Гихт

  • Креатор на темата IBIZA SOUND
  • Време на започнување

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Болест при која кристали од уринска (не сум сигурен дека ова е прифатено именување кај нас) киселина, која е нормален метаболит (на нуклеотидите, ако се сеќавам добро) и се исфрла преку урина (позната е и како мочна киселина), не се дометаболизира (или барем така мислам) и се таложи во зглобовите, што предизвикува силни болки, ограничена подвижност и слично, во зависност од степенот на развој на болеста и сериозноста.
 
Член од
20 декември 2012
Мислења
8
Поени од реакции
0
Болест на зглобовите за која што досега немаше ЛЕК туку само аналгетици за намалување на болка, симптоми и слично. Во блиска иднина ќе биде достапен хербален лек кој што ќе ја лечи болеста и ќе спречува понатамошно појавување на истата. Најчесто се појавува од неправилна исхрана (мрсна храна и премногу месо), повеќе патат мажите од жените и тоа во средните години од животот, но не е исклучок да се појави и кај помлади индивидуи.

Мојата задача е да направам Комунациска стратегија/ПР план за промовирање на новиот лек кој што е 100% природен, потекнува од Индија и е направен од билки.

Доколку некој е запознаен и може да сподели мислење, ќе ми биде од корист.

За повеке информации за болеста кого го интересира еве линк: http://www.fzo.org.mk/WBStorage/Files/8%20Giht.pdf
 
Член од
8 февруари 2011
Мислења
13
Поени од реакции
8
Jas imam gout(giht) veke 13 godini
Ako ti treba bili kakva informacija slobodno kontaktiraj me
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
165
Поени од реакции
19
татко ми има гихт веке 20 години, и доста тешко се справува, иако никогаш не покажува знаци на слабост. Отежната е секојдневната работа, отекуваат рацете, нозете и доста е лошо. Повеќе инфомрации за лекот ако може.
 
M

macgowan

Гостин
Froxy - прашај што сакаш конкретно за гихтот, веќе 7-8 години го имам. Доста млад го закачив, иако цел живот сум физички активен и се занимавам со спорт - истовремено се занимавав( и сега од време на време да не се лажиме) и со многу „храна и вино и се друго“ активности и мераклукот ми го овозможи гихтот.
Еднаш го закачи-со здравје да си го носиш.
Имам многу читано, гледано и слушано за гихтот, се имам пробано кога имам напад, нема одбрана освен контрола во исхраната и пиењето.
Со себе носам индометацин секогаш кога патувам за не дај боже и имам пиено алопуринол доста време(и сега пијам, пред 1 месец имав напад).
Не верувам во магични `чариња` ама секој совет е добродојден.
Пиши на ПП конкретно што те интересира.
Добро е да се разменат искуства и на наш, домашен терен. Досега немам сретнато на мк форум ваков топик. Можеби не сум се ни потрудил многу познавајќи ја мак-интернет културата.
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Болест на зглобовите за која што досега немаше ЛЕК туку само аналгетици за намалување на болка, симптоми и слично. Во блиска иднина ќе биде достапен хербален лек кој што ќе ја лечи болеста и ќе спречува понатамошно појавување на истата. Најчесто се појавува од неправилна исхрана (мрсна храна и премногу месо), повеќе патат мажите од жените и тоа во средните години од животот, но не е исклучок да се појави и кај помлади индивидуи.

Мојата задача е да направам Комунациска стратегија/ПР план за промовирање на новиот лек кој што е 100% природен, потекнува од Индија и е направен од билки.

Доколку некој е запознаен и може да сподели мислење, ќе ми биде од корист.

За повеке информации за болеста кого го интересира еве линк: http://www.fzo.org.mk/WBStorage/Files/8%20Giht.pdf
Не е баш точно дека има само аналгетици како терапија, и не е најточно дека се појавува само од масна исхрана. Некој веќе спомна дека земал алопуринол.

Јас лично, на неколку пати сум се изненадил од индиските традиционални препарати, така што не е на одмет да ставиш некоја информација плус.
Инаку, во ЕУ веќе постои регулатива за тоа како се регистрираат овие препарати, а и пазарот е брзорастечки.
HMP (Herbal Medicinal Products) ми беа поле на интерес едно време, додуша од различен аспект од твојот.
Кај нас обично се регистрираат овие препарати како додатоци во исхрана и на тој начин се избегнува потребата од доставување на податоци од клинички истражувања, но иако поскап, „вистинскиот начин“ е, според мене, правилен, па дури и од маркетиншки аспект во ЕУ.
 
Член од
20 декември 2012
Мислења
8
Поени од реакции
0
Конкретно ме инт
Froxy - прашај што сакаш конкретно за гихтот, веќе 7-8 години го имам. Доста млад го закачив, иако цел живот сум физички активен и се занимавам со спорт - истовремено се занимавав( и сега од време на време да не се лажиме) и со многу „храна и вино и се друго“ активности и мераклукот ми го овозможи гихтот.
Еднаш го закачи-со здравје да си го носиш.
Имам многу читано, гледано и слушано за гихтот, се имам пробано кога имам напад, нема одбрана освен контрола во исхраната и пиењето.
Со себе носам индометацин секогаш кога патувам за не дај боже и имам пиено алопуринол доста време(и сега пијам, пред 1 месец имав напад).
Не верувам во магични `чариња` ама секој совет е добродојден.
Пиши на ПП конкретно што те интересира.
Добро е да се разменат искуства и на наш, домашен терен. Досега немам сретнато на мк форум ваков топик. Можеби не сум се ни потрудил многу познавајќи ја мак-интернет културата.
Вака...конкретно ме интересира кои лекови сте ги користеле и дали и колку ви помогнале. Како се информирате за лековите? На интернет, телевизија, доктори или од пријатели? На кој „комуникациски канал“ највеќе би му верувале (на пример на дотор, телевизиска реклама, препорака)??? На кој начин би сакале да бидете информирани за ваков производ? Што би било пресудно за да ВЕРУВАТЕ во производот што ви се нуди? Понатаму...колку чинат лековите кои сте ги користеле? Дали сте спремни да платите повеќе? Дали верувате во хомеопаријата како начин за лечење? Дали сте слушнале за Планет Ајурведа? Значи од овој агол ме интересира зошто моја цел е да ја истражам конкуренцијата и да најдам начин да го испромовирам лекот преку ПР кампања.

Инаку еве ви линк за да се информирате за производот: http://www.ajurveda.com.mk/index.php?id=44
--- надополнето: 21 декември 2012 во 22:04 ---
Не е баш точно дека има само аналгетици како терапија, и не е најточно дека се појавува само од масна исхрана. Некој веќе спомна дека земал алопуринол.

Јас лично, на неколку пати сум се изненадил од индиските традиционални препарати, така што не е на одмет да ставиш некоја информација плус.
Инаку, во ЕУ веќе постои регулатива за тоа како се регистрираат овие препарати, а и пазарот е брзорастечки.
HMP (Herbal Medicinal Products) ми беа поле на интерес едно време, додуша од различен аспект од твојот.
Кај нас обично се регистрираат овие препарати како додатоци во исхрана и на тој начин се избегнува потребата од доставување на податоци од клинички истражувања, но иако поскап, „вистинскиот начин“ е, според мене, правилен, па дури и од маркетиншки аспект во ЕУ.
Точно е дека не се појавува само од неправилна исхрана ама тоа е најголем причинител на болеста покрај генетските предизпозиции. Ако знаете лекови за Гихт кажете ми, јас од моето истражување дојдов до заклучок дека сите лекови имаат само привремено дејствување, а не го РЕШАВААТ ПРОБЛЕМОТ. Gishore guggul помага за исфрлање на токсините од телото, конкретно мочната киселина која е главен предизвикувач на оваа болест.

Мило ми е што имате позитивно мислење за индиската медицина, ме интересира дали сте слушнале за Ајурведа, која што кај нас е застапена преку т.н „Планет Ајурведа“?

Инаку кога сме кај декларирањето како „додатоци во исхрана„ овој лек кон почетокот на годината откако ќе бидат спроведени потребните истражувања и процедури ќе биде именуван како ЛЕК, конкретно хербален лек кој што ќе биде достапен во аптеките. Токму тоа е мојата задача. Да го пробијам на пазарот преку макретинг/ПР план за да допрам до потрошувачите. Токму за таа цел ми требаат искуства, мислење ставови на темава...
--- надополнето: 21 декември 2012 во 22:07 ---
татко ми има гихт веке 20 години, и доста тешко се справува, иако никогаш не покажува знаци на слабост. Отежната е секојдневната работа, отекуваат рацете, нозете и доста е лошо. Повеќе инфомрации за лекот ако може.
Секако дека може, повели
http://www.ajurveda.com.mk/index.php?id=44
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Точно е дека не се појавува само од неправилна исхрана ама тоа е најголем причинител на болеста покрај генетските предизпозиции. Ако знаете лекови за Гихт кажете ми, јас од моето истражување дојдов до заклучок дека сите лекови имаат само привремено дејствување, а не го РЕШАВААТ ПРОБЛЕМОТ. Gishore guggul помага за исфрлање на токсините од телото, конкретно мочната киселина која е главен предизвикувач на оваа болест.

Мило ми е што имате позитивно мислење за индиската медицина, ме интересира дали сте слушнале за Ајурведа, која што кај нас е застапена преку т.н „Планет Ајурведа“?

Инаку кога сме кај декларирањето како „додатоци во исхрана„ овој лек кон почетокот на годината откако ќе бидат спроведени потребните истражувања и процедури ќе биде именуван како ЛЕК, конкретно хербален лек кој што ќе биде достапен во аптеките. Токму тоа е мојата задача. Да го пробијам на пазарот преку макретинг/ПР план за да допрам до потрошувачите. Токму за таа цел ми требаат искуства, мислење ставови на темава...
Ајурведа беше застапена и преку Himalaya, фантастична палета на хербални медицински производи, кои се продаваа (а веројатно сеуште се продаваат) како додатоци во исхрана.
Не само Ајурведа, и другите традиционални системи на лекување (кинеска традиционална, јапонска и корејска) стануваат многу популарно во последно време во цел свет, а според мене, и со право...
Германија, на пример, предничи и со регулатива и со наука во оваа област, а традиционално конзервативните „пазари“ за вакви производи (В.Британија и САД) во последно време бележат значителен пораст по однос на потрошувачката на овие препарати во последните 10тина години...

Што се однесува до гихтот... не е така едноставно како што велиш, да беше проблемот до исхраната, тогаш со малку построг режим на исхрана би се решил и проблемот, затоашто со ограничување на внес на масна храна, според твоето размислување, би се отсранила и причината, т.е. изворот на мочна киселина. Но, работите не стојат така...

Иако се сомневам дека те интересираат детали, постојат значително голем број научни трудови кои ја обработуваат оваа тема.

Моја препорака, особено ако оваа тема го надминува твоето дипломирање, т.е. планираш и да се занимаваш како бизнис со ова - немој да припишуваш разни чудотворни својства кои препаратот не ги поседува и немој да навлегуваш во теми и објаснувања (етиологии на болеста, биохемиски нарушувања, генетска детерминираност) кои не ги разбираш, освен ако не сакаш да ги проучуваш поопширно.

Најди си професионалец кој ќе се погрижи за стручниот дел. Лекар-предавач, промотор или слично, стручњак во областа во секој случај.
Ова ти го кажувам затоашто многу аматерски ми звучат и веднаш дигам ѕид за маркетинг стратегии кои припишуваат „еликсир на животот“ - ефекти на разни растителни екстракти и продукти (земи ги во блиско минато: аронија, брусница, соја, нони, шиитаке печурки, спирулина....итн.).

Да не се разбереме погрешно, овие имаат многу добри ефекти, ама маркетингот „мисли“ дека може да ги направи чудотворни, а не се и тоа изгледа несериозно и смешно.
Барем во мои очи.

Поздрав.
 
Како што постојат научни трудови и истражувања за болеста, постојат и истражувања за лекот кои што се потпора за моите зборови. Не планирам ништо да лебди во воздух, ниту да измислувам, ниту да лажам. Едноставно сакам да комуницирам со јавноста и да ја запознаам дека постои овој лек на пазарот. Покрај тоа маркетингот е само дел од ПР-от, така што тоа е само мал дел од целиот план што треба да го осмислам.

За лекот доколку ве интересира еве ви референци од истражувања спроведени во изминативе години.
Chatterjee G.K., Pal S.P. (1984). Search for anti-inflammatory agents from Indian Medicinal Plants-A Review. Indian Drugs. 21:413.
Cragg G.M., Newman D.J., Snader K.M (2003). Natural products in drug discovery and development. J Nat Prod. 66(7):1022-37.
Majumdar A. (1971). Anti-rheumatic and anti-inflammatory drugs in Ayurveda. Rheumatism. 9:91.
Sharma J., Sharma J.N., Arora R.B. (1973). Arthritis in ancient Indian literature. 1973. Ind J Hist Sci. 8(1/2):37-42.
--- надополнето: 22 декември 2012 во 00:33 ---
Ајурведа беше застапена и преку Himalaya, фантастична палета на хербални медицински производи, кои се