Македонци во Германија

Kiro Hametovski

Sniffericious
Член од
11 декември 2005
Мислења
1.685
Поени од реакции
43
Odlicen fakultet ama tesko za rabota bez germanski. Mozhebi so Angliski ako si spremen da patuvas po EU
Inace od vozenje paketi samo ce crknis od rabota a pari nikakvi.
Imas kursevi germanski?
Ako nemas praj gi dodeka si tamu (daleku poevtini a se priznavaat) zatoa sto ovde mnogu tesko za Viza bez niv!
За курсеви не е проблем, одма би учел таму и тоа интензивно...а за возењево - тоа ми изгледа најбезболно без јазик и за старт...секако не планирам да го терам долго време.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.120
Поени од реакции
7.790
За курсеви не е проблем, одма би учел таму и тоа интензивно...а за возењево - тоа ми изгледа најбезболно без јазик и за старт...секако не планирам да го терам долго време.
Ima i drugi raboti sto se so vozenje a ne se paketi vleckanje na 10ti sprat bez lift!
Problem ti e da ja dobies prvata viza.
Praj kursevi (Najdobro i B1 -B2) i dodeka ne gi zavrsis stavija Germanija na Pause!
 

Kiro Hametovski

Sniffericious
Член од
11 декември 2005
Мислења
1.685
Поени од реакции
43
Ima i drugi raboti sto se so vozenje a ne se paketi vleckanje na 10ti sprat bez lift!
Problem ti e da ja dobies prvata viza.
Praj kursevi (Najdobro i B1 -B2) i dodeka ne gi zavrsis stavija Germanija na Pause!
Фала на совет. Ќе направам што треба
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
За курсеви не е проблем, одма би учел таму и тоа интензивно...а за возењево - тоа ми изгледа најбезболно без јазик и за старт...секако не планирам да го терам долго време.
Како што ти кажа членот погоре, фати учи јазик обавезно, овдека без Германски си како без една нога.
Аплицирај си за виза секој месец и не се откажувај (кога-тогаш ќе добиеш термин), за почеток најди работодавец пр. Амазон или Хермес (знам дека стално бараат, како што и спомна за да возиш) и пружи нога овдека. Првата виза нека ти биде врзана со било каква работа (ќе стегнеш заби и ќе издржиш), после ќе си најдеш подобра работа -има работа. Здравје и на струка ќе си најдеш, има работа за сите, само трпеливо.

Најважното -на посредници за виза заборави, превара ти е сето тоа. Исто избегнувај и посредници за работа -ќе пробуваат да ќарат на твој грб а реално не ти требаат.
И бегај што побрзо од тоа вукојебината.
Среќно!
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
И бегај што побрзо од тоа вукојебината.
Среќно!
Како бе така? Па нели до пред неколку месеци беше нашата мила мајка античка Македонија?
Вака ли ќе ја браните земјата? За ова ли се ударате у гради на секој празник и слично?
Нарочито ти, најгласен беше на политичките теми доека беше тука. Те спаси извесна Урсула и толку од патриотизмот.
Алкални батерии.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.743
Како бе така? Па нели до пред неколку месеци беше нашата мила мајка античка Македонија?
Вака ли ќе ја браните земјата? За ова ли се ударате у гради на секој празник и слично?
Нарочито ти, најгласен беше на политичките теми доека беше тука. Те спаси извесна Урсула и толку од патриотизмот.
Алкални батерии.
Каква мила мајка Македонија, ликот беше прв у Врање да се вакцинира, чак што више и по штрафоој идеше да купуе у Врање.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.557
Поени од реакции
24.906
decki sosema normalna rabota e toa. on seuste e nov vo stranstvo i se sporeduva so mkd i sfaka kolku bilo katastrofa tamu, doprva ke bide (so pravo) gneven. podocna pak ke smeni plocha ke uvidi i nekoj gluposti kade sto e, ke sfati deka nekoj raboti sto sega/porano go nervirale i ne se tolku bitni...

