Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Истите тие „религиски патокази“ постојат и како етички норми и патокази.
Науката и технологијата го олеснуваат животот на човекот (кога се користат за таква цел), и целта е прогрес.
Она што ме чуди отсекогаш е зошто религиозните одите да барате помош на лекар? Ако толку сметате дека религијата е супериорна во однос на науката, молете се дома и можеби ќе ви помине?
Дожд од информации има само ако одбереш така, никој не ти вика дека ти мора да имаш 10 акаунти на социјални мрежи и да ги следиш сите, или да слушаш вести, и не споредувајте ја науката и технологијата со социјалните мрежи, истите како и религијата се маркетинг бизнис, технологијата опфаќа илјадници други сфери без кои не може да се замисли животот на модерниот човек.
Зошто ми се обраќаш како да сум религиозен верник?
Јасно ми е дека не разбирате што е духовност.Па да ти објаснам во кратки црти.
Тоа е исто како кога си заљубен и си во прегратка со саканата,очите ви вперени еден кон друг и ништо друго не постои.Ништо.
Земјата да се отвори и те проголта или планина да падне на тебе,нема око да ти трепне, ниту срцето ќе ти потскокнува од опасноста.
Нема ниту бог,ниту светец,ниту пророк,има само едно прашање кој сум јас.Се додека не постои јас,не постои ниту бог.Животот и смртта се едно.
Така да,тука ни науката има сила нешто да промени.
Оној момент кога ќе се оформи "јас",спротивно ќе се појави и бог.Тогаш можеш да го плашиш "јас" со лекари и страв од смрт.

Тоа "јас" е значајно за постоењето на самиот систем,затоа и истото го јакне за да ве држи во страв,неспособни нешто да направите.
Автоматски споено мислење:

Тешко дека е вака како што велиш...

Живите битија не произлегуваат од Бога, туку Он ги создава независно од Себе.

Кога Бог го создава човекот, човекот добива атрибути слични на Божјите, но не и идентични, а тие се разумот и слободната волја. Разумот и волјата се „образ Божни„ кои се впишани во човекот.

Исус, Синот Божји и Отецот навистина „се едно„, но по нивната Божја природа и по нивото неодвоиво заедништво, а не по некоја друга основа.
Потопот е приказна искажана во метафора,за тоа кое го доживува човек кога од телесен преминува во духовен.Исус го споредува тоа со повторно раѓање, т.с да се врати човек во утробата на својата мајка и повторно да се роди.Овде се мисли на душата,не на телото.А вратената душата во утробата е симболика за арката.Ти си во светот,но не си од светот.Тој е оној момент на кажаното јас сум тоа што сум.
Не роден, без облик.Тогаш е човек едно со бог.
Градење на арката е да создадеш контрола врз емоциите.Така како што било при создавањето на светот(за оваа реченица не оди далеку во историјата) , човек да биде господар над животните.

Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние, кој ќе биде +господар над рибите морски, и над птиците небески, и над ѕверовите – над целата земја и над сите гадинки што се движат по земјата!”

Кога ќе дојде потопот-смртта(присилна смрт) човек ќе владее со своите емоции-животни или ќе ги пушти без контрола?
Ќе се удавите(човечноста ќе ја нема) уште при првиот бран.

Сите приказни се исти и зборат за едно исто.
 
Последно уредено:
Зошто ми се обраќаш како да сум религиозен верник?
Јасно ми е дека не разбирате што е духовност.Па да ти објаснам во кратки црти.
Тоа е исто како кога си заљубен и си во прегратка со саканата,очите ви вперени еден кон друг и ништо друго не постои.Ништо.
Земјата да се отвори и те проголта или планина да падне на тебе,нема око да ти трепне, ниту срцето ќе ти потскокнува од опасноста.
Нема ниту бог,ниту светец,ниту пророк,има само едно прашање кој сум јас.Се додека не постои јас,не постои ниту бог.Животот и смртта се едно.
Така да,тука ни науката има сила нешто да промени.
Оној момент кога ќе се оформи "јас",спротивно ќе се појави и бог.Тогаш можеш да го плашиш "јас" со лекари и страв од смрт.

Тоа "јас" е значајно за постоењето на самиот систем,затоа и истото го јакне за да ве држи во страв,неспособни нешто да направите.
Епа ете тебе ти е полесно да веруваш во духовност, а некој друг седнал и го раздробил процесот и што се е вклучено, почнувајќи од центрите во мозокот, невротрансмитерите, хормоните и останатите хемикалии од типот на: окситоцин, вазопресин, серотонин, тестостерон, естроген, допамин, норепинефрин и тн.

Не бе батка, тој што е вистински верник не филозофира ни „јас“, ни „бог“. Ако навистина веруваш дека после ова следува вистинскиот живот, и вечен живот, тогаш не гледам потреба за страв и било каква интервенција за продолжување на тековниот живот.
Кон исламистине што се рокаат со бомби имам поголема почит од овој аспект, ликовите барем си држат до тоа што го веруваат.
 
Со една реченица, сакам да кажам ама не знам да речам. Штом треба нешто рационално да се објасни, добиваш поезија како одговор, и тоа прилично лоша. И јас можам така, гледај:

Не прашувај зошто е мачката куче, а понекогаш и гавран, затоа што ќе добиеш погрешни одговори на погрешни прашања. Кога еднаш ќе го почувствуваш магнетизмот на моето учење, ќе сфатиш зошто моето куче е и мачка, и гавран, а понекогаш и шимпанзо.

Гледаш колку е лесно?
Хе хее добар си..;) кај и да е пак ќе се вратиш на оваа тема зашто Немирот кој го носиш во тебе ќе те гони да го бараш одговорот на твоите прашања кои те мачат а на кои и понатаму немаш одговор иако си ги прочитал сите книги кои се за тебе битни во животот а не ти го создале мирот кој си го посакувал..а егото работи од друга страна и се наоѓаш во проблем...
 
Немам ништо јас :)
Не знам што се возбудуваш и во уста постојано ти се Телемити - те нервирам со „нов еон“? :)

Ова твоето е фанатизам... каде е душата? Што е душа?
Постојано се расфрлаш со површни зборови кои си ги разбираш како сакаш или веруваш дека постојат како ти сакаш... тоа е новото време :)
Далеку од догми и за душа и за богови и за верување и за ритуали - кои ти не ги правиш, но врескаш наоколу за богови и верувања :)

Никаквец низаеден :)

Луѓето во што се залажуваат е нивни проблем. Зарем не научи дека ти и другите луѓе барате најмал отпор во животот? Затоа и лесно се залажувате! Проклеството од старото време упорно го влечкате наваму...

Најди ми ти мене каде „по дифолт“ новото ќе е подобро и кој го рекол тоа? Или тоа е твое мислење? Кое е тоа ново време според тебе и што ти донесе тебе тоа време и зошто не ти донело ништо добро?

Новото време значи ново време. Нови искушенија, нови учења, нови разбирања за нештата... и тоа го имаме. А за подобро утре или денес, малку ќе седнете да се запотите и да промените прво кај себе си работи, потоа и околу вас... до тогаш: јас ќе сум ти виновен што тебе денес не ти е добро во новото време и новите богови и ритуали :)

Лесно е да мавташ со прстчето наоколу и да ми креваш врева за „новото време“, а сеуште си закован во старите концепти и старите дрдорења поврзани со старите религии кои не ги ниту знаете ниту разбирате ниту имате потреба од истите - затоа си градиш свои верувања и надеж за „откако ќе умреш“ и душата твоја вечна...
Да е вечна - друго ќе ми зборуваш... но ти само веруваш во овие нешта бидејќи ти даваат што? Надеж бре сине инаку за кај си?
 
Епа ете тебе ти е полесно да веруваш во духовност, а некој друг седнал и го раздробил процесот и што се е вклучено, почнувајќи од центрите во мозокот, невротрансмитерите, хормоните и останатите хемикалии од типот на: окситоцин, вазопресин, серотонин, тестостерон, естроген, допамин, норепинефрин и тн.
Е...И!?!?
Измери колку е тежок огинот!
Врати го денот што поминал.

Духовноста обработува многу различна тема од науката.

Не бе батка, тој што е вистински верник не филозофира ни „јас“, ни „бог“. Ако навистина веруваш дека после ова следува вистинскиот живот, и вечен живот, тогаш не гледам потреба за страв и било каква интервенција за продолжување на тековниот живот.
Кон исламистине што се рокаат со бомби имам поголема почит од овој аспект, ликовите барем си држат до тоа што го веруваат.
Ништо не си разбрал што напишав.
Таму каде што не постои јас, верата добива друга димензија, а тоа е да веруваш во себе,а тоа е многу тешко кога непостои јас.Кој сум "јас" за да верувам во себе?? Празнина!

Две прашања за тебе(или било кој член).
Дали кога ќе заминеш од овој свет, ќе го ресетираш времето каде твојот живот поставува граници до каде може човек да се симне во пеколот(страдање) и до каде на небото може да се искачи(просветлува)?
Или како рингишпил ќе се движи твојата душа помеѓу небото и земјата, ресетирајќи се при секое раѓање без сеќавања?
 
Ве читам, навистина пробав сите да ве прочитам... И разберам.
Не можам да ве разберам, тешки се вашите зборови.
Уште не се појави јунак меѓу вас, да ми објасни ШТО Е СМРТТА?
Ах, да. А што е тоа ДУША?
Пробувате сите, ама баш СИТЕ, да објасните од научна гледна точка (вклучувајќи ме и мене). И повторно забораваме на Господа и душата, се обидуваме да го објасниме невозможното. Колку е убаво да си млад, мислите ти летаат слободно, сѐ е наука...
И, се будиш еден ден, чувствуваш... Нешто не е во ред со тебе.
Се обраќаш на неа, НАУКАТА де, нели семоќна била. И се надеваш. Но, одеднаш, спознаваш... НИЕДНА НАУКА не може да ти помогне. И почнуваш да се молиш, да ТИ, најголемиот НЕВЕРНИК. Купуваш икона, па дури и ми кажуваш, како правилно да се молиш. Ми ја праќаш сликата од иконата по телеграм, демек еве види ме, се преобратив. ОДЕДНАШ, ти текнува за светци и манастири. А тоа ЗЛОТО, расте во тебе и ниедна НАУКА не може да ти помогне.
Пропаѓаш... И ги влечеш најблиските со тебе. И Го спознаваш, Те чека. НЕ те чека, Те влече буквално. Се чувствуваш како свеќа што догорува пуштена по река.
Ти веќе не си способен за ништо, ама твојата ДУША се моли за спасение.
И тогаш НИШТО повеќе не е важно...
 
Зошто кога доаѓа часот на смртта имаш потреба да се молиш, да веруваш дека има душа, богови и слично?
Зошто купуваш икона? Што ќе ти помогне таа во однос на неизбежната смрт на телото?

Науката не е семоќна, но се труди да ги реши проблемите на телото на човекот и да му го продолжи животот на Земјата за уште некој ден, месец или години...

Каде ти тоа пропаѓаш? Се мислам дека ти имаш од скоро човек што ти е близок и починал, нели?
 
... Науката не е семоќна, но се труди да ги реши проблемите на телото на човекот и да му го продолжи животот на Земјата за уште некој ден, месец или години...
Науката само ги продолжува маките овоземски...
А си подразмислил ли дека ТОЈ не сака повеќе да се мачи?
И го моли, буквално го моли Бога да му ги скрати маките.
Не ја моли науката.
...Каде ти тоа пропаѓаш? Се мислам дека ти имаш од скоро човек што ти е близок и починал, нели?
Сите ние пропаѓаме... Кога ни доаѓа крајот.
И сите ние губиме свој близок. Изгубив, ДА. Многу блиски за многу кратко време.
Науката ги испушти од раце. Се слизнаа како риба која се препелка во раце на риболовецот.
Голем дел беа НЕВЕРНИ, а пред смртта им текна да се преобратуваат. ЗОШТО?
Што е тоа што ги тера да се молат за спасение? БОЛКИТЕ?
Зошто науката не им помага? Зошто бараат од мене да им помогнам, па јас не сум Бог...
 
Ве читам, навистина пробав сите да ве прочитам... И разберам.
Не можам да ве разберам, тешки се вашите зборови.
Уште не се појави јунак меѓу вас, да ми објасни ШТО Е СМРТТА?
Ах, да. А што е тоа ДУША?
Пробувате сите, ама баш СИТЕ, да објасните од научна гледна точка (вклучувајќи ме и мене). И повторно забораваме на Господа и душата, се обидуваме да го објасниме невозможното. Колку е убаво да си млад, мислите ти летаат слободно, сѐ е наука...
И, се будиш еден ден, чувствуваш... Нешто не е во ред со тебе.
Се обраќаш на неа, НАУКАТА де, нели семоќна била. И се надеваш. Но, одеднаш, спознаваш... НИЕДНА НАУКА не може да ти помогне. И почнуваш да се молиш, да ТИ, најголемиот НЕВЕРНИК. Купуваш икона, па дури и ми кажуваш, како правилно да се молиш. Ми ја праќаш сликата од иконата по телеграм, демек еве види ме, се преобратив. ОДЕДНАШ, ти текнува за светци и манастири. А тоа ЗЛОТО, расте во тебе и ниедна НАУКА не може да ти помогне.
Пропаѓаш... И ги влечеш најблиските со тебе. И Го спознаваш, Те чека. НЕ те чека, Те влече буквално. Се чувствуваш како свеќа што догорува пуштена по река.
Ти веќе не си способен за ништо, ама твојата ДУША се моли за спасение.
И тогаш НИШТО повеќе не е важно...
Зашто би имал потреба да ја дефинирам смртта као таква и да и давам на значење..За мене приоритет е воскресението,животот,вербата,љубовта и надежта...а смртта..кој ја врти..ја третирам као последната дупка на кавалот...
 
Не е баш така...
Кога ќе седне до тебе, кога ќе го почувствуваш нејзиниот здив, поинаку ќе зборуваш. Смртта, се надевам е воведение во воскресението, кое ти го спомнуваш.
Инаку, мојот живот ја губи секоја смисла...
 
Татко ми ми умре на моите раце..изгубив еден куп луѓе од потесното семејство а никогаш не сум ја изгубил волјата за живот или да се затворам во себе и да пропаѓам секојдневно..ќе пројде време и ќе сватиш дека Бог ти е и татко и мајка и брат и сестра и пријател и најголемиот другар кој си можел да го замислиш..фантастична личност кој никад не ме оставил на цедило...
 
Не треба да ги набројуваме, кој кому умрел во раце... Тоа е Божја волја.
Животот зближува, поврзува и разделува. Не можеме секогаш и во секое време да пристигнеме кај ближниот свој. Но неа, смртта ја чувствуваш. Го тегне најмилото ти од рацете твои, ама прашањето ми е: „ЗОШТО“, не на науката, ами на Господа му се молат во тој момент...
 
ШТО Е СМРТТА?

Казна за гревот...одвојување на бесмртната душа од смртното тело...услов без кој не се може пред душата да се сретне со својот поединечен суд и со праведниот Судија...привремено постоење/битисување на душата без своето тело, до конечниот Суд Божји...
Автоматски споено мислење:

А што е тоа ДУША?

Нематеријалниот дел од човековото битие, кој има потекло од Небесата (од Духот Свет), кој го оживува материјалното човекото тело.
Автоматски споено мислење:

ама прашањето ми е: „ЗОШТО“, не на науката, ами на Господа му се молат во тој момент...

Затоа што и најатеистичката душа го знае својот Творец и Спасител и душата, доаѓајќи пред крајот на својот овоземен живот, точно знае каде и кон Кого треба да се упати и пред Кого треба да излезе на отчет откако ќе се одвои од телото...
 
Науката ги испушта, но богот ги прифаќа - според тоа шти ти зборуваш.
Немаш потреба од заморување во однос на смртта...

Ти имаш мака со исчезнувањето на личност и со ништо друго. Смртта ти е закачена за животот од првиот здив на воздух на Земјата.

Затоа и овие сказни сега кои ги пишуваш во множина дека ги опфаќа сите... може да се молиш кому сакаш, од смртта на телото - нема бегање. Тоа и млади и стари никако не може да го разберат или пак да прифатат.
А и ако го прифатат, запаѓаат во некоја форма на нихилизам... прифати дека ќе умреш и ти и тој до тебе и сите што ги познаваш и тука нема никаква молитва или не знам наука која ќе ти помогне. И живеј!

Единствено страдањето на телото е проблемот. Болката на телото. Тоа раѓа страв...

Зошто мислите дека боговите се заморуваат кој кога ќе умре?
Од приказните? Од митологиите? Верувате дека има судбина?
Кој кога каде да умре и во чии раце?
 
Не треба да ги набројуваме, кој кому умрел во раце... Тоа е Божја волја.
Животот зближува, поврзува и разделува. Не можеме секогаш и во секое време да пристигнеме кај ближниот свој. Но неа, смртта ја чувствуваш. Го тегне најмилото ти од рацете твои, ама прашањето ми е: „ЗОШТО“, не на науката, ами на Господа му се молат во тој момент...
Само пример ти дадов..и ја сум како тебе,сеуште ги барам одговорите на некои прашања..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom