UEFA Champions League - Season 2022/23

Кој ќе биде шампион во ЛШ?

  • Вкупно гласачи
    113
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 август 2009
Мислења
3.685
Поени од реакции
5.315
Не се гледаше на ВАР бидејќи Реал ја имаше топката на момент после тоа ако не се лажам, па Сити брзо ја врати.

А во таков случај веќе не важи што се случувало претходно.
Да да знам за правилото.
Само овде се поставува и друго прашање, ако топката го напушта теренот, и да се промени поседот сепак целата акција е нерегуларна...
За некои ситуации можеби треба да се оди во подобри детали.
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.963
Поени од реакции
23.494
Мастерклас на Рудимбе, котлево од Рома играч стана. Свака част
 
O

ob1

Гостин
Потврдија од beIN Sports дека топката го напуштила теренот. Јебига, се дешаваат вакви работи само чудно ми е како линискиот судија, а поготово и Орсато не го видоа ова на лице несто, зашто апла е излезена топката во аут.

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.746
Поени од реакции
22.931
Не е дека 1-1 е лош резултат за Сити на Сантиаго Бернабеу. Немаа потреба на гости да одат на победа и да се заебат како лани.
Имам впечаток дека на Гвардиола над 60% од натпреварите на гостински терен во нокаут фаза од ЛШ му се нерешено. Немам проверено за точен процент, ама уште од времето во Барселона, па Баерн и сега Сити, многу многу често играат нерешено на гости во нокаут фаза (сезонава сите 3 натпревари ги изиграа со идентичен резултат 1-1, против Лајпциг, Баерн и сега Реал).
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.314
Поени од реакции
19.789
@MiteReal @zmej gorjanin
Ако не разбирате Шпански еве накратко, голот на Де Брујн немаше да биди поништен и да излегла топката во аут, затоа и ВАР не се уклучи оти премногу назад беше таа акција.
Тој момент со топката во аут беше 66:29
а голот падна 66:50
Тоа е после 21 секунда, гледај ја акцијата, после тоа уште еден куп додавања имаа Сити.
Спијте мирно двата сега :pipi: :sleep:
Автоматски споено мислење:

И против Атлетико лани на Метрополитано 0-0
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.772
Поени од реакции
11.790
Потврдија од beIN Sports дека топката го напуштила теренот. Јебига, се дешаваат вакви работи само чудно ми е како линискиот судија, а поготово и Орсато не го видоа ова на лице несто, зашто апла е излезена топката во аут.

Мадрид ја имаа топката после ова, што е дефиниција за 'new play'.

Вар не може да го смени ова.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.685
Поени од реакции
5.315
@MiteReal @zmej gorjanin
Ако не разбирате Шпански еве накратко, голот на Де Брујн немаше да биди поништен и да излегла топката во аут, затоа и ВАР не се уклучи оти премногу назад беше таа акција.
Тој момент со топката во аут беше 66:29
а голот падна 66:50
Тоа е после 21 секунда, гледај ја акцијата, после тоа уште еден куп додавања имаа Сити.
Спијте мирно двата сега :pipi: :sleep:
Ја пак ќе пишам, видување ако топката го напушта теренот автоматски тоа е нерегуларна игра и мора акцијата да биде прекината, или прогласена за нерегуларна со помош на ВАР во случајов.
После напуштање на топката на теренот и 5 пати да смени посед е нерегуларна акцијата.
 
C

confusion

Гостин
Многу високо квалитетна утакмица, многу добар фудбал се играше вечерва. Грешките на двата тима беа сведени на минимум, едноставно немаше слаба карика во првите 11 играчи во двата тима. Пеп го има простудирано Реал, ама и Анчелоти не му останал должен.

Денеска беше предобро поставена екипата на Реал, знае Анчелоти дека Халанд е неодбранлив ако дозволиш да стига топката до него. Затоа имаше поставено низок блок и секогаш имаше по двајца играчи на Де Брујнена аметка на страничните бекови да се бранат сами против крилата на Сити. Тука Пеп мораше да го стави Марез зашто е многу подобар играч во 1v1 игра од Грилиш/Бернардо и мислам дека ќе праеше проблеми поготово кај Камавинга и Карвахал.