najbitno e nego da mu e arno. makedonijava nemoze da se opravi se dur celiot narod ne sfati deka mora i so drzavata da se odnesuva ko sto se odnesuva so svojot dom. jas ne sum videl mkd familija doma da ne im e iscisteno ili sredeno be... 10 metri od pred cherga veke gajle im e... se dur sme takvi i taka se odnesuvame so se nema da ima napredok.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Како бе така? Па нели до пред неколку месеци беше нашата мила мајка античка Македонија?
Вака ли ќе ја браните земјата? За ова ли се ударате у гради на секој празник и слично?
Нарочито ти, најгласен беше на политичките теми доека беше тука. Те спаси извесна Урсула и толку од патриотизмот.
Алкални батерии.
Гледам сум ти бил "интересен" петочки доцна во ноќта, жално. НО и покрај тоа, сепак не си читал доволно за мене (4 декември 2022). Океј. Разбирам дека те интересира туѓиот двор, па еве подолу одговор или дел од одговорите на твоите прашања упатени кон мене, нешто одамна напишано од мене, во соодветна тема.
Пак ги читам оние северни муабети фрчат како луди, дека сите ние што сме се иселиле од Македонија сме глупи, безвредни и прости што не сме се снашле во својата татковина. Не сме знаеле да си го цениме сопствениот труд таму. Тоа ти е.
Како што и одредени индивидуи кои живеат во Македонија, велат дека дури сме им од корист сите ние што сме трајно иселени од Македонија.

Ооооооо црепска работа.

Не бе. Во Македонија НЕМА сиромаштија, ниски плати, ужасна економија, ужасен здравствен систем, корумпирано судство, катастрофално менаџирање со кризите (Ковид, економска, итн), ужасно образование, криминалци на власт 30 години, итн, итн. Просто кажано, ТОТАЛНО нефункционална држава, со систем кој едноставно НЕ функционира, ниту некогаш ќе профункционира.
Абе отиде таа држава јабана, кој признал океј, кој не пак океј но реалноста е таа.
Но тоа на партиските ботови ЏАБЕ објаснување. Пак ќе си го верглаат своето како навиени дека ружи цветаат 365 дена во годиниата насекаде во вукојебината, а ние сме будалите. Ама муабетот пак ќе се сведе на тоа кој може да ги помирисне и види тие ружи? Ние глупавите дијаспорци сигурно не.

Епа, овие горенаведени работи ги НЕМА во Германија (како и во други високоразвиени држави).

Тука во Германија, хипотетички како пример, 2 члена да работат со просек грубо кажано нето плата од по 2000€ заработуваат вкупно 4000еур. Стан под кирија сосе сите платени сметки заокружи 1000€ (не мора секој да живее во голем град и блиску до центар).
Доколку имаат пример и две деца +245€ по дете и ОПААА вкупно се собрале чисти 3500€ за трошок. Онака проста математика. Доволни се за храна и сите останати потребни основни трошоци? И повеќе од тоа.

Дополнително тука секој добива одлично здравство, образование, просперитет за децата, како и за себе и се друго позитивно по ред, да не набројувам.

Читам се фатиле за оние со бугарски пасоши. Па која е потребата од таков пасош кога лесно се добива термин и виза за престој и со МК пасош. Амбасада, термин, документи, виза и ајде горе. Сега барем е играчка да се работи овдека и со МК пасош.
Тој што живее и работи овдека со бугарски пасош, секако дека го гледам како МАКЕДОНЕЦ и го почитувам. И тој се снашол на одреден начин, за да избега од долу.
Не правам никаква дискриминација помеѓу мојот народ, поради некој си папир што ништо не значи.

Но да се мрчи нешто, тоа е работата, секогаш нешто мора да се мрчи против нас дијаспорците. Општо земено, во нашата генетика е да се мрчи за се и сешто.

Па мајку му стара. Кога мој родител пензионер летоска се реши без да трепне да ја напушти трајно Македонија, да дојде и да остане да живее во Германија, едноставно поради ОДЛИЧНОТО здравство овдека кое за мојот родител беше навистина потребно (да не одам на широко, но мојот родител ако летоска останеше во Македонија, немаше да биде повеќе на овој свет поради една ситна но дебело УТНАТА хируршка интервенција направена во МК).
Така што мојот родител сега ужива во своите пензионерските денови, не само поради одличното здравство овде, секако дека и поради се друго позитивно овдека и ниту на крај памет не му е да се врати некогаш во Македонија (сем туристички).

Кога мој многу близок роднина на 55 години, дебело му пукна филм од убавината долу, па есенва дојде да живее овдека зошто во вукојебината не можеше да најде работа за повисока плата од 18.000 денари (париски бот би рекол глуп и неспособен бил) па секој месец му испраќав пари за едвам да скрпи крај со крај.
Еве го сега, плаќа 650еур кирија (на периферија живее сам), работи, си заработува и супер му е. Живее достоинствен живот, како што му доликува на секој човек на планетава.

Другиот родител тука ми живее повеќе од 25 години, секако веќе е пензиониран.

Јас? Јас дипломирав тука и продолжив со постдипломски студии, потоа поседував полни 12 години сина карта и како крајно решив да потегнам еден голем чекор во врска со документи (што имав право да го направам и пред 4 години), со што есенва конечно си ја завршив и таа работа.
Сем туристички не би стапнал повеќе во Северна, но следен пат на пасошка ќе им подадам Германски лични документи. И не се срамам поради тоа.

И што сега? И јас сум за шиканирање што повеќе не сум на папир Македонски државјанин?
Ама ич не ми е гајле, кој што мисли, кој што рекол и дали нешто рекол. Јас си знам како што се чувствувам, дали си го сакам својот народ и мојата татковина. Да, си ја сакам својата татковина и својот народ. И тоа многу.

Веќе одамна само едно ми е битно. На мене ми е супер, сега веќе цела фамилија ми е тука на куп, сите сме среќни и задоволни. А кој што мисли од страна, едноставно не ме интересира. Одамна престанав да се замарам тоа.
За останатото кое не е напишано, препуштам на твојата имагинација.
 
Член од
9 мај 2023
Мислења
3
Поени од реакции
2
molam za pomos! moeto dete turisticki so sopstveno vozilo se naoga vo germanija i deneska e ograbeno vo potsdam ukradena mu e cantata so laptop pasos paricnik i drugi raboti. toj sosebe go ima samo mobilniot telefon sto go nosel vo dzeb od farmerki. napraven e zapisnik od tamosnata policija no dali ima nekoj nas sto moze da mu pomogme da prespie kaj nego dodeka dobie pasavan od ambasada da moze da si zamine doma. Odnapred blagodaram
 
Член од
9 мај 2023
Мислења
3
Поени од реакции
2
Napisi na fb vo taa grupa makedonci vo germanija.... ke dobies odgovor, ovde nema da vidat mnogu luge. Ako e blizu Avstrija....jas imam stan za spienje. Do germnaskata grqnica....
ova e prema berlin ne sme clenovi na nikakva grupa uste cekam da me prifatat za da mozam da objavam pa ovdeka mi e prvata objava. fala
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
ova e prema berlin ne sme clenovi na nikakva grupa uste cekam da me prifatat za da mozam da objavam pa ovdeka mi e prvata objava. fala
Прати ми во порака број од синот веднаш да го контактирам.
Јас живеам во Берлин, Потсдам е на 30км од мене. Ќе го прифатам кај мене дома додека не се заврши работа, без никаков проблем.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Прати ми во порака број од синот веднаш да го контактирам.
Јас живеам во Берлин, Потсдам е на 30км од мене. Ќе го прифатам кај мене дома додека не се заврши работа, без никаков проблем.
:cuc::cuc::bravobe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom