Веднаш одите со осуда на родителите без да размислите дека НАЈГОЛЕМАТА одговорност и вина за ова ја сносат професорите кои со својата индиферентност и незаинтересираност со прст не мрднуваат за да ги заштитат жртвите на булинг и да ги казнат насилниците, туку напротив тие истите се најголеми ѕвезди во школото и секој нивен престап не се санкционира воопшто. Тие буквално дивеат низ училиштата, кршат училишен инвентар, ги тепаат и се изживуваат врз помирните ученици, се понашаат како шерифи, а професорите седат со скрстени раце, воопшто не им е гајле, во секое училиште е тоа така за жал.
За ова колку и да има логика, не држи вода.
Во денешно време, не смееш да дигнеш глас на дете, не смееш да му „објасниш“ како треба да функционира, не смееш да го казниш... Се тоа се снима, се објавува по тик ток, по инстаграми и на крај наставникот ќе биде избркан пошто дигнал глас на дете. Родителот ќе дојде ќе се жали дека детето му е најмирно на цел свет и дека нема да дозволу друг да му се дере бла бла бла бла бла.
Во основно имавме класен по ОТП. Не си свесен како не тепал и шамарел. На родителска сите му доаѓаа, нашите од дома го охрабруваа ако сме праеле нешто што не треба дека има одврзани раце. Не дошло да плукаме крв, ама знаел и шамар да ти удри, и да те искубе како куче, и да те клоцне грб да те боли 2 дена... Тоа денес се карактеризира како насилство. Ама ако го нема тоа, ќе имаш копуци неиживеани што ќе глумат шерифи и ќе нема кој да ги стави у ред. Ако на 8/12 години немаш авторитет никаков над тебе а по цел ден поминуваш таму - во школо, налет. Дома ќе дојдеш твоите по работи врска немаат што се дешава и стануваш лигле кое не знае за НЕ.
Ако дивееш, ако кршиш и се иживљаваш врз наставници тоа е до тебе, до карактерот и до домашната култура.
И ние сме завршиле школо и ние сме имале такви идиоти у клас. А ни јас не сум бил цвеќе за мирисање, пубертетот си го прави своето башка у ГУЦ завршив у најлошиот период. Али секогаш постоеле граници.
Како и да е, после војна сите генерали. Кој и како бил крив веќе касно е. Премногу невини млади животи згаснале, нека им е лесна земјата.