...не може повреда на колено да го „активира гихтот“, ниту да биде дијагностициран гихт при повреда на колено, ако не се направи со намера таква лаборатотиска анализа за сомневање на гихт како кривец за промените на колено што можеби е причина за самата повреда, а не обратно повредата да го активира гихтот!
... повторената ситуацијана појава на гихт со ненајдена болка е поради тоа што само ти се даде лек како последица на покачена урична киселина во крвта да се „неутрализира“ острани од крвта, но не ти се најде причината ЗОШТО доаѓа до повеќе урична киселина која циркулира низ твоето тело, завршувајќи во коленото како кристали на урична киселина прв пат или во големиот прст како втор пат со силни болки како напад што пишуваш самиот.
...аууу како таков заклучок, покачен креатинин како еден параметар за тоа каква ни е функцијата на бубрегот не значи дека имаме проблем со бубрегот, ако другиот параметар за функцијата на бубрег- уреата ни е нормална, тогаш едноставно укажува дека можеби сме „месари“ па премногу јадеме месо или внесуваме протеини повеќе посебно тие кои вежбаат во теретана, нели?
а албуминот, која вредност ја имаше, покачен албумин укажува исто дисфункција на бубрегот!?
...еве ти пишувам од сопствено искуство, да временски Х период кога не пијам во текот на денот тие фамозни 2 литри или барем 1,5 вода ја имам и јас покачена таа вредност, доколку почнувам да се хидрирам во текот на денот да пијам повеќе вода, па макар со сила, веднаш уричната киселина се нормализира со што бубрезите „имаат што да вртат“ нели водата, а со тоа ќе ми го исфрлат и тој секундарен продукт од телото преку урина, ако нема вода бубрегот нема што да исфрла и таа уремична киселина ќе се концентрира толку што мора да се акумулира некаде и ќе си се смести во зглобовите каде што ти ги имаш осетено, еееее онака пластично ти објаснив, пиј вода во текот на денот до 2 литри и нема да имаш проблем.
...да го прашаме твојот доктор што содржи „Кишоре Гугул“ што му го препишува бенефитот на нормалната урична киселина за толку краток период? еве вртам сеуште да видам што содржи тоа чудо од суплемент што толку пари се троши, а да не се знае што содржи?
Прегледај го приврзокот 376848
...класична ајуверда формулација со 64 растенија и све природно? и? толку ли? апрувед од ФДА и нашава агенција за храна, ОК, да се има дел од 65 растенија во едно без меѓусебна интеракција, па колку сака да е природно,
... еве конечно содржината на Kaishore би била :
- Guduchi (Tinospora cordifolia)
- Amalaki (Emblica Officinalis)
- Bibhitaki (Terminalia bellirica)
- Haritaki (Terminalia chebula)
- Shuddha Guggulu (Commiphora Mukul)
- Ginger (Zingiber Officinale)
- Black pepper (Piper Nigrum)
- Long pepper (Piper longum)
- Vidanga (Embelia Ribes)
- Nishoth (Operculina Turpethum)
- Danti moola (Baliospermum Montanum)
... оф оф, ѓумбирот(бр.6) може да го префорсира лачењето на жолчна киселина,па вишокот да се акумулира во жолчката па убав терен на создавање на можни жолчни камчиња,
...а и растенијето срцев лист (бр1) иако ја немало докажано ефикасноста за било која болест, „ за време на пандемија со коронавирусот (СОВИД-19 2020-22)во Индија, Министерството за AYUSH го препорача употреба на T. cordifolia како домашен лек за имунолошка поддршка, при што таквата примена највероватно била поврзана со случаи на хепатитис меѓу шест лица во Мумбаи кои користеле варени или капсулни препарати“.
...навистина не знам како со само пишување “природни билки“ мислите дека све е природно и дека не може да има последици, ама вие си знаете да не се мешам!