Многу работи ги мешате бидејќи по се изгледа за се имате инфо од нет без реално да имате допир со нештата за кои зборувате тука.
Зборувате за наука. Која наука? Тука читав на форумов луѓе кои не знаат општи работи од математиката, а зборуваат за физика.
Основата на сите науки денес е математика - без тоа, не постои ништо.
На форумов читам луѓе кои зборуваат за оваа или онаа религија каква била и колку апсурд имало во нивните свети книги, а едвај дали прочитале една света книга, да не зборуваме да пробале да научат јазик за да ја читаат во оригинална форма - бидејќи не е се македонски и англиски

На форумов читам и луѓе кои не прават разлика од религија и духовно учење - како да забораваат или не знаат од каде доаѓа зборот религија (не е нешто негативно).
Треба да заборавите да мислите дека науката е дијаметрално спротивна на духовниот/внатрешен свет на човекот!
Читам луѓе кои не сакаат наука бидејќи постојано се негирала себе си! Овие луѓе не се надминуваат себе си? Овие луѓе кога ќе откријат некоја нова вистина за себе што го проширува или подобрува нивното разбирање за нештата, се лажат себе си дека тоа новото не е вистина? Овие луѓе обожаваат догми! И се плашат од промени бидејќи тоа значи повторно и повторно преформулирање на сопствениот универзум!
И читам луѓе кои зборуваат дека има еден центар, дека има правила и закони по кои се води и најголемото до најмалото, дека има бог, Бог или како сакате напишете го... кои религии го даваат разбирањето кон тој центар?
Дали можеби духовните учења или тајни учења го даваат тој пат и всушност не се „учења“ туку учење - едно?
Зарем не забележуваат луѓето дека едно та исто е од исток до запад, низ целата вечност до сега?
Со кои ритуали ќе го обожувате ако има таков центар од кој се потекнува и во кој се завршува? Дали религија или духовно учење или наука ќе покаже што е правилно и како да се видоизменува со новите стеканти знаења?
Не требаат ритуали ќе кажат некои!
Се лажат! Секогаш и за секој човек се нужни ритуалите во животот... редефинирајте си ја формулацијата на зборот ритуал!
Проблемите што ги имаме како човештво е тоа што сите мислат дека се достојни (ова 99% ќе го разберете погрешно) за се и сешто и дека мора да имаат пристап до информации од секаков вид.
Избришете го тоа од умот... во целата историја на човештвото, мноштвото немало пристап до многу тајни учења и знаења.
Ќе се вратиме 2 чекора назад: ако не знаете математика, не може да ви се дадат тајните како да измешате правилно хемикалии во точна пропорционална вредност за да добиете амброзија. Ако не знаете општо за религиите и да правите разлика од учењето кое е во сржта на религиите и самите религии и надворешни симболи - не може да ви се кажат подлабоки тајни за да разберете подобро за нештата поврзани со човештвото, човекот и неговиот пат навнатре/нагоре или напредување.
Затоа бидјеќи мноштвото е побројно, имаме недоразбирања, омрази и бесцелни дискусии кои не водат никаде... некому му одговара да не оди никаде човекот!
Треба многу заморување ако сакате да напредувате како човек на Земјата, во однос на тој „центар“ што го спомнувате. Потребно е од општото, да стигнете до оној момент, нешто како докторат од одредена наука, кога ќе бидете експерти во одредена област, за дадена тема, едно зрнце во океанот на бесконечното знаење и искуство - така што ќе може и на сегашните и идните аџии по патеките на Земјата им бидете од помош не како пророци или толкувачи како што читам тука луѓе кои се дуваат ко пауни, туку како обични патокази!
И ако некој залута, ќе залута бидјеќи не го разбрал знакот и она што вие го покажувате (како покажувачи во C++

)
Така да, се започнува со искра на верување, доверба, надеж (ова христијански кажано), се продолжува со учење и истрајност (Ова е истокот) - се се менува и надминува со пракса и искуство меѓу луѓето (заедничко искуство), ова е веќе новото време
