ТОМОС за Македонска Православна Црква - Охридска Архиепископија, Јустинијана Прима

Член од
23 мај 2019
Мислења
4.454
Поени од реакции
5.176
Со болдирани мали букви е твој цитат.

"Каде и во што се НЕГИРА МПЦ-ОА, јас не можам да го најдам тој дел, може ли да го посочиш?"

Ја негира/отфрла афтокефалијата од 1967-ма.
Ти признаваш дека афтокефалијата на МПЦ била расколничка? Ако го прифаќаш томосот на СПЦ, тогаш да, признаваш.
Вранишковски и ПОА беа расколници?

"Повторно произволна и би рекол антимакедонска конструкција, велиш ја става МПЦ-ОА во потчинетост на СПЦ а во исто време и дава томос со која и вели дека е афтокефална односно самостојна, каде гледаш потчинетост, го разбираш ли поимот афтокерфалност како автономија или во што е работата??? (значи со давање на афтокефалија ја потчинува )"

Томосот на СПЦ ДОДЕЛУВА и ПРИЗНАВА афтокефалија. Ако ти го прифаќаш овој томос, тогаш по автоматизам прифаќаш дека МПЦ била од секогаш потчинета под СПЦ со автономијата од 1959.

"На кој акти на што ќе се повика СПЦ за да даде-ПРИЗНАЕ афтокефалност е право на таа СПЦ па токму заради едностраното прогласување на самостојност и е спорот помеѓу МПЦ-ОА и СПЦ (има и други работи ама не се релевантни за муабетов)."

Постојат ли други православни цркви на планетава низ историјата кои ЕДНОСТРАНО си креирале црква и програсиле афтокефалија? Или само МПЦ таа работа?

"Велиш дека ја признава МПЦ-ОА во Северџганистан, па добро според тебе како би требало да гласи тоа на МПЦ-ОА во Македонија ли?"

Македонски патриот нема што да прифаќа северна, особено во документи каде што немаат правна обврска да пишуваат северна(приме црковни документи). Немаат црквите државно-правна обврска да користат Северна Македонија. Секој кој прифаќа Северна, ја нормализира. Не смееме да ја нормализираме северна.

"Инаку би те упатил да го анализираш текстот како целина, а не само одделни пасуси по што ќе манипулираш, на пример СПЦ и ПРИЗНАВА на МПЦ дека е наследничка на Охридската Архиепископија, дали ти е познато што тоа значи?"

Охридска Архиепископија е постара и од МПЦ(1967) и СПЦ така?
И што сега, ако СПЦ не го признаеше ова, МПЦ немаше да биде наследничка на Охридска архиепископија?

Дали СПЦ е наследничка на Охридска Архиепископија?

-----------------------------------

Заклучок од ова:

Да, треба во целост да го анализираме томосот. Затоа што ако го анализираме во целост, ќе видиме дека во томосот се вметнати српските црковни интереси и томосот го актуелизира проблемот со името.

Од ова, томосот на СПЦ не е братољубив и не треба да го прифатиме.

Извори

Извор: СПЦ не даде томос на МПЦ-ОА, туку на „Црквата во Северна Македонија која ДЕНЕС се нарекува МПЦ-ОА“, заедно со „братска“ препорака да си го смени името во преговори со елиноговорните цркви.

Што толку ја интересира СПЦ за "спорот" со името?
Прегледај го приврзокот 377691

Прегледај го приврзокот 377693

Извор: "Томосот не е канонски, затоа што епархиите на територијата на Македонија не припаѓаат канонски на СПЦ, затоа што СПЦ ги доби од Фанар откако Фанар НЕКАНОНСКИ ГИ УКРАДЕ со тоа што издејствува султанот Мустафа III да ја укине Охридската Архиепископија со ферман."

Кога веќе збораме за канонство.

Во ред го проблематизираш Томосот, за жал со конструкции и со аргументи кои се исто така креирани со сомнителна цел.
Зошто велам сомнителна цел?
Па затоа што отфрлањето на овој томос ја става МПЦ-ОА во позиција со време да ја снема како Македонска Црква.
Можеби твојата цел е токму тоа да не постои македонска црква.
Поинаку не можам да ја третирам твојата упорност во измислувањето и смислувањето на квази-аргументи.

Чија цел е да нема и да не постои МПЦ-ОА?
Дали со отфрлањето на овој томос се доведува во прашање опстојувањето на МПЦ-ОА?
Ако упорно инсистираш на отфрлање на томосот тогаш би рекол дека твојата цел е против постоењето на МПЦ-ОА, сигурно тргнуваш од позицијата 'кога веќе не постои македонска држава тогаш не треба да постои и македонска црква' и повторно се наметнува прашањето за кого одработуваш?

Позициите на Фанар на сите им се јасни, но зошто има лица кои упорно го промовираат и бранат тие позиции на Фанар?
Премногу се грижиш за српските интереси, што тие добиваат или губат самите си се грижат, мене првенствено ми се важни македонските интереси што ние добиваме или губиме со овој томос, заслепен од омраза кон Србите (можеби подраги ти се Бугарите или грешам?) не можеш да ја согледаш реално состојбата и сметам дека со твоите настапи најмногу штета и правиш на МПЦ-ОА и на Македонците.

Туку да не должиме и ги замараме останатите може ли да те прашам:
Постојат ли Македонци?
Дали си ти Македонец?
Постои ли МПЦ-ОА како афтокефална црква и ако постои од кого е загрозена?
Постои ли слободна и суверена Македонска држава?
(ова нешто ко референдумот на Црпе но е важно за да можеме да продолжиме, не треба еден одговор за сите туку поединечно)
 
Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.818
Поени од реакции
6.405
Би било убаво во Охрид да се префрлат Факултетите. Не само Богословскиот, за ова знам дека веќе се спроведува на Плаошник (дали некој знае до каде е изградбата и дали има слики?), туку општо и другите. Филозовски и Филолошки и се поврзано со Книжевност, Јазик и Литература треба да се премести од Скопје во Охрид. Би функционирале во убав склад со Богословскиот пошто и нив ги интересираат слични теми и наука.

Уште пред среден век, Охрид бил центар на писменоста и првите Универзитети на Балканот, слично на Оксфорд во Англија и Хајделберг во Дојчланд. Факултети кои во Европа постојат веќе еден Милениум. Нашите се затворени од знаеме кои причини, ама кога веќе сме слободни не гледам причина зошто не би ги ре-отвориле.

Како Македонци повеќе акцент треба да клаваме на Охрид. И што е можно пвеќе Интелектуала да префлиме таму. МПЦ мора да се ангажира, и покрај се што се има случено, нашиот народ сеуште ја сака оваа институција и нашата Религија. Треба да му служат на народот. Да го воздигнат и описменат, да го распаметат и критикуваат. Да е рамо до рамо со европските теми, а не само други балкански народи да се перчат и мешаат во важни кругови - Словенци, Хрвати, Срби.
Којзнае може и на Албанците ќе им се допадне па ќе ги вратиме на стариот христијански пат. Сепак ни се соседи. Познавам Албанец вљубен во архитектурата од манастирот на Канео.

Охрид треба да е вибрантен град, со многу комоција и случувања, да е перманента резиденција на нашите најдобри и најинтересни ликови. Да е нашата гордост кога ќе каниме делегации од Европа и Светот, за да им покажеме на дело кои сме и за што не бива (ако нешто од нашата вистинска грандиозност стварно преживеало).
Автоматски споено мислење:

Lazes bigorski dronu.
дарлинг кој е твојот став за тој главниот на Бигорски?

Пред неколку години бевме со мајками заедно таму. Жената беше болна и имаше слушнато дека имало чудотворна икона таму. Имаше редица од луѓе кои чекаа таму. Мајками не се одбираше од црковен статус и хиерархија, едноставно го обожуваше Исус. Го праша првиот лик кој и застана на пат каде да се пријави за и таа да е дел од редицата, несвесна дека тоа е токму овај битен лик, седнат крај влезот (со смартфон во раката). Типот се разгневи оти го прекина во скролајнето, во фазонот на како се осмелила да го праша него. Тоа одвратно ми засмета, го прекинав уште пред да заврши, ја грабнав за рака и ја истргав сместа надвор од манстирот.

Машката моќ проработи, кога виде колку (малку) му ја имам почитта, ликов, излезе надвор и место со мајками да зборува и да и се извини тој со мене зборуваше со детали за каде можела да се пријави жената.
Ова остави горчина кај мене, а мајками не беше ни најмалку лута, мене ми беше повеќе лута, а напротив тие беа врвниот афторитет/чистина во нејзиниот свет. Гревота, за божји лица.

Ќе ми е доста мило, МКД религиската моќ да се префли од Бигорски во Охрид.
 
Последно уредено:

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.818
Поени од реакции
6.405
веројатно единствената причина за ова беше отсуството на МПЦ како поголем афторитет. Плус, неколку политички партии, активно вложуваа во манастирот кога се запали, па по сета таа финансиска моќ стекнаа мислење дека тие се светилиште на Македонската религија. Дури и сами себе се нарекуваа така во некои јавни постови на фб.

Убави видео снимки од де факто седиштето на МПЦ во иднина. Настрана од Универзитетов, во Охрид би требало да никни и некоја нова црква со поголеми димензии од тие на Плаошник, но стилот треба да се чува и да е веродостоен на оригиналите. Што значи фасада од камења и теракота, или еве мермер нека е, покрив или од кермаиди или бронза, комбинација од двете би изгледало интересно, да не е пренападно, поедноставно, ама поквалитетно.

Последно уредено:

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.158
Поени од реакции
30.294

Се убаво, ама треба и некои стари цркви да се реставрираат. Како на пример во Матејче.
 
Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.818
Поени од реакции
6.405
во Прилеп комплексот Трескавец се обновува со години воглавно од донации на богати гастербајтери (најсиромашна и најомаловажена Епархија е Пелагониската). А црквата е од времето на Династијата Палеолог и така пропаѓа. После пожарот уште повеќе. Во меѓувреме Скопје 2014та приоритет. А вистинската култура, онаа за која и европјаните имаат голем интерес и ја гледаат ко своја (многу ценат средновековна градба им е лесно да се идентификуваат со неа), пропаѓа.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.158
Поени од реакции
30.294
Белким и тоа 2014 да се доградеше, туку повеќе ме нервираат црните чавки што се градат со наши пари.
 
Член од
4 септември 2010
Мислења
1.002
Поени од реакции
582
Во ред го проблематизираш Томосот, за жал со конструкции и со аргументи кои се исто така креирани со сомнителна цел.
Зошто велам сомнителна цел?
Па затоа што отфрлањето на овој томос ја става МПЦ-ОА во позиција со време да ја снема како Македонска Црква.
Можеби твојата цел е токму тоа да не постои македонска црква.
Поинаку не можам да ја третирам твојата упорност во измислувањето и смислувањето на квази-аргументи.

Чија цел е да нема и да не постои МПЦ-ОА?
Дали со отфрлањето на овој томос се доведува во прашање опстојувањето на МПЦ-ОА?
Ако упорно инсистираш на отфрлање на томосот тогаш би рекол дека твојата цел е против постоењето на МПЦ-ОА, сигурно тргнуваш од позицијата 'кога веќе не постои македонска држава тогаш не треба да постои и македонска црква' и повторно се наметнува прашањето за кого одработуваш?

Позициите на Фанар на сите им се јасни, но зошто има лица кои упорно го промовираат и бранат тие позиции на Фанар?
Премногу се грижиш за српските интереси, што тие добиваат или губат самите си се грижат, мене првенствено ми се важни македонските интереси што ние добиваме или губиме со овој томос, заслепен од омраза кон Србите (можеби подраги ти се Бугарите или грешам?) не можеш да ја согледаш реално состојбата и сметам дека со твоите настапи најмногу штета и правиш на МПЦ-ОА и на Македонците.

Туку да не должиме и ги замараме останатите може ли да те прашам:
Постојат ли Македонци?
Дали си ти Македонец?
Постои ли МПЦ-ОА како афтокефална црква и ако постои од кого е загрозена?
Постои ли слободна и суверена Македонска држава?
(ова нешто ко референдумот на Црпе но е важно за да можеме да продолжиме, не треба еден одговор за сите туку поединечно)
Моето тврдење е дека со прифаќање на томосот на СПЦ, му плукаме и на уставот на МПЦ.

Еве извадок од уставот на МПЦ:
Screenshot_20230514_111232.png

Постои ли МПЦ-ОА како афтокефална црква и ако постои од кого е загрозена?
Постоеше афтокефалијата на МПЦ-ОА и пред томосот на СПЦ.
Беше загрозена од тоа што СПЦ две недели ја третираше МПЦ како автономна(комплетно игнорирајќи ја афтокефалијата на МПЦ) и третирајќи ја МПЦ на исто ниво како ПОА, за потоа да ДОДЕЛИ афтокефалија. Ако ова не е загрозување на афтокефлаијата на која МАКЕДОНСКИОТ ЦРКОВНО-НАРОДЕН СОБОР си ја усвои, незнам што е.

Сега одговори ми, дали со афтокефалијата која беше прогласена во 1967-ма се доведуваше во прашање опстојувањето на МПЦ-ОА?
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.454
Поени од реакции
5.176
Моето тврдење е дека со прифаќање на томосот на СПЦ, му плукаме и на уставот на МПЦ.

Еве извадок од уставот на МПЦ:
Прегледај го приврзокот 378376

Постоеше афтокефалијата на МПЦ-ОА и пред томосот на СПЦ.
Беше загрозена од тоа што СПЦ две недели ја третираше МПЦ како автономна(комплетно игнорирајќи ја афтокефалијата на МПЦ) и третирајќи ја МПЦ на исто ниво како ПОА, за потоа да ДОДЕЛИ афтокефалија. Ако ова не е загрозување на афтокефлаијата на која МАКЕДОНСКИОТ ЦРКОВНО-НАРОДЕН СОБОР си ја усвои, незнам што е.

Сега одговори ми, дали со афтокефалијата која беше прогласена во 1967-ма се доведуваше во прашање опстојувањето на МПЦ-ОА?
Твоето тврдење е несериозно, уставот на МПЦ бил плукан, зошто не го зеде уставот на МПЦ-ОА, знаеш ли кога е додадено ОА на МПЦ и зошто?

Постоеше афтокефалност на МПЦ-ОА која никој во светот не ја признаваше и сега со томосот имаме афтокефалија која е призната од повеќе цркви (не гркофонски), од што може да се заклучи дека чекорот за враќање во сослужение со СПЦ бил оправдан затоа што наскоро му следуваше ТОМОС за признавање на МПЦ-ОА!!!!!

И една мала забелешка, темата ја отворив со цел да се анализираат националните и геополитичките аспекти од добивањето на ТОМОСОТ за МПЦ-ОА, значи немав намера да се дефокусирам на историјски аспекти и како дошло до овој ТОМОС туку што овој ТОМОС значи за нас Македонците но и што овој ТОМОС значи во регионална смисла, како и на кој начин ќе ја детерминира иднината на нас Македонците.

Гледаме обиди од некои сили да се поништи овој томос (што е невозможна работа) или ако веќе тоа не може барем да се создаде раскол во МПЦ-ОА!
И затоа сметам дека токму твоиве коментари се во таа насока на создавање на тој раскол, ги отфрлам таквите обиди затоа што добивањето на томосот и признавањето на Македонска Црква и признавањето на Македонците ги сметам за еден вид на братска-пријателска рака подадена од страна на РПЦ и СПЦ, ....ете па ти сакаш прифати го ова сакаш продолжи си со твојата агенда ...толку можам да објаснам
 
Член од
9 декември 2012
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.100
Кажи една лага што сум кажал?
Постојат ли Македонци?
Дали си ти Македонец?
Постои ли МПЦ-ОА како афтокефална црква и ако постои од кого е загрозена?
Постои ли слободна и суверена Македонска држава?
Дај одговори на овие прашања, батали ги книгите за момент.
 
Член од
4 септември 2010
Мислења
1.002
Поени од реакции
582
Постојат ли Македонци?
Дали си ти Македонец?
Постои ли МПЦ-ОА како афтокефална црква и ако постои од кого е загрозена?
Постои ли слободна и суверена Македонска држава?
Дај одговори на овие прашања, батали ги книгите за момент.
Ајде ќе ти одговорам:

Постојат ли Македонци?
Да.

Дали си ти Македонец?
Да.

Постои ли МПЦ-ОА како афтокефална црква и ако постои од кого е загрозена?
Постои од 1967-ма. Загрозена е од СПЦ со тоа што 2 недели ја третираше како автономна црква, а потоа со томос ДОДЕЛУВА афтокефалија, игнорирајќи ја афтокефалијата од 1967-ма.

Постои ли слободна и суверена Македонска држава?
Не. Денес постои северџанистан.
Автоматски споено мислење:

Постоеше афтокефалност на МПЦ-ОА која никој во светот не ја признаваше и сега со томосот имаме афтокефалија која е призната од повеќе цркви (не гркофонски), од што може да се заклучи дека чекорот за враќање во сослужение со СПЦ бил оправдан затоа што наскоро му следуваше ТОМОС за признавање на МПЦ-ОА!!!!!
Ја продадовте афтокефалијата на МПЦ од 1967-ма за да сослужувате заедно со СПЦ.

На крај, пак, и пак постојат цркви што не ја признаваат МПЦ, ај сега и од нив да чекаме томос да ни дат, шо велиш?

Гледаме обиди од некои сили да се поништи овој томос (што е невозможна работа) или ако веќе тоа не може барем да се создаде раскол во МПЦ-ОА!
Да да, сигурно, ако некоја црква извај томос во кој ја признава МПЦ под друго име, нема враќање, така?

добивањето на томосот и признавањето на Македонска Црква и признавањето на Македонците ги сметам за еден вид на братска-пријателска рака подадена од страна на РПЦ и СПЦ, ....ете па ти сакаш прифати го ова сакаш продолжи си со твојата агенда ...толку можам да објаснам
СПЦ не ја признава афтокефалијата на МПЦ од 1967-ма, како е тоа братољубиво?

СПЦ дава братољубива препорака да си преговараме за името, што значи ни името не ни го прифаќ, како е тоа братољубиво?

Проблемот со името е проблем со фанар, зошто воопшто се спомнува проблемот со името во томосот на СПЦ ако СПЦ и фанар немаат никаква ама никаква врска?????
 
Последно уредено:
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.454
Поени од реакции
5.176
Ја продадовте афтокефалијата на МПЦ од 1967-ма за да сослужувате заедно со СПЦ.

На крај, пак, и пак постојат цркви што не ја признаваат МПЦ, ај сега и од нив да чекаме томос да ни дат, шо велиш?

Да да, сигурно, ако некоја црква извај томос во кој ја признава МПЦ под друго име, нема враќање, така?

СПЦ не ја признава афтокефалијата на МПЦ од 1967-ма, како е тоа братољубиво?

СПЦ дава братољубива препорака да си преговараме за името, што значи ни името не ни го прифаќ, како е тоа братољубиво?

Проблемот со името е проблем со фанар, зошто воопшто се спомнува проблемот со името во томосот на СПЦ ако СПЦ и фанар немаат никаква ама никаква врска?????
Гледаме обиди од некои сили да се поништи овој томос (што е невозможна работа) или ако веќе тоа не може барем да се создаде раскол во МПЦ-ОА!
И затоа сметам дека токму твоиве коментари се во таа насока на создавање на тој раскол, ги отфрлам таквите обиди затоа што добивањето на томосот и признавањето на Македонска Црква и признавањето на Македонците ги сметам за еден вид на братска-пријателска рака подадена од страна на РПЦ и СПЦ, ....ете па ти сакаш прифати го ова сакаш продолжи си со твојата агенда ...толку можам да објаснам
...би додал и поединци на форумов кој упорно одработуваат против МПЦ-ОА или поедноставно против Македонците!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom