Фан клуб: РК Пелистер

Член од
20 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
324
Шо ве боли куро бе колку странци ќе можеле, во лига шампиони можи и 20 ако сакат и то е најбитното, за домашно првенство ќе му ја мислат кој да ги земат за која утакмица а кој не.
И не си прајте филмој дека со Дејвис, Хосни, Сери ќе играме лига шампиони. Тие се добри играчи ама за втора опција. Мора ако не цела постава едно 4-5 играчи класа носење ако неќат да сме топовско месо таму и да губиме 15 разлика во стил на Зомимак кога изборија пласман во сеха.
 
Член од
6 февруари 2011
Мислења
874
Поени од реакции
3.784
Нажалост мислам Велковски нема поќе шо да понуди послем таква повреда, македонски играчи врз кој треба да се базира играта се, браќата Атанасијевиќ, Пешевски, Ѓоргоновски,Кизиќ, Костески, Ојлевски, Танковски,Кузмановски,од двојката Белистојановски.
 
Член од
14 октомври 2022
Мислења
67
Поени од реакции
398
Pripremite za naredna godina veke zapocnaja, pred vrakanje vo PELISTER e Peric do kraj na nedelava bi trebalo da potpisi.
Незнам колку ти е точна информацијата за перич, дај боже да е така ама мислам дека нема да дојди, мислам дека управата чека да заврши сезоната па да носи одлуки. Иначе, вгодина со господ напред, најверојатно лига шампиони ќе играме тука, а шо се однесва до Велковски најверојатно е потпишан во алкалоид, така да допрва ќе има измени, да се надеваме на многу поквалитетни одлуки и трансфери ова година.
 
П

Пљампач

Гостин
Незнам колку ти е точна информацијата за перич, дај боже да е така ама мислам дека нема да дојди, мислам дека управата чека да заврши сезоната па да носи одлуки. Иначе, вгодина со господ напред, најверојатно лига шампиони ќе играме тука, а шо се однесва до Велковски најверојатно е потпишан во алкалоид, така да допрва ќе има измени, да се надеваме на многу поквалитетни одлуки и трансфери ова година.
Нема шанса да се игра ЛШ во Битола. Правилата на ЕХФ се многу јасни а таму е дефинирано сала со минимум капацитет од 2000 гледачи и трибини позади голојте, обезбедена новинарска ложа и вип ложа на самите трибини.
Освен Скопје, друг град во ова наша ебана држава, нема сала шо исполнува такви услови а разговараме тука за најракометна нација.
Пошо очигледно во наредните 5 години не е ни на повидок изградба на нова сала кај нас, клубот сакале или не ќе мора да се префрли во Скопје за овие натпревари.
 
П

Пљампач

Гостин
Точно!
Заминавме со муабетите а уште ништо не е завршено. Дури не помини мечот со Охрид, ништо не е обезбедено.
Да не ја напрајме истата грешка кско Вардар со Алкалоид и после да останиме со к**о враце.
Чекор по чекор.
 

Deksi

Локал патриот
Член од
16 март 2010
Мислења
929
Поени од реакции
1.236
Нема шанса да се игра ЛШ во Битола. Правилата на ЕХФ се многу јасни а таму е дефинирано сала со минимум капацитет од 2000 гледачи и трибини позади голојте, обезбедена новинарска ложа и вип ложа на самите трибини.
Освен Скопје, друг град во ова наша ебана држава, нема сала шо исполнува такви услови а разговараме тука за најракометна нација.
Пошо очигледно во наредните 5 години не е ни на повидок изградба на нова сала кај нас, клубот сакале или не ќе мора да се префрли во Скопје за овие натпревари.
Не си во право за салата, и јас знам дека уште оваа сезона ИМАМЕ услови, а правилата за 4 трибини важат за од сезона 2024/25, ќе треба сигурно средвање на многу работи, шминкање ама околу трибините и основните услови имаме право. И луѓе блиски до клубот пред утакмицата со Вардар истиот ден праевме муабет, истото го рекоја дека уште наредна сезона ,,С.С. Боро Чурлевски" ќе има право. Останва да видиме.

Sent from my SM-G998B using Tapatalk
 
Член од
2 август 2011
Мислења
1.269
Поени од реакции
1.704
Прво треба да ја освојме титулата после ред по ред, салата ќе се шминка, а за играчи сепак треба да бидеме реални ова не е времето кога грујо преку самсоненко переа пари во вардар па носеа играчи од калибар на ЛШ и уште а вероватно уште доста време ќе ги плаќаат тие играчи дур не му се смачи на ЕХФ па да ги пресечи ко металург (иако Михајло му кажува приказни за подмирени долгови). Поарно да си ја пуштиме ногата колку што ни е чергата па играчи да донесиме евентуално некој да изненадиме отколку да пливаме во борчој, се знај колку ни е моќта нема потреба од занесување.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.171
Не си во право за салата, и јас знам дека уште оваа сезона ИМАМЕ услови, а правилата за 4 трибини важат за од сезона 2024/25, ќе треба сигурно средвање на многу работи, шминкање ама околу трибините и основните услови имаме право.
Дека имате право за салата, според правилата, не сум сигурен дека имате. Ама не значи дека нема да ви прогледаат низ прсти. Зошто во критериумите се бара и работи надвор од салата, како посебна соба за ВИП лица, анти-допиг просторија, сала за прес, и сл. И сите овие треба да исполнуваат некои критериуми. Плус, има стандарди за колку ЛЕД табли мора да има со реклами до теренот, и колку смеат да бидат одалечни. Прашање дали кај вас физички има можности за овие работи, пошто е стара салата и тогаш не се мислело на овие работи.

Мора да се разбере дека ЕХФ сака ЛШ да биде унифициран ТВ производ. Натпреварите треба да бидат снимани од одреден агол, да имаат исти кадри, за да има некој стандард кога гледачи гледаат да препознаваат што гледаат. И ЕХФ сака да ги продава правата насекаде, па се тоа мора да делува професионално.

Сепак, Пик Сегед најверојатно не исполнуваш и на времето некои стандарди за салата, пошто аголот од кои се снимаа натпреварите кај нив, едните крила не ни можеше асално да ги видиш, зошто беше мала салата и ниска. Ама делува дека ЕХФ сега се поозбилни него претходно. Они сакаат 4 трибини, за да може подинамичен да биде преносот, со кадри од позади гол кога шутираат играчи.

Ќе видиме, ама не би бил изненаден да ви се фатат за нешто. Сепак, мислам дека би ве пуштиле.
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
1.171
Поени од реакции
6.848
Има доста работи за шминкање во салата, шо со добра војља секако, реално за месец два се достижни да се завршат. Анти допинг просторија, соба за ВИП,(мислам сето тоа го има а ако го нема има простор да се реши), паркинг брзо се решават, лед табли веќе се поставуваа оваа сезона за европските утакмици, мислам дека треба и нов семафор шо се бара веќе 3 години, осветлувањето е по стандарди...мислам најголем недостиг е трибини позади гол. То знам дека е разговарано со архитекти, едноставно не е возможно да се изведи.
Било како, прво со Охрид па Тиквеш дома, па после нека му ја думат. Ќе имат цело лето да работат
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.171
лед табли веќе се поставуваа оваа сезона за европските утакмици,
Абе се поставуваат, ама дали се според прописи? Зошто ЛЕ ретко кој гледа. ЛШ, спонзорите си имаат критериуми како ќе бидат презентирани. Затоа и даваат пари. Сакам да кажам, има некои глупости за кои може да се фатат, кои и не се баш во раце на ЕХФ, зошто и они одговараат на други.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.384
Поени од реакции
5.493
Најмал проблем е салата за следната сезона мислам, услови има, штом има за ЛЕ ќе има и за ЛШ, тоа со трибините е од 2024/25 (па за тогаш ако сакаат континуитет мора уште одма да се фатат за изградба на нова сала).
Проблем е самиот тим, треба во ЕХФ да се пријави стабилен буџет, па играчи, со 1 мил. можи да се сликаме само и ќе бидиме топовско месо за сите и дали би добиле учество, не се улај тие од ехф, да не добијат некој вајлд карта пред нас, па шо ако сме биле шампиони, па да се задоволиме само со домашна титула, оти има екипи шо чекаат цело време на вајлд карта многу постабилни од нас, како екипи од Данска, Португалија, Шпанија, па и Полска кои се 3 чекори пред Пелистер.
Мора двојно поголем буџет и носење на минимум 7-8 нови играчи, иначе со Сери, Суси, Пешевски и компанија ќе се тресиме и со Алкалоид не пак повеќе.
Така да прво да се види во каква насока ќе оди екипата, па после салата, за шминкање, дополнителни простории, вц, паркинг, до Септември лесно се прај....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom