Според правилата за гледање ВАР немаше право да се разгледува текот на целата акција.
А според правилата на фудбалската игра, голот е нерегуларен бидејќи во текот на еден прекин на игра, до друг прекин на игра имаше напуштање на топката од дозволениот и обележаниот терен за игра.
У превод голот 100% не е регуларен според основните правила на фудбалската игра, ама ради глупи и недопрецизирани правила на ВАР, голот е признаен.
Ова ако поминало 2 минути игра ти е ... па ќе продужи и 5 ако треба. Баш кога гледаат на ВАР за пенал или сл, знае да продолжи и 10 минути судијата. Тоа е ништо во споредба со штетата која што ќе се направи ако не се испочитува некое основно правило.
Мора да се игра според основните правила на фудбалот.
*Или зашто не се јави ВАР во текот на акцијата на Сити.
Кога има некогаш пенал за гледање, и да се смени поседот, во брзината на играта судијата знае да ја прекине акцијата за да се погледне на ВАР.
Од која страна и да погледнеме, нерегуларен гол постигна Сити.
Оди на душа и на помошниот судија, и на главниот судија што не видоа директно, но и на ВАР што не се активираше, ете "во текот на поседот на Сити". Кога нели веќе неможел, после смена на посед.