше прво за Челзи таа сезона па секако не е легенда или до тој момент нивни најбољи у историја, Ди Матео со Челзи освои, Тухел исто, пак со Челзи, да се надеваме дека тоа ќе му успее и на Инзаги во спротивно губење на финале е губење на финале, не е нешто со кое би се гордеел ама со оглед на нашата ситуација имаме барем право да сме со крената глава.
А и ќе се согласам и со Ио, за нас финалето беше денес, другово е само бонус, ја повеќе се плашев од помислата дека постојат шанси да егзистираме во свет каде Милан прво ни освои скудето пред нос, а потоа и не елиминирал во полуфинале во ЛШ, ова второво не се деси така да спасени сме од тешка и неподнослива голгота со која многу лошо ќе се носевме. Така да за ова сум им неизмерно благодарен на сите.
п.с. И сунинг ако гледаме така, ако се освои ЛШ, ќе ги освојат сите трофеи со тимов за многу пократок период отколку што тоа го направил Морати и со многу помалце вложени пари, така да у еуфорија треба и нив да ги креваме до небо.

У реалноста, сите ги сакаме надвор и сакаме нов газда.