Треба многу да се пази на булингов и да се реагира со време, тежок белег остава ова кај секое дете и психички ги пореметува.
Првичните информации се демек добил кец и скренал ама има едно интервју на 3ца поголеми деца од истото школо сите тројца кажаа дека овој трпел булинг подолго време, и поради тоа бил префрлен во друг клас и таму истото му се дешавало, наводно зашто бил условно речено бубалица и често го задевале поради тоа.
Страшна трагедија е ова, да потсетам дека лани и дете од Корчагин си го одзеде животот поради булинг, скокна од катна гаража. Пред некој ден читав и дека повозрасни деца од 12 и 14 години така нешто, силувале 8 годишно дете во Скопје и споделувале видео материјал од истото кај други врсници, ова е тема за која треба многу посериозно да се разговара и да добие на сериозен спотлајт во медиумите, не ми е јасно како после детето што рипна од катна и се самоуби тотално се изигнорира оваа тематика.
Не дека кај нас би се десило нешто слично иако потенцијална опасност секогаш постои нарочито денес, ама може да има и други примери ко детето од Корчагин или па психички да бидат оштетени одредени деца и тоа да се одрази во остатокот од нивните животи, што да се каже за 8 годишното детео кое било силувано од други деца и притоа било снимано? Што мислите, како тоа ќе се одрази сега врз него а и во остатокот од неговиот живот, уште од сега треба да посетува психијатри и да му се помогне. Катастрофа.
Многу умрени медиуми имаме и општество у глобала, одвратно.