Прегледај го приврзокот 377072
... како телото ќе го препознае вирусот во поголема количина кога до тогаш се нема сретнато со него, за разлика од тој што примил мал сегмент од тој вирус како вакцина, што не предизвикува инфекција, ама телото ќе создаде антитела на таа мала доза и токму таа антитела ќе циркулира Х време и нема да дозволи инфекција на организмот во контакт со антигенот т.е. вирусот, зошто веднаш ќе биде неутрализиран, за разлика од тој што ја нема во циркулацијата тие „спремни војници“ т.е. ја нема соодветната антителата за неутрализација и уништување на вирусот и допрва треба да се созаде во контакт со вирусот, а за тоа време вирусот ќе збувне во телото со сите симптоми на вирусна инфекција.
...и велиш дека е глупост, не би рекла!
Повторно прикаски, со многу паушални и непознати.
Што има врска количината во однос на препознавање? Имаш ли податок за колкава количина се работи.... имаш ли податок колкава количина на вирус треба да има за да покажеш симптоми... Како може да тврдиш дека "помалата" количина ќе го натера телото да прави антитела, кога со короната дававте исти паушални објаснувања, кратко време бил со позитивен, па мала количина примил од вирусот и затоа ништо нема ни антитела, ни симптоми, а кај други случаеви, иако кратко време биле со позитивен, на отворено, некои само антитела, некои со симптоми... Што правиме со оние случаеви кои по 3-4 пати беа болни, нивните антитела склероза ли имаат, или тие вакцинираните по 2-3 дози, а тешки симптоми... Одговорите пак ќе ти бидат паушални, пак со зборчиња "можеби", "Х", но во науката штом ги има тие работи, значи неточни заклучоци.
Штом телото создава антитела на мала количина, ќе ги создаде и на поголема количина, тој процес мора исто да функционира, а не ко во твоиве бајки за деца.
Антителата од што зависи колку Х време ќе циркулира? Ова паушално објаснување досега требаше 100 пати да те заинтересира да дојдеш до попрецизен одговор. Но ти истиот принцип го користиш и кај религијата, па се задоволуваш со бајки.
Тие "спремни војници", како при мала доза "страно" тело се појавуваат, а при поголема доза немало да се појават или па немало да бидат спремни....
Да не прават стратегии, да не го изучуваат "непријателот", да не имаа сопствена лабараторија па да знаат како да се измутираат и да го победат "непријателот"... Многу паушални објаснувања.
Што правиме со погорните тврдења дека многу случаеви на сипаници и полио се резултат на вакцинирањето?
Како кога се работи за бактерии имате поткрепени одговори, објаснувања, а кога е за вируси се паушално, дрн дрн јариња. Кога се работи за бактерии, има антибиотици, зашто тие отрови не делуваат исто и врз вирусите, зашто тој принцип не може да се примени врз вируси...