Па кај си ти бе пријателе.
Баш сакав тебе да те прашам, бидејќи често само таткото го обвинуваш во постовите, па што би кажал на следново:
– Момчето призна дека често гледал криминалистички филмови, серии, но и документарци за масовни убиства, дури и оние во училиштата. Тој бил особено опседнат со документарниот филм „Американска трагедија“ во кој се прикажува како страдаат мајките на жртвите, но и како страда мајката на убиецот поради тоа што го направило нејзиното дете. Тој документарец го гледал неколку пати и ја идентификувал мајката на убиецот со неговата мајка – вели изворот на Курир:
– Мајката на убиецот од документарниот филм ја изедначи со неговата, бидејќи веруваше дека „нема разбирање за неговите проблеми“. Всушност, тој сакал да страдаат мајките на неговите убиени пријатели, но и неговата мајка. Тоа страдање, како и плачот на исплашените и ранети деца, го гледал како еден вид надомест за неговата душевна болка.