znaes koja e razlikata ne si tolku glup taka da uste ednas ne dosagaj.
finska e nebitna.
Е сеа не биди poofter што би рекле браќата ози
Интересно како виртуелната стварност мотивира одредени лица безбедно затскриени зад монитор да кажуваат кој што да правел
Не оди тоа така, ова е форум и се разменуваат мислења и ставови,
Се прашувам дали овие лица го прават истото и ИРЛ, пример во кафиќ се праи муабет на тема Руска инвазија и некој некому му улета со не досаѓај, ајде еднаш и некако али после два пати ќе следи доосветна реакција во форма на тупаница во око.
Како бре тоа Финска била небитна? Па тоа се 1300км копнена граница, настрана поморска, па тоа е тотален дебакл на руската надворешна политика. Знаеме какви изјави даваа руски бољари по повод стапување на Финска во Нато. Сега имаме пет Нато земји на граница на мајчица Россија.
Финска, Полска, Литванија, Латвија, Естонија. Скоро ќе биде и Шведска со која Русија има поморска граница.
Каков монументален успех на руската дипломатија и раководство, од 2004 Нато створи обрач околу европскиот дел на Русија, ама како ама зошто ама каде?
Кога сме кај ози, една Австралија со 26 милиони народ е цивилизациски далеку пред РФ од било кој параметар да гледаме, освен нуклеарките и силината на армијата. Од стандард на живот и од све понатаму.
Некој погоре спомена дека западот бил наш душман и затоа оваа војна била борба меѓу доброто и злото лол. Нормално, Путкин како репрезент на доброто бе аахаххаха а сето тоа го напишал на западен ПЦ или таблет, со западен софтвер, со западен хардвер, употребувајќи западна измислица какао WWW, па низ цел стан или строго западна технологија, слуша западна музика, глеа западни филмои и нетфликс серии, комедии, стенд ап и ситкоми, принта страници на западен принтер, чита западни писатели, све по дома и надвор од дома е измислено на запад. Џи пи ес, автомобили, мода, авиони, трендови све тоа доаѓа од запад. Да не зборуваме за меката моќ, од музика до сите девет уметности. А тек книги. Печатарската машина ја измислил клет западњак.
Фер би било сето ова да се бојкотира бидејќи инаку де факто се поддржува клетиот запад!
Ba dum tsssss...........
Немаше ли Глонас и она кинескиот обид а конкурира на ГПС, добрите россија и комуњарска кина се на потег.
П.С. Треба да се знае дека западот навистина навлегува во декадентна фаза за што и отворив тема. Тоа засега се манифестира преку Воук движењата, хистерични лудаци кои пуштаат крици ако некој ги нарече маж или жена, а таквите се некако толерирани во тие општества. Сето тоа треба да се приведе и правец = лудница.
Зошто е тоа така е прашање. Имам некоја теорија околу тоа но тоа е друга тема.
А во однос на состојбата со лицемерието на западни дипломати и нивно преќутно подржавање на Грција во спорот со името и знамето, треба да се знае дека Грција е далеку повреден асет на западот него РМ.
Што и како можеше да се одигра подобро е друга тема но во секој случај нашите академици мораа да изнајдат чаре, меѓународна арбитража макар, било што. Ниче Македон политиката воопшто не помогна, напротив.
Но како и да е, Украина прати оружје за РМ со цел да се победат сецесионистите и таа победа на воен план на АРМ и МВР беше срозана на зелена маса каде ликови како еден ликовен критичар беа фактори во преговорите. Нато прати стотици оклопни возила, теренски возила, санитет, артилерија обична и ракетна, нешто пешадиски системи, хеликоптери, тенкови, камиони со што АРМ се трансформираше во респектабилна воена сила. Lest we forget.