Фудбалски/трансфер дискусии

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.742
Поени од реакции
22.923
Барса фанс на апаратима :LOL:
Кај се сега тие шо ни ја подуја глата Роналдо кога потпиша за Ал Наср :cautious:
Тролањето за Кристијано беше затоа што месец дена пред да потпише за Ал Наср во интервјуто кај другар му Пирс Морган рече дека ако сакал пари ќе отишол во Саудиска Арабија, но целта му е да игра на највисоко ниво во Европа.

Иначе, ретко кој би одбил понуда од 400 милиони по сезона (двојно повеќе и од платата на Кристијано), а ако неко е во позиција да го направи тоа, тоа е Меси моментално.
Во секој случај и да не сака да игра веќе на највисоко ниво во Европа, има милион подобри(од фудбалски аспект) дестинации од пустината на блискиот исток.
Во Аргентина ќе биде пречекан како Бог. Кина, Јапонија, па и САД... Со таа разлика што никаде на друго место не може ни приближно исто да искешира пред крај на кариерата.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.949
Поени од реакции
67.696
Можеби е заситен веќе, сака поопуштен живот. Ги остварил сите амбиции, докажал дека е најдобар, сега може да мисли на тоа како ќе си има најдобар живот, а ќе среди и за внуците.
Не верувам дека во Саудиска Арабија ке живее опуштен живот, посебно онаа неговата што на секоја втора слика е во бикини. Меси има околу 1 миљарда до сега заработено. Не внуци, 50 поколенија има обезбедено. Сепак, за 2 години да си го скоро дуплираш богатството од целата кариера заработено е сулуда понуда.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.536
Поени од реакции
15.018

Пред се, мислев опуштено од притисок во однос на резултати, строг професионален живот, цело време да си подготвен на врвно ниво. Ваму ќе биде поинаку.

Ќе им биде досадно, не е тоа САД, но за нив ќе биде опуштено за живот. Нема да имаат проблеми со власта, туку со досада.

А секако дека има пари за топ живот, сега ќе отиде едно ниво погоре, но кога живиеш луксузно и многу се троши. Додека заработуваат трошат, а камоли да продолжат со таков живот кога ќе останат без приходи.

Што се 100 милиони ако живееш луксузно?! Еден пентхаус во Њујорк, а куќа во Калифорнија или Мајами, па јахта, приватни летови, трошоци за одржување на сето тоа, па пари за луксузирање на децата како ќе раснат се повеќе. Да бидеш вез страв да ти пропадне инвестицијата, како на Конте...
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.677
Поени од реакции
11.755

На него и на Роналдо толку им е разработен брендот така да и кога ке престанат да играат ке млатат пари од спонзорства аман не се секирај неѓа да просат нивните правнуци
За илистрација Џордан одкако се пензионирал заработил десет пати повеќе одколку додека играл
 
Не се секирам. Еве ако не е тоа што го пишувам, тогаш, според тебе, кои се причините да се одлучи за СА?
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.677
Поени од реакции
11.755
Не се секирам. Еве ако не е тоа што го пишувам, тогаш, според тебе, кои се причините да се одлучи за СА?
Алчност за пари и ништо повеќе а не дека ке му фалат пари за внуците
Многу наивно ако мислиш дека не инвестираат во све и свашта
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.536
Поени од реакции
15.018
Алчност за пари и ништо повеќе а не дека ке му фалат пари за внуците
Многу наивно ако мислиш дека не инвестираат во све и свашта
Па нормално дека е алчност. Кој има/прави големи пари, а да не е алчен? Не е светец. Јас само пишувам дека луксузен живот чини премногу, а не дека нема обезбедено и дека ќе има премногу. Дадов пример со пентхаус во Њујорк и вила во Калифорнија, може и една куќа на Малдиви до таа на Чолисимо, сето тоа, како и милион други глупости, во суштина и не ти треба и се работи за алчност, но кога веќе живееш така, тоа чини.

Можеш било каде на свет да најдеш смештај Од 100 до 300$ за ноќ и да не ти фали ништо (ќе најдеш сосема пристоен и за помалку), може и во соба од 1000 до 3000$, што е веќе занесуваање, а ете фрлаат пари да изнајмат вили кои чинат по десетици илјади долари и влечат послуга (меѓудругото и за кучиња) со нив кога одат некаде. Може да изнајми јахта и готово, а тие купуваат, па потоа дополнително фрлаат пари за посада, тоа што стои на пристаниште и слични глупости.

Е сега, оди на тоа да живее така, да троши без да му ја мисли, да има и промашувања инвестициски и плус да остави огромни пари. Дали е исправно, морално, потребно, тоа е веќе друг муабет.

Има и до тоа "legacy", што викаат Американците.

Не би се изненадил, десетици милиони да потроши и за хуманитарни цели, меѓудругото и поради името и тоа како ќе биде запаметен.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.493
Поени од реакции
28.928
Видете само Бекам пред колку време се пензионираше од фудбал, колку ништо не постигна од фудбалски аспект а која пара ја врти сега. Типот денес жари и пали во модниот свет, во фудбалскиот скоро и да не постои. Не го викаат ни за топчиња отварање во ЛШ.

Меси и Роналдо фубалски се веќе преостварени како играчи така што од други страни само бонуси на заработката може да влечат.
 
Kaко мислиш, не постигна ништо од фудбалски аспект?
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.309
Поени од реакции
19.772

Меси ќе го викаат ко ќе снимаат некоја реклама со штрумфови, во модниот свет малце потешко :LOL:
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.493
Поени од реакции
28.928
Kaко мислиш, не постигна ништо од фудбалски аспект?
Да се освои англиско со најдобриот Манчестер Јунајтед во историјата не е некој голем успех, башка не беше носител на игра или нераскинлива алка како Меси и Роналдо што беа. Во Реал беше дел од најдното генерација кога почна Барселона да доминира. Тој дојде кога веќе Реал ја имаше освоено последната титула ЛШ пред Анчелоти - Зидан доминацијата.
За Англија подобро да не ни почнуваме да дискутираме што има постигнато.
Автоматски споено мислење:

Меси ќе го викаат ко ќе снимаат некоја реклама со штрумфови, во модниот свет малце потешко :LOL:
Ама тинејџери од Јужна Америка ќе купуваат боксерки, маици, бермуди и чорапи со неговото лого ако не купуваат сакоа и кошули.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.447
Поени од реакции
39.075
Џордан не игра веќе 20 години, а заработува повеќе од секој актуелен кошаркар во НБА. Дневно заработува 400к долари само од Најк.

Меси има огромни инвестиции, во текот на кариерата има вложено над 200 милиони само на хотели низ атрактивни туристички дестинации. Премногу ќе значи сега некој да му истури милијарда чист капитал за 2-3 год.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.949
Поени од реакции
67.696
Да се освои англиско со најдобриот Манчестер Јунајтед во историјата не е некој голем успех, башка не беше носител на игра или нераскинлива алка како Меси и Роналдо што беа. Во Реал беше дел од најдното генерација кога почна Барселона да доминира. Тој дојде кога веќе Реал ја имаше освоено последната титула ЛШ пред Анчелоти - Зидан доминацијата.
За Англија подобро да не ни почнуваме да дискутираме што има постигнато.
Автоматски споено мислење:

Ама тинејџери од Јужна Америка ќе купуваат боксерки, маици, бермуди и чорапи со неговото лого ако не купуваат сакоа и кошули.
Нема играч што е како Меси или Роналдо. И тешко дека ке има. Арно ама, Бекам има освоено ЛШ со Јунајтед, 6 Премиер Лиги и беше прогласен во топ 3 играчи во светот. Фиго ја зеде Златната топка пред него. Постои лоша перцепција дека бил манекен, ама сеуште стои рекордот за голови од слободни удари во ПЛ. Главен асистент секоја година во тој Јунајтед, се дур не отиде во Реал. Не знам таму што освои, ама дека не имал некој успех, не се слагам.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.493
Поени од реакции
28.928
Нема играч што е како Меси или Роналдо. И тешко дека ке има. Арно ама, Бекам има освоено ЛШ со Јунајтед, 6 Премиер Лиги и беше прогласен во топ 3 играчи во светот. Фиго ја зеде Златната топка пред него. Постои лоша перцепција дека бил манекен, ама сеуште стои рекордот за голови од слободни удари во ПЛ. Главен асистент секоја година во тој Јунајтед, се дур не отиде во Реал. Не знам таму што освои, ама дека не имал некој успех, не се слагам.
Како и да е тој тогаш ја направи револуцијата во фудбалот првпат фудбалер да остави поголем медиумски впечаток по нефудбалските активности.
Затоа сега сите го памттиме како манекенот Бекам отколку како фудбалерот. Трансферите во ПСЖ, Милан и Галакси му беа се само не од фудбалски аспект.
Инаку во Реал беше од 2003 до 2007 кога галактикосите со Зидан, Роналдо, Фиго, Карлос, Бекам почнаа да се заменуваат со Овен, Касано, Робињо, Вудгејт.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom