UEFA Champions League - Season 2022/23

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во ЛШ?


  • Вкупно гласачи
    113
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Сити се далеку од непобедливи
Нема екипа непобедлива, поготово во нокаут натпреварување плус додај дека Реал се доктори за во ЛШ така да имаат реални шанси за пролаз
 
На сите тие пари и играчи, да немаш менталитет да играш големи мечеви, фасцинантно е. Пеп, браво. Сега ќе се истурат против Евертон за викенд и пак ура, ура, „најаки“.
Реал треба да жали, имаше чист пенал за нив, имаа и шанси, требаше да ја добијат утакмциава, апсолутно подобри беа, тактички точно знаеа што прават.
Од друга страна, Грилиш, Бернардно Силва, Гундоган, КДБ и покрај голот, не знаеа кај тераат, тотално отсечени, фатени у нозе, играње со грч, срамотно издање.
Не ни очекувам дека помине Сити искрено, ова е екипа правена и градена да руинира во лига и билда стра и моментум против послаби екипи, што го прави со исклучителна леснотија, ама за големи мечеви како овој денес, кога ќе излезат на терен, како сосема друга екипа да гледам.
И да, не знам како Родри и Силва завршија без картони, посебно првиов лингур кој по инструкции на најакиот тренер на сва времена, констатно тепаше, сецкаше игра, маме му ебам, смачено ми е да ги гледам веќе.
 
Со самиот факт што Реал е презаситен во ЛШ а Сити на Пеп јури по таа титула години уназад притисокот е повеќе на страната на Сити,од таму и ова издание вечерва на Сити. Два натпревари се играат, играа претпазливо, Реал има индивидуалци кои можат со еден потег да те решат ако се опуштиш.
На реваншот е све отворено ама мислам дека Сити оди понатаму.
Ваљда Халанд ќе се разбуди во Манчестер,иако вечерва и немаше некои употребливи топки кон него,добро беше затворен а Де Брујн пак ќе речам, и покрај голот изигра утакмица под негови стандарди.

Анчелоти ала Чоло од најдобри дани, со мавање, со контри,со јак пресинг успеа да му се држи на Пеп.
Карвахал треба по муце да јади, крајно безобразен и одвратен играч, не за фаулот туку за провоцирањата и глумата. Го фрли во рекламите Грилиш како партал, за исто такво туркање против Атлетико е свирен пенал.
 
Како ја фати онаа Едерсон алал да му е му ебам гуштерската глава
 
Не е дека 1-1 е лош резултат за Сити на Сантиаго Бернабеу. Немаа потреба на гости да одат на победа и да се заебат како лани.

Ќе нагазат малце повеќе дома, е сеа Реал е стандард опасен на контри. Ама супер што имаме активен резултат.
 
Нема шо, се гледа чисто како солза :D
Доста кукаш, се скапа жалење, де пенал било за Реал, де топката во аут ...

Како само виде од овој агол дека е се чисто... легни си молимте, не ја сери дискусијата
 
Како само виде од овој агол дека е се чисто... легни си молимте, не ја сери дискусијата
Мите море Митеее
Па дека не се гледа, зато му коментирав, саркастичен ми беше коментарот
 
Само што сакав за тоа да пишам. Мораше да се гледа ова на ВАР... за пеналите добри проценки имаше мислам дека судијата, ама овде ја утнааа велико
Не се гледаше на ВАР бидејќи Реал ја имаше топката на момент после тоа ако не се лажам, па Сити брзо ја врати.

А во таков случај веќе не важи што се случувало претходно.
 
Многу високо квалитетна утакмица, многу добар фудбал се играше вечерва. Грешките на двата тима беа сведени на минимум, едноставно немаше слаба карика во првите 11 играчи во двата тима. Пеп го има простудирано Реал, ама и Анчелоти не му останал должен.

Денеска беше предобро поставена екипата на Реал, знае Анчелоти дека Халанд е неодбранлив ако дозволиш да стига топката до него. Затоа имаше поставено низок блок и секогаш имаше по двајца играчи на Де Брујнена аметка на страничните бекови да се бранат сами против крилата на Сити. Тука Пеп мораше да го стави Марез зашто е многу подобар играч во 1v1 игра од Грилиш/Бернардо и мислам дека ќе праеше проблеми поготово кај Камавинга и Карвахал.

Од друга страна Родри издоминира кај Пеп, скроз го искористи фактот што немаше константно играч на него да го маркира и тотално издоминира во средина. Многу е мазга, висок е, брз и има долги нозе, башка што е многу паметен играч. Знае кога и со колку интензитет да направи фаул за да не добие жолт картон.

Ме радува што Реал створи многу полесно шанси од што очекував. Има реванш, ќе биде многу заебано на Етихад. Што и да се деси, барем да гледаме одличен фудбал како овој вечерва.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom