Пукање во школо во Белград

  • Креатор на темата Креатор на темата Sladoledzija
  • Време на започнување Време на започнување
наместо да се бара коренот на вакви ситуации треба да се казнува. Ова пошто е дете гарант ниту еден ден нема да одговара за ова што го направило. Сите сме биле цел на булинг па не ни текнало да правиме масакри наоколу.
Секој мозок различно реагира. Чувството на емпатија чим е изгубен, нема назад. Сега е право време булингот како тема да стане приоритетна за властите за да не се повтори истото.

За да убиеш, можеш и со обичен нож кој на сите им е достапен.

Според тоа што го кажуваат за детето, кривицата лежи во родителите што не ги воспитуваат децата да не вршат булинг, психолозите што одат на работа само за да поминат време, наставниците што иако гледаат што се случува, не свикуваат родителски состаноци и пред се родителите на детето жртва од булинг што не всадуваат самодоверба во детето.
 
Немам коментар , всушност не ми е гајле .... Општо нема грижа за децата во школо . Сами на себе се оставени , булинг на големо . Очекувано дека ќе се деси когаш тогаш . Нема грижа воошто од возрасните .
 
Ова е уште еден знак на општество кое тоне се повеќе. Булинг се повеќе во школите, социјалните мрежи и медиуми се повеќе влијаат врз сите, посебно врз младите. Родители кои се помалку ги воспитуваат и се вклучени во животот на децата, психолози и наставници кои не водат толку грижа и едукација врз децата, се се ова работи кои придонесуваат за вакви случаи.
 
Секој мозок различно реагира. Чувството на емпатија чим е изгубен, нема назад. Сега е право време булингот како тема да стане приоритетна за властите за да не се повтори истото.

За да убиеш, можеш и со обичен нож кој на сите им е достапен.

Според тоа што го кажуваат за детето, кривицата лежи во родителите што не ги воспитуваат децата да не вршат булинг, психолозите што одат на работа само за да поминат време, наставниците што иако гледаат што се случува, не свикуваат родителски состаноци и пред се родителите на детето жртва од булинг што не всадуваат самодоверба во детето.

да, сега после случкава родителите масовно ќе ги едуцираат децата да не вршат булинг. На детево што егзекутирало 9 души медаља да му се даде за преживеан булинг. На која планета вие живеете? Имате ли две чисти?
 
Веднаш одите со осуда на родителите без да размислите дека НАЈГОЛЕМАТА одговорност и вина за ова се професорите кои со својата индиферентност и незаинтересираност со прст не мрднуваат за да ги заштитат жртвите на булинг и да ги казнат насилниците, туку напротив тие истите се најголеми ѕвезди во школото и секој нивен престап не се санкционира воопшто. Тие буквално дивеат низ училиштата, кршат училишен инвентар, тепаат и се изживуваат врз помирните ученици, се понашаат како шерифи, а професорите седат со скрстени раце, воопшто не им е гајле, во секое училиште е тоа така за жал.
Што да прават и тие професори кога немаат никаква моќ. Порано таквото однесување се казнувало физички, сега професорот не смее да му се дере на детето, а да не дојде некоја ина многу фина мамичка со статус на фб и да бара казна за истиот професор.
 
наместо да се бара коренот на вакви ситуации треба да се казнува. Ова пошто е дете гарант ниту еден ден нема да одговара за ова што го направило. Сите сме биле цел на булинг па не ни текнало да правиме масакри наоколу.
коренот мора да се бара за да може да се превентираат вакви работи на време.

не - ќе одговара, не постои закон во ниту една држава каде што малолетникот проаѓа неказнето после извршување на практички масакар, поготово кога се работи за други малолетници жртви.

не би рекол дека сите сме биле цел на булинг, затоа што булингот у вистинско значење на зборот претставува секојдневно психофизичко малтретирање најчесто од лице на иста или приближна возраст.

не секој исто го доживува булингот, ниту пак секој булинг е со ист интензитет од страна на сторител(ите), ниту пак секој има родители кои ќе го ислушаат, препознаат психофизички траги на булинг кај нивното дете и истото го стопираат навреме, ниту пак секое дете на таа возраст има некаков издувен вентил за да ги канализира тие емоции кон нешто позитивно.

она што луѓето не го разбираат дека непочитта (булингот е одличен пример за непочит) е она што ги тера луѓето, поготово машките, да извршат дела и да направат работи кои што никогаш не се очекувале од личноста - само потсетете се на некои моменти на непочит кои што сигурно сте ги имале во животот, видите какви емоции и ден денес ви предизвикуваат и сетете се како сте реагирале вие у моментот кога ви била покажана непочит.

Веднаш одите со осуда на родителите без да размислите дека НАЈГОЛЕМАТА одговорност и вина за ова се професорите кои со својата индиферентност и незаинтересираност со прст не мрднуваат за да ги заштитат жртвите на булинг и да ги казнат насилниците, туку напротив тие истите се најголеми ѕвезди во школото и секој нивен престап не се санкционира воопшто. Тие буквално дивеат низ училиштата, кршат училишен инвентар, тепаат и се изживуваат врз помирните ученици, се понашаат како шерифи, а професорите седат со скрстени раце, воопшто не им е гајле, во секое училиште е тоа така за жал.
точно.

не може никој да ми тврди дека професорите не се СВЕДОЦИ на булинг секојдневно и дека не замижуваат врз тоа што се случува помеѓу децата поради тоа што според нив не се доволно платени или едноставно незаинтересирани за педагошката страна на нивната професија.

милион приказни имам за кажување тука од основно и средно кај што одредени психопатчиња на малолетна возраст таргетираа мирни деца и секојдневно животот им го правеа пекол - и сево ова пред професорите.
 
Ова е уште еден знак на општество кое тоне се повеќе. Булинг се повеќе во школите, социјалните мрежи и медиуми се повеќе влијаат врз сите, посебно врз младите. Родители кои се помалку ги воспитуваат и се вклучени во животот на децата, психолози и наставници кои не водат толку грижа и едукација врз децата, се се ова работи кои придонесуваат за вакви случаи.
Да не се лажеме, булингот постои отсекогаш. Уште од време на Југославија, СХС, и да не редам империи. Лично мои школски што беа мета на булинг, од денешен аспект немаат воопшто квалитетен живот. Тој булинг им остави трајни последици (нула самодоверба, осаменост, тежок процес на вработување...).

Ние што сме говеда по природа, мора нешто да се смени.
 
Веднаш одите со осуда на родителите без да размислите дека НАЈГОЛЕМАТА одговорност и вина за ова се професорите кои со својата индиферентност и незаинтересираност со прст не мрднуваат за да ги заштитат жртвите на булинг и да ги казнат насилниците, туку напротив тие истите се најголеми ѕвезди во школото и секој нивен престап не се санкционира воопшто. Тие буквално дивеат низ училиштата, кршат училишен инвентар, тепаат и се изживуваат врз помирните ученици, се понашаат како шерифи, а професорите седат со скрстени раце, воопшто не им е гајле, во секое училиште е тоа така за жал.
Како да санкционираат престап? Неоправдан да им пишат или кец?

Физички и вербални санкции се забранети. Ако покренат било каква постапка, родителите и пола фамилија се бунат. Далеку од тоа дека се цвеќиња наставниците, ама како шо се поставени работите, спротивно е на нивниот интерес да превземат било шо.
 
професорите треба да го увидат булингот и да ги соочат родителите на сторителот или сторителите на булинг дека детето им е никакво, да ги контактираат родителите на жртвите и да им ја објаснат ситуацијата со која што нивните деца жртви се соочуваат секојдневно.

индиферентност од наставниот кадар спрема децата и што се случува меѓу нив најчесто резултира во вакви постапки кои што на време можеле да се превентираат.
 
Чим е со претходно креирана листа, свесно знаел шо прави и 99% причината е булинг.

Точката на вриење е постигната, останува на психата да реши дали посегнува по својот, или други животи.
 
Наставниците,психолозите и директорите баш им е гајле, битно им е платата да си легне на сметка...
Да се отепа денот ...кафе муабет и тоа е
И да знаат дека има булинг не сакаат да се замараат со тие деца дека тие се најчесто деца на богати,политичари ,бизнисмени...
И место сега да се советуваат тие деца.
Овие ретардираниве удри по мирните тие биле проблемот...
 
Како да санкционираат престап? Неоправдан да им пишат или кец?

Физички и вербални санкции се забранети. Ако покренат било каква постапка, родителите и пола фамилија се бунат. Далеку од тоа дека се цвеќиња наставниците, ама како шо се поставени работите, спротивно е на нивниот интерес да превземат било шо.

Намали му поведение, избркај го од школо, има методи како да се санкционираат таквите ама професорите кур ги боли, башка голем дел од тие професори прават булинг на учениците со вреѓање, со изживување за оценки. Се трпи булинг и од соучениците и од професорите, е па сега му пукнал филмот јебига........
 
Конкретно во овој случај не е само една работа која треба да се третира (булинг) за толку да го едноставуваме случајот.
Од каде знаело детево да пука со пишол?
Носел со него два пиштола и пет шаржера, се нашол во ситуација да испука цел шаржер, смени чаури и повторно да пука.
Повеќето од истрелите биле насочени према главата и градите што покажува дека детево пукало со цел да убива.
Кога ќе се додаде дека имал скици и нацрт планови и претходно напишани имиња, точно знаел што прави.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom