Фан клуб: РК Пелистер

Член од
16 март 2022
Мислења
59
Поени од реакции
492
Idime, ne idime..nie, vie...koi ste vie?
Znaci utre idi cela Bitola.... site pacienti so go sakame Pelister.
so ne e jasno tuka?
Сите шо ги почитуваат Чкембари и шо имаат чист образ нема да одат Охрид.
Како пред една недела така и утре.
 
П

Пљампач

Гостин
@Tomasino - Анализа за утрешниот и претходниот меч со Вардар ? :cool:

- Имаме шанса за уште еден подвиг утре?
- Има шанса рк Охрид да ни мани ладен туш наредно коло?

Фали твоја анализа на темата другар.:D
 
Член од
12 септември 2022
Мислења
62
Поени од реакции
452
Сите шо ги почитуваат Чкембари и шо имаат чист образ нема да одат Охрид.
Како пред една недела така и утре.
Најчиста и Најправедната генерација на Чкембари,досега ,последнио бедем на град Битола,и Македонштината во неа,и ко било најтешко први за се ☘
 
Член од
22 септември 2021
Мислења
238
Поени од реакции
956
Дај боже да победиме, дупла круна да се земи исто како 2005та.

ЧКЕМБАРИ се ДНК на ПЕЛИСТЕР, на сите му е јасно
 
Последно уредено:
Член од
28 февруари 2023
Мислења
223
Поени од реакции
867
Љубовта и емоцитее ме пукнаја од сабајле , станав се спремив како на гостовање да одиме, ама то е шо е ќе си одиме на фудбал после, и ќе си го гледаме ракомето по кафичи. Пелистер Шампион Дуплкааа Крунаааа.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
@Tomasino - Анализа за утрешниот и претходниот меч со Вардар ? :cool:

- Имаме шанса за уште еден подвиг утре?
- Има шанса рк Охрид да ни мани ладен туш наредно коло?

Фали твоја анализа на темата другар.:D
Победата во саботата не беше подвиг, туку беше очекуван, реален резултат.
Поквалитетни сме, само ни фали та самодоверба/
Ваљда по овај меч ќе се смени психогијата.
Само пак дојдовме до та победа со мака, со некој несфатливи падој и црни дупки на два пати.
На 13-8, имаме напад за +6, наместо да ги прекршиме и да пуштиме нова свежа крв во игра, Павле, Танкосен, Дејвис да ги одморат Данците, можеше и Радовиќ да го смени малце Батакот, барем во одбрана да му се залепи на Орката.
Според мене тука е пропуст на тренерите, шо успеаа да ги вратат и да ни напрат серија од 4-0, задоцнет тајмаут и дозволивме да се влези во тесно второ полувреме.
Не ротирааа, дозволија да се вратат, се разбрани Министеро за политика и влеггвме во нервоза.
А не смееше да е така, да се потпаѓа на провокации.
Борко можеше пак да ни биди ИНКЕРО, во глата му влезе
Сите топки в средина му ги манаја, на рутина ги скина.
То ти е та нервоза шо ти ја прај противник, и ако не си смирен ќе оди у курац утакмицата.

Решавачка беше та 4-0 серија, ко се одлепивме на 26-21.
Избегнавме тесна завршница.
Психолошкиот товар беше огромен, и то беше проблем, добро е шо не дозволија да се брка резултат.

Истото важи и за денес.
Ако играме како во саботата, на нож во одбрана, со паметни и долги напади добиваме.
Ако влезиме во нервоза, во грешки, ќе имаме мака.

Досега не ја користиме предноста, подолгата клупа, не знам зошто??
И зато после изгледа на терен дека сме израмнети.
Не можи ти 50 минути да играш 2 правци, невозможно е.
Кисум не можеше да оди во напад второ, па ни во прво, фалеше тој.
И со децата на Кире беше аут, со Тиквеш исто.
Без него не е иста играта во напад, ни се скратват оружјата без еден бек шутер..
Паднат е во офанзивниот дел ( удари кон гол ), иако за асистенции, контрола на топка е ок, башка шо игра одбрана.

Хененберг е клучен играч, реков и претходно, ако се земи титула на дечкото треба статуа да му напрат пред сала.
Морам и Хосни да го пофалам, да не го реметам на секое, со Алкалоид и во саботата искина чоеко.

Ќе видиме денес, во секој случај ќе биди уба утакмица, тензична.
Се надевам на победа, реално сме поквалитетни.
Ама квалитетот не е најважен на вакви утакмици.

П.С.

Во однос на Охрид.
Мислам дека грешат сите шо го потценват Охрид и предвреме ја слават титулата.
Далеку од готова е приказната.
Жежок терен е, незгодна екипа, Тексо ќе ги напука на адреналин.
Многу заебан тим, домашен терен, му треба утакмицата.
А и да не му треба, ко ќе играт со нас играт со 200% од силите.
Ако не влезат со пристап на најважен меч на сезона ќе имаме мака.
Не смеат овде да кикснат и да влезат во тесен финиш.
Се можи да се случи во тесен меч, судии, грешки, притисок од публика, од важност на меч.
Од почеток треба излегвање и нагазвање, не смеј да се дозволи Охрид да помисли дека има шанса до крај да парира и да се надева на добар резултат.
Тие играт бавен ракомет, претежно по средина, шут на Дрогата, и пред се со топки на пикер.
Ако централниот блок си ја заврши работата и ги принудиме на грешки треба да е полесно, со контри да ги решиме побрзо.

Во секој случај ќе биди тензично во Охрид, стално било со нив заебано,
Се надевам дека нема да се изглупираме, то ќе биди дебакл.
 
Последно уредено:
П

Пљампач

Гостин
Многу лошо отворивме... Тњшко дека ќе се вратиме во игра второ полувреме.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.030
Поени од реакции
625
Mnogu loso vo odbrana... Labavo vlegoja i ne napolnija vo 5 min, sega odi stigni gi.....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom