Христос воскресе Македонци, за многу години!
Не само што не се објави и прослави за овој Томос, туку фанар мрежава не можеше и сама да поверува што се дешава поготово сатанта Вартоломеј Истамбулски и нормално веднаш обиди за се испогани тоа, и многу брзо имаме покана за заедничкото причестување на Светата Евхаристија со новосоздадената црква на Украјна, а ново создадена е после приманањето на томос од Вселенската Патријаршија, и од „Украинска Православна Црква“ сега е „Православната Црква на Украина“. Украинските православни епархии надвор од границите на Украина се целосно под јуриздикција на Вселенската Патријаршија, тотално делење на црквата.
@The Savior Русија не само што нема да му даде афтокефалност на оваа црква туки и ќе ги влоши односите со нашата доколку ја прифатиме поканата за заедничкото причестување со таа црква под јуриздикција на Вселенската Патријаршија.
А зошто ние би прифатиле заедничкото причестување со некоја ново создадена епархија од Украјна и зошто ни е потребен томос од Вселенската Патријаршија? Затоа што грциве се длабоко влезени во нашава држава, во црквата, манастирите, синодот, дури и во монасите (бигорска корпорација, читај последни новости за Кирил и Анатолиј). Да не почниме за збориме за политичариве. Тука имаме среќа што промената на името на МПЦ - ОА не можат да го направат со гласање во собрание, иначе до сега ќе беше сментено.
Фанар е во служба на грци и тие никогаш нема да се помират со името Мекедонија во МПЦ - ОА. Еве го нивниот став од третата точка на соопштението од светиот и свештен синод под претседателство на Вартоломеј:
3) Како име на оваа Црква го признава „Охридска“ (имајќи го на ум, како област на нејзината јурисдикција, владението во границите на државата Северна Македонија), како што нејзиниот Претстојател писмено ѝ вети на Вселенската Патријаршија, која не го употребува терминот „Македонска“, или друга изведенка од зборот „Македонија“.
Не само што сакаат да нема Македонска, туки и сакаат да го земат наследството од Охридска Архиепископија и да ја направат Архиепископија од Охрид или нешто слично. Историјата се повторува, повторно некој Фанариотски Патријарх сака да ја уништи или присвои Охридска Архиепископија која е во рацете на МПЦ - ОА.
Но добро е што некој се сетил нешто па еве ви декларација која секој може да ја испринта и потпише, незнам дали е спомната до сега на форумов, оваа тема ми беше некако нај поврзана со декларацијата.
Прочитајте и ќе сватите дека нема ништо спорно и ништо што може да ни наштети, сите собрани декларации ќе бидат доставени до Синодот и архивите на МПЦ - ОА.
Прегледај го приврзокот 375692
Еве ви и
линк за подетални информации каде да ја предадете:
Исто така низ скоро сите градови има штандови со веќе испринтани копии кои може да ги попишете на лице место.
Неговото Високопреосвештенство господин Агатангел, Митрополит Повардарски ја поддржува и праќа апел за нејзино масовно потпишување.
Исто така да напоменам дека во прашање е и македонскиот национален интерес, така да не мора да сте православни или верници за да ја подпишувате оваа декларација, доволно е само да си ја сакате државата Македонија бидеќи црквата ни е еден од последните столбови на нашата држава, и нашата националност.