Фау Блау не е последниот здив на Вермахтот туку Курск е последниот посериозен офанзиве потфат на истокот. Манштајн има уште неколку удари после тоа, ама ништо сериозно. Русите во Фау Блау изгубија многу повеќе од нацистите, ама исто така таму играа одбрана а не напад како во Украина. Операција Уран беше контра напад и Жуков таму изигра маестрално. Благе везе нема тоа што ти е тебе поента.
Ај прво да почнам со Курск, дали си ги видел оперативните територии, на која се планираат операциите барбароса и фал блу, а која е територијата на операции за Курск? Курск во споредба на фал блу е само еден мал сегмент. Курск немoже дури ни да се каже дека е офанзива, туку е оперативен маневар во обид да се намали офанзивната моќ на Советите. Иначе јас сум на ставот дека Германците ја изгубиле војната уште после неуспехот на главните цели на операцијата Барбароса, фал блу е само очаен обид да се стигне до нафтените полиња и истовремено да се постави лесна одбрана на Дон и Волга.
Но како и да е, друга беше целта за споредба со фал блу, тоа е смената на начинот на дејствување на советите на фанатични крилни напади (блицкриг) кога за разлика од Барбароса, кога Советите се статични и биваат уништени во котели, тука Советите се повлекуваат. Поентата беше да се даде споредба зошто се градат внатрешни одбранбени линии и зошто се евакуираат населените места во Запорожје, Русите ќе користат еластична повеќеслојна одбрана.
1. Русите не ја уништија 90% од техниката на Украина уништија 90% од сопствените професионални офанзивни сили, затоа мобилизација правеа после.
Тогаш едноставно беа запрени и не запреа доброволно. Никој во историјата не добил војна со запирање. Ниту една офанзива нема успеано со запирање. Тоа беше фијаско. Огромни колони тенкови беа едноставно напуштени. Тоа не е победување
Еве од прилика од каде се информациите на западот за уништена Руска опрема. Oryx мислам дека се викаше проукраинскиот сајт. Еден уништен тенк го бројат неколку пати, а некогаш и Украинска неуништена опрема се брои како уништена. Некогаш се и смешни фотошопови. Овие се бават со тоа можеш да прочиташ, го поставив тоа и претходно, ама треба некој да го види, нели, да ја тргне настрана суетата и да види нешто повеќе од западната пропаганда.
Русија влезе во специјалната операција со 160К војска плус ЛНР, ДНР со околу 40К да речеме, тоа е вкупно војска од 200К. Со таа војска дури и да планирале цела да ја употребат за Киев, нема да успеале да го завземат. Но нејсе, за Киев употребија околу 9-30К војска (зависи од изворот) , која им ја развлече одбраната на Украинците од Југот. Украина во дадените моменти броеше околу 600-800К војска. Според тоа подоцна се случуваше на теренот, целта им била да се одржат референдуми во 4те области во првата фаза на операцијата. Украина од Март до Јули-Август, буквално е воено импотентна. Нема никакви акции, само има најави за престојната офанзива, има обука во НАТО држави, и почнува да доаѓа опрема од источното крило на НАТО кое ќе се употреби за офанзивата во Харков и обидите за офанзива во Керсон.
Што се однесува до мобилизацијата, таа се случи наменски за да се постави одбраната на веќе освоените територии, кои законски постанаа Руски. Нема врска со зајакнување на офанзивниот потенцијал на Руската војска што се користи во операцијата.
Интересна работа во цела приказна е што никогаш, ама баш никогаш не сте се запрашале каде е опремата што Украина ја користеше за овие офанзивни дејства? Зошто во моменталнава ситуација, Украина чекаше нова тура опрема, за да ја најави новата офанзива? Што е работата со опремата, тенквите се за само една употреба ли? Буквално со офанзивните дејства прошлата година ја издишија втората армија што ја имаа собрано од неколку армии од источното НАТО крило. Ама не, Русите губеле.
Значи да заокружиме, во стартната фаза на војната, Украина станува воено импотентна, чека нова опрема за да направи офанзива. Потоа после таа офанзива, Украина повторно станува воено импотентна, па чека нова опрема за да направи нова офанзива. Значи Русија до сега еднашка ја има уништено најмасовната армија во Европа, па после и уништено неколку армии на источното крило на НАТО. И сега дојдоа на ред леопардите, челенџерите и бредлињата.
Тука можеме да дојдеме до фејлот на германските офанзиви на истокот. Не фејнале заради причина што не освоиле територија, териториите биле 90% освоени според првичниот план. Офанзивите фејнале затоа што не успеле да ја уништат противничката армија, тоа било главната цел на Германската офанзива. Буквално секоја цел на блицкригот и на запад и на исток, бил да се уништи војската, не да се завземе територија, тоа е последователно. Тоа што Русија го постигнува тука е уништување на 2 армии. Вториот пат, наместо да го прави тоа со скапа офанзива, го прави со ефтина еластична дефанзива. Губи нешто територија (10% претходно освоената), но на сметка на тоа уништува армија.
Знам дека поради западната пропаганда некои луѓе склони слепо да ја следат таа хипнотичка шема, неможат да го видат тоа. Но на крајот мислам дека све ќе стане очигледно.
2. НАТО не остана без оружје, НАТО го даде своето резервно застарено оружје. Леопард 1 и 2, Челинџер 1 и 2, Абрамс М1А1 и едно чудо советско вооружување. Тоа не е најновата генерација, ама не ми верувај мене, изгуглај. Минимум една генерација понапредно оружје имаат ако не 2 и 3
Како тоа не остана без оружје. Не зборам за НАТО воопшто, туку за источното крило на НАТО. Кај ни се нас тенковите, авионите, хеликоптерите? Кое вооружување ни остана нас, и колку време ќе треба тоа да се замени? Што би се случило ако НАТО стварно се распушти? Може нема да се случи, но тоа не значи дека не смееме да го имаме тоа во предвид, поготово што Трамп веќе го спомна тоа.
Што се однесува до застарените Леопарди, Челинџери и Абрамси, кои се тие нови тенкови што ги има западот, и во колкава бројка се? Или можеби овие тенкови се сржта на западните армии. Ете ќе се послужам со твојот речник, ако не ми веруваш мене, прогуглај. Кои тоа тенкови ги има на располагање Грчката армија, со кои тенкови располага Турската армија, Германската армија, Британската. Тие се тенковите... И BTW, види ги бројките со којшто располагаат, Украина за нив во мометнов е велесила.
Па ако сакаш види ја и Америка, со кои тенкови располага? Колку проценти од сржта на нивната оклопна сила се Абрамси? Германија како што гледам користи само леопард 2 тенкови во својата армија. Кои се тие помодерни тенкови што ги користи Германија на пример?
3. Русија е свесна дека не може против НАТО
Ама РФ планираше да ја заврши војната пред НАТО да се вмеша, а немаше план Б. Сега чорба, се бори со паравојски за автобуски постројки во Бахмут
Како мислиш планирала да ја заврши војната пред НАТО да се вмеша со 200К војска? Кој е тој будала да планирал така? И како пред да се вмеша НАТО кога НАТО во Украина беше 8 години присутно, ја обучуваше војската и ги наоружуваше Украинците. Да мислиш така е тотално глупаво.
Како прво да им беше тоа планот, немаше потреба да идат на југ, каде што реално логистиката им е бајаги покомплицирана, бидејќи се стотици километри од Руска територија. Едноставно ќе се сконцентрираа само на Киев. Вака со 9-30К војска го нападнале Киев и рачунале дека ќе го земат, па некакви измислени битки имало каде што ги потиснале Русите, и овие се повлекле. Па авионски десанти на 100 километри од граница, смешки. Буквално сценарио за пародија.
Колку за информација еве како изгледаат градови каде што Русте водат урбани битки:
Не постојат урбани битки на северот. Не постои проба да се влезе во Киев. Јас незнам како може да сте толку слепи при очи.