Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Јас мислам секој има чи / ки енергија барем според кинеската медицина но тоа нема врска со души, богови,вера и религија.......

И истата се блокира само од негативни работи....

Има тие што се bioresonance апарати за скен на телото според Чи/Ки мислам дека беа, даваат скоро 92-100% прецизен резултат но не кажуваат што болест е кажуваат дека само постои дизбаланс/болест па потоа можеш по доктори да си бараш што како.

Мислам има и камера може да слика енергетско поле.

Така да душата е нешто друго нај веројатно :)

Имај:
Здрави навики.
Хоби.
Добра исхрана.
Добар брак и семејство.
Добра работа.
Пари.
Слободно време.
Читај.
Добар социјален живот.

И све ке ти биде по мерак.
Све друго што правиш го правиш со цела да имаш нешто од ова.
 
Последно уредено:
До каква црна вистина води христијанството бе пријател? Христијанството се две вештачки накалемени книги една врз друга, полни со бабски приказни и неверојатни идиотизми. Првата книга е збирка приказни на еврејски камилари, со степен на образование равен на поглупо шимпанзо. Треба навистина нешто да ти недостига за да најдеш било што вредно таму.

Да ја земе човек било која прикаска од Библијата да ја анализира, прикаската се распаѓа после првата логична анализа. Еве нека ми објасни некој кому се обраќа Исус кога е закован на крстот? Кому му рече прости им, не знат што прават? Се разбира, првиот одговор е на Бог. Ако му се обраќа на Бог, тогаш кој е Исус? Нели и тој е Бог? Ако е и тој Бог, тогаш веќе се два Бога, а нели го оставивме многубоштвото зад нас. Тогаш следи генијалното објаснување, Исус и Бог на кој му се обраќа се некако истата личност. Многу логично, не знам како не се сетив на тоа. Ако се иста личност, зошто си се обраќа сам на себе, кога секако знае што ќе рече? Добро, малку е шизофрена приказната, ама ете не се повеќе два Бога, туку два во еден. Кога ќе го слушнете ова како верници, не се чувствувате малку како идиоти? Како некои кои имаат толку многу ниско мислење за својот интелект, што некој помислил дека ова ќе помине кај вас?

А кое е всушност објаснувањето на оваа глупост? Исус (доколку воопшто постоел, затоа што не постои ниту еден сигурен доказ за тоа) во неговото време луѓето воопшто не го гледале како Бог, туку како пророк. Во тоа време пророштвото било честа појава. Божјата природа на Исус му е накалемена многу покасно. Кога им текнало дека тоа ќе створи еден куп нелогичности, ја измислиле приказната за светото тројство, учење кое е атак на било која логика позната на човечкиот род. И тука пак се враќаме на Тертулијан и неговото кредо, верувам затоа што е невозможно. Верата е една врста на мазохизам на умот, нека страда кај мене се што е логично и умно, само никогаш да не умрам. Кој го ебе разумот. Вербата е очај, во кој си спремен да го жртвуваш умот и да проголташ било каква глупост, затоа што си скаменет од страв од смртта.
Автоматски споено мислење:

Жал ми е што ќе те разочарам, но ти си ужасен верник. Спрема христијанството Земјата е стара 6000 години, што значи дека нема теоретска шанса модерниот човек да постои 226 000 години.

Where Did a Young-earth Worldview Come From?

Simply put, it came from the Bible. Of course, the Bible doesn’t say explicitly anywhere, “The earth is 6,000 years old.” Good thing it doesn’t; otherwise it would be out of date the following year. But we wouldn’t expect an all-knowing God to make that kind of a mistake.

God gave us something better. In essence, He gave us a “birth certificate.” For example, using a personal birth certificate, a person can calculate how old he is at any point. It is similar with the earth. Genesis 1 says that the earth was created on the first day of creation (Genesis 1:1–5). From there, we can begin to calculate the age of the earth.

Let’s do a rough calculation to show how this works. The age of the earth can be estimated by taking the first five days of creation (from earth’s creation to Adam), then following the genealogies from Adam to Abraham in Genesis 5 and 11, then adding in the time from Abraham to today.

Adam was created on day 6, so there were five days before him. If we add up the dates from Adam to Abraham, we get about 2,000 years, using the Masoretic Hebrew text of Genesis 5 and 11.3 Whether Christian or secular, most scholars would agree that Abraham lived about 2,000 B.C. (4,000 years ago).

So a simple calculation is:

5 days
+ ~2,000 years
+ ~4,000 years

~6,000 years​

At this point, the first five days are negligible. Quite a few people have done this calculation using the Masoretic text (which is what most English translations are based on) and with careful attention to the biblical details, they have arrived at the same time frame of about 6,000 years, or about 4000 B.C. Two of the most popular, and perhaps best, are a recent work by Dr. Floyd Jones4 and a much earlier book by Archbishop James Ussher5 (1581–1656). See table 1.

Лошо, а?

Тоа е само една пресметка на еден лик во доцен среден век кој се обидел да пресмета староста на земјата и со таа своја методологија доаѓа до 4004 година п.н.е. односно 6027 години од почеток до денес.
Не сум упатен во деталите на теологијата и не сум сигурен дека наведената цифра е став на христијанските деноминации во денешно време. @PROROKOT е повеќе упатен па би можел да одговори подобро.

Не се чувствуваме како идиоти, не знам какво би било тоа чувство. Ако нешто може да се каже во тој правец тоа би била наивноста која го краси обичниот човек спроти величината на универзумот. Има еден израз awe на англиски, не знам како би бил преводот, но тоа е горе долу тој филинг.
Постоењето на Исус во историската наука е недвосмислено и консензусот дека постоел е одамна јасен. Она што не се знае е дали постоел кралот Давид и која била неговата наследна линија до Исус.

Кога би бил атеист би се сложил со она кое го пишуваш, но бидејќи не сум можам само да напишам она малку што знам а тоа е дека Исус е битен затоа што е прв кој ја прави вечноста достапна за сите, како што кажува од најмалиот па понатаму, она што го правите на најмалите меѓу вас го правите и на мене.
Она што нарекуваш камиларски приказни е стариот завет кој е само подлога, лансирна рампа преку која настапува новиот завет, Исус и откровението како полазна точка а не како некаков си микс на две книги.

Не е шизофрена прикаска туку се работи за инкарнација на божјото во човечка, телесна форма во вид на Исус богочовекот, единствен пат во историјата со цел да се донесе доброто меѓу луѓето преку жртвата Исусова за сите нас.
Автоматски споено мислење:

Проблемот со индијците е едноставен и многу лесно може да се објасни ако ја разбереш трансформацијата на духот од Ниче.
Индијците го скокаат лавот, па сакаат од камила дете да стаанат што е трагично.

Игорче ти ли си? :icon_lol:
 
Не е шизофрена прикаска туку се работи за инкарнација на божјото во човечка, телесна форма во вид на Исус богочовекот, единствен пат во историјата со цел да се донесе доброто меѓу луѓето преку жртвата Исусова за сите нас.

Ајде те молам објасни ми како на 12 годишно дете кому се обраќа Исус на крстот. Само тоа објасни ми го.
 
Многу сакам да видам дали имаат храброст да се обидат вака и Куранот јавно да го искинат. Не би требало да има од што да се плашат, пошто нели Сатан ќе ги чува. :unsure:

Не е ни толку битно дали математичарите се или не се согласни околу Божјото постоење, оти за верните постојат други „докази и согласности„, а патем кажано, математиката не е магија со која може да се докаже се‘, туку идеалитет/и кој/кои најблиску го објаснуваат она кое Бог го створил по својата промисла, во облик од видлив материјален свет.

Математиката укажува на постоење на ред во Светов, а таквиот заклучок укажува на постоење на „некој„ кој во Светов го впишал редот.
Не бе Пророк се настанало од факинг биг бенг..се што гледаме во природата целиот тој совршен ред и поредок настанал од големата експлозија..
 
Ајде те молам објасни ми како на 12 годишно дете кому се обраќа Исус на крстот. Само тоа објасни ми го.

Исус на крстот Му се обраќа на својот Отец Небесен.
Ете, тамам објаснување како за 12 годишник...
Автоматски споено мислење:

Не сум упатен во деталите на теологијата и не сум сигурен дека наведената цифра е став на христијанските деноминации во денешно време. @PROROKOT е повеќе упатен па би можел да одговори подобро.

Протестантите се потпираат на проценките од преводот од Стариот Завет, според кои (проценки) Светов/Вселената е стара 6000г.

Православната проценка е старост од 7500-8000г. Тековниот календар вели дека световната 2023г. е исто што и Црковната 7530г. од создавањето на Светот.

Проценката се врши ретроспективно, според родословот Исусов, наназад до Адама, сметано по должината од живототе од Исусовите телесни претци, плус овие 2000г. од Новозаветново христијанство.
 
Последно уредено:
Исус на крстот Му се обраќа на својот Отец Небесен.
Ете, тамам објаснување како за 12 годишник...

OK, супер. Значи двајца се, таткото Бог и неговиот син, кој исто е Бог, така?
 
OK, супер. Значи двајца се, таткото Бог и неговиот син, кој исто е Бог, така?

Ајде уште малку попододробно објаснување, како за 10 годишник:

- Троичноста Божја се состои од три Богови; Отецот, Синот и Светиот Дух.
- Отецот Му заповеда на Синот да се симне на Земјава и да ги спаси луѓето од гревоти, од смртта и од ѓаволот.
- Синот беспоговорно ја прифаќа оваа заповед од Својот Отец.
- Синот доаѓа на Земјава, раѓајќи се натприродно преку девојката Марија Богородица, зачнат од Светиот Дух,
- Синот Божји Исус Христос (и Бог и Човек во исто време) проповеда 3,5г. меѓу Евреите за Неговото Царство Небесно.
- Евреите нејќат таков проповедик и бараат Исус да биде распат.
- На крстот, Исус крвари, со крвта ги мие гревовите од сите луѓе, почнувајќи од Адама, кој е закопан под крстот на кој Исус беше распнат.
- На крстот, Синот Исус Го моли Отецот да биде поштеден од крсните маки, но само ако Отецот тоа до допушти.
- Исус телесно умира на крстот, по сите крсни страдања.
- Исус е погребан во камен гроб.
- Во петокот, Исус Е во Рајот, заедно со покајаниот разбојник, прикован оддесно од Христа.
- Во саботата,, Исус Е во пеколот и на човечките души им ја проповеда добрата евгангелска вест.
- Во неделата, Исус телесно воскреснува.
- Во 40-от ден по воскресувањето, Исус се вознесува на Небесата и седнува оддесно на Својот Отец Небесен.
- На 50-от ден по воскресувањето, Светиот Дух слегува на Апостолите и со тоа е зачнато основањето на Црквата Христова.

Другото сигурно го знаеш...
 
Троичност, не значи апсолутно ништо, и се коси со најбазичните закони на логиката, кој велат А=А и А е различно од Б. На овие две премиси почива целокупното човечко знаење.

Значи, или е Исус различен од неговиот татко, или се работи за еден ентитет, нема трето. Ако е првото, тогаш немаме еден Бог, туку два, а ако е второто имаме еден Бог ама малку е шизофрен, еднаш мисли дека е таткото, еднаш синот па си се обраќа сам на себе.
Автоматски споено мислење:

Троица се..каде е светиот дух во твојава комбинација..?!

Не сакав да дискутирам и за него, затоа што ионака е шизофрена приказната, па да не биде уште повеќе. Ако мислиш дека неговото вклучување во приказната ќе ја разјасни дилемата, слободно повели објасни.
 
Значи хрситијанстфо искочи политеизам.
Ха ха ха

Пророк, викаш Исус седнаја десно, а куде е тој место? Нели господ е насекаде, ако е насекаде, ондак не постои десно, лево, горе, доле.
И од куде ти докази дека Исус у петак е у рај а у суботу е у пекол?

Леле какфи магични приказне.
 
Проблемот настанал кога ја прогласиле божествената природа на Исус, на некој си консил таму. Наеднаш станала гужва пред голот, па морале да прават умствени вратоломии од типот троичност, која нема апсолутно никаква смисла. Ако кажеш дека приказната е потполно бесмислена, ќе ти кажат дека не ја разбираш мистичноста на тројната природа на Бог.

Ако јас кажам дека моето куче истовремено е и мачка и гавран, и ако некој не ја прифати логиката на тоа, дали можам да му кажам дека не ја разбира мистичноста на мојата алтернативна зоологија?
 
Уаааааууу!...

Посебно ценам ликови кои ем бараат туѓо мислење за своето прашање, ем добиваат одговор, ем остануваат во своите претходни заблуди.
Автоматски споено мислење:

Ако јас кажам дека моето куче истовремено е и мачка и гавран, и ако некој не ја прифати логиката на тоа, дали можам да му кажам дека не ја разбира мистичноста на мојата алтернативна зоологија?

Кажи си го ова истово на себе си и ќе поверуваш дека си во право...
 
Не сакав да дискутирам и за него, затоа што ионака е шизофрена приказната, па да не биде уште повеќе. Ако мислиш дека неговото вклучување во приказната ќе ја разјасни дилемата, слободно повели објасни.
,,Не одговарај, сине, на прашањето: Што е материја? Затоа што мораш духовно да се изразуваш, а тие нема да те сватат. Ниту, пак, одговарај на прашањето: Што е дух? Затоа што треба материјално да се изразуваш,и нема да ги просветлиш.

До најголемите вистини, на кои се искачуваш сине - ако живеат во тебе ќе ги креваш луѓето со магнетизмот на тие вистини, а не со зборови.
Не брзај сине со одговорот на сите човечки прашања. Затоа што ќе треба да даваш лажни одговори бидејќи повеќето прашања се лажно поставени.

Не одговарај на прашањето: Дали луѓето живеат по смртта. Затоа што лагата ќе ти ја извалка устата и кога ќе кажеш Да и кога ќе кажеш Не. Затоа што добрите и лошите живеат и после смртта, добрите во блаженство, лошите во маки, а рамнодушните кон злото и кон доброто исчезнуваат, бидејќи тие не се ниту пченица ниту плевел.” (владика Николај)
 
Уаааааууу!...

Посебно ценам ликови кои ем бараат туѓо мислење за своето прашање, ем добиваат одговор, ем остануваат во своите претходни заблуди.

Кажи си го ова истово на себе си и ќе поверуваш дека си во право...

Заради вакви муабети без никаков аргумент, кога ќе ве напикаат во тесно, христијанството полека оди на буништето на историјата, каде што реално и припаѓа.
Автоматски споено мислење:

,,Не одговарај, сине, на прашањето: Што е материја? Затоа што мораш духовно да се изразуваш, а тие нема да те сватат. Ниту, пак, одговарај на прашањето: Што е дух? Затоа што треба материјално да се изразуваш,и нема да ги просветлиш.

До најголемите вистини, на кои се искачуваш сине - ако живеат во тебе ќе ги креваш луѓето со магнетизмот на тие вистини, а не со зборови.
Не брзај сине со одговорот на сите човечки прашања. Затоа што ќе треба да даваш лажни одговори бидејќи повеќето прашања се лажно поставени.

Не одговарај на прашањето: Дали луѓето живеат по смртта. Затоа што лагата ќе ти ја извалка устата и кога ќе кажеш Да и кога ќе кажеш Не. Затоа што добрите и лошите живеат и после смртта, добрите во блаженство, лошите во маки, а рамнодушните кон злото и кон доброто исчезнуваат, бидејќи тие не се ниту пченица ниту плевел.” (владика Николај)

Со една реченица, сакам да кажам ама не знам да речам. Штом треба нешто рационално да се објасни, добиваш поезија како одговор, и тоа прилично лоша. И јас можам така, гледај:

Не прашувај зошто е мачката куче, а понекогаш и гавран, затоа што ќе добиеш погрешни одговори на погрешни прашања. Кога еднаш ќе го почувствуваш магнетизмот на моето учење, ќе сфатиш зошто моето куче е и мачка, и гавран, а понекогаш и шимпанзо.

Гледаш колку е лесно?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom