Многу високо квалитетна утакмица, многу добар фудбал се играше вечерва. Грешките на двата тима беа сведени на минимум, едноставно немаше слаба карика во првите 11 играчи во двата тима. Пеп го има простудирано Реал, ама и Анчелоти не му останал должен.
Денеска беше предобро поставена екипата на Реал, знае Анчелоти дека Халанд е неодбранлив ако дозволиш да стига топката до него. Затоа имаше поставено низок блок и секогаш имаше по двајца играчи на Де Брујнена аметка на страничните бекови да се бранат сами против крилата на Сити. Тука Пеп мораше да го стави Марез зашто е многу подобар играч во 1v1 игра од Грилиш/Бернардо и мислам дека ќе праеше проблеми поготово кај Камавинга и Карвахал.
Од друга страна Родри издоминира кај Пеп, скроз го искористи фактот што немаше константно играч на него да го маркира и тотално издоминира во средина. Многу е мазга, висок е, брз и има долги нозе, башка што е многу паметен играч. Знае кога и со колку интензитет да направи фаул за да не добие жолт картон.
Ме радува што Реал створи многу полесно шанси од што очекував. Има реванш, ќе биде многу заебано на Етихад. Што и да се деси, барем да гледаме одличен фудбал како овој вечерва.