Од друга страна Родри издоминира кај Пеп, скроз го искористи фактот што немаше константно играч на него да го маркира и тотално издоминира во средина. Многу е мазга, висок е, брз и има долги нозе, башка што е многу паметен играч. Знае кога и со колку интензитет да направи фаул за да не добие жолт картон.

Ме радува што Реал створи многу полесно шанси од што очекував. Има реванш, ќе биде многу заебано на Етихад. Што и да се деси, барем да гледаме одличен фудбал како овој вечерва.
Од овој меч само Реал губи со резултатов, Пеп ќе си иде со нерешено и цела недела да анализира, по мене за следната утакмица треба да излезе со 4-4-2, место Грилиш и Бернардо Силва да ги внесе Алварез и Фоден, со тоа што на средина ќе створат вишок, КДБ ќе добие по слободна улога/или Фоден додека Алварез и Халаанд ќе се отвараат и вршат пресинг.
За сите години што мрсевме за Пеп дека експирементира, годинава излезе со стандарден состав ама Грилиш и Силва флопнаа јако, ништо не изиграа и премногу отсечен беше Халанд и КДБ. Така да неверувам дека пак со истата формација ќе излезе.
 
O

ob1

Гостин
Мадрид ја имаа топката после ова, што е дефиниција за 'new play'.

Вар не може да го смени ова.
Да да, знам, јасно ми е дека ВАР не можеше да интервенира.
Мене мислењето ми беше дека за време на акцијата третиот судија, а поготово Орсато требаа да реагираат одма. Орсато и на видеово се гледа дека е на два метра од случувањата.
Е сеа не знам ни дали смее четвртиот судија (Орсато) да ја прекине играта поради аут.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.685
Поени од реакции
5.315
Од овој меч само Реал губи со резултатов, Пеп ќе си иде со нерешено и цела недела да анализира, по мене за следната утакмица треба да излезе со 4-4-2, место Грилиш и Бернардо Силва да ги внесе Алварез и Фоден, со тоа што на средина ќе створат вишок, КДБ ќе добие по слободна улога/или Фоден додека Алварез и Халаанд ќе се отвараат и вршат пресинг.
За сите години што мрсевме за Пеп дека експирементира, годинава излезе со стандарден состав ама Грилиш и Силва флопнаа јако, ништо не изиграа и премногу отсечен беше Халанд и КДБ. Така да неверувам дека пак со истата формација ќе излезе.
Бато мислиш некој ќе ги запре Вини и Родриго на реваншот :D
Само бетер за нив, ќе се опуштат демек домашен терен, иии :icon_lol:
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.314
Поени од реакции
19.789
Ја пак ќе пишам, видување ако топката го напушта теренот автоматски тоа е нерегуларна игра и мора акцијата да биде прекината, или прогласена за нерегуларна со помош на ВАР во случајов.
После напуштање на топката на теренот и 5 пати да смени посед е нерегуларна акцијата.
Епа сега да, требаше играта да биди прекината ама кога веќе тоа не го сториле нема смисла да се поништи гол кој паднал после 21 секунда. Се дешава многупати играта да не се прекини ако топката е во аут, јбг.
 
C

confusion

Гостин
Бато мислиш некој ќе ги запре Вини и Родриго на реваншот :D
Само бетер за нив, ќе се опуштат демек домашен терен, иии :icon_lol:
Нема да ги запре никој, Вини индвидуално е топ3 играчи моментално во свет, едноставно игра со магија во нозе ама проблемот е што денес Сити играше нетипично за нив, отсечено, грчевито, можда и такви им биле инструкциите, да се претпазливи ама ипак, ништо не изиграа. Не верувам дека и на Етихад ќе иде толку калкулантски Пеп пошто пак ќе изедат ладен туш со индивидуален потег на Вини ама тогаш нема да има уште една утакмица, тоа е.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Бато мислиш некој ќе ги запре Вини и Родриго на реваншот :D
Само бетер за нив, ќе се опуштат демек домашен терен, иии :icon_lol:
Што има Вини да им каже на премиер лигашите?

Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom