Секогаш се такви муабетите, демек ако сме шампиони ќе влезе некој, ако не нема.
Реални ако некој сака да влезе во ракомет, ништо не му менува дали клубот е шампион или не.
Ракометот не е како фудбалот па играњето во ЛШ да носи некоја позначителна сума пари, дали играш ЛШ, ЛЕ, Челинџ куп или СЕХА, тоа ти се фрлени пари без повраток од учеството. Вардар е двоен европски првак од пред само 4 години, ако јас сум спонзор кој сака да се рекламира преку инвестиции во ракометот, не би имал подобар избор од Вардар, па макар и да не игра во Европа наредна година.
А секако ќе играме ако добиеме дозвола, ако не сме шампиони ќе играме во ЛЕ, натпреварување во кое имаме многу поголеми шанси за успех. Успехот ти ја полни салата, ти носи афирмација, што чаре од ЛШ ако не шлака кој стигне?
Во никакви муабети не верувам, досега сум се научил дека фактите највеќе зборуваат за реалната состојба.
Фактите велат дека состав се прави од полусезоната пред да започне следната сезона. Сериозен тим веќе во март-април има објавено засилувања за следна година и веќе има план кој ќе биде тренер и каков ќе биде костурот на тимот. Ние немаме договори со ниту еден од позначајните играчи. Моралес официјално си оди, а знаеме дека ќе го следат и Тале, Томовски и Манасков. Автоматски ние ќе треба да правиме тим од 0, а единствено засилување кое се најави (и не се потврди) е играч кој на 25 години играл во РК Металопластика и РК Леотар. Тоа кажува се за нашите амбиции.
Оставам простор дека преку ноќ ќе се појави некој спонзор како што се најавува, ама тешко е за верување тоа, а најмалку зависи од тоа дали ќе освоиме титула или не.