Охрид е екипа шо не смеат никако да ја потценат.
Сериозни се, вложват, се гледа дека имат јаки спонзори.
Домашен терен, му треба нив утакмицата, ќе биди доста заебано.
Иако мислам дека со Бутел во гости тешко дека ќе добијат.
Имат далеку појака екипа од моменталниот пласман.
Според мене по имиња можи се за да бидат на трето место, пред Алкалоид.
Ама, не играт имињата на терен.
Слабата игра на гости, падојте во кондиција и црни дупки во напад шо му се дешават на секоја утакмица ги чинеа доста бодој.
Со Алколоид дома водеа до кај 50та минута, последни 10 минути му прај серија Алкалоид 6-0 и ја сврти утакмицата.
Со Тиквеш одвај тепаја дома, со колење, бесење.
Добри крила, Рустемов и Цирар, пикерот Бојаниќ е доста тежок за чување, гломазен, ако фати топка на линија е пола пенал.
И бекојте можат да бидат опасни ако му се дај шанса...
Дрогата ако му остајш простор можи да ти напрај доста проблеми, Каракоч е појќе од солиден плеј, брз, техничар, незгоден за чување.
Шешиќ на десен не е некој шутер, плус доста бавен е, дури да се крени помина нападот, ама ако му остат простор да се крева ќе биди заебан.
Голманите Миленковиќ и Цинцадзе се доста солидни, појќе од солидни би рекол, големи, покриват добар дел од голот.
За ова утакмица најпојќе ќе важи она шо го зборам одамна.
Треба одма одлепвање, брза разлика.
Ко шо беше на утакмицата во Битола со нив, од старт прајш разлика и затвораш.
Ако се влези во егал меч, ќе биди заебано.
Домашен терен, судии, притисок од важност на меч, се можи да се случи.
А, никој нејќи да имаме проблеми.
Зато треба да излезат со сите сили, јако, од старт да нагазат.
Убо е шо Охрид не е толку спремна екипа на кондиција како Тиквеш.
Па тука треба да прекршиме, со подолгата ротација.
Секако, ако ротират нашите тренери ко шо треба.
Тиквеш се лудаци, како оси се на терен, на врат обесени.
И со нив ќе биди заебано последно коло.
Ама, да одиме со ред.
Прво, за купот.
Не смеј да се клава купот во втор план, треба со сите сили да одат да го земат трофејот.
Мислам дека така и ќе биди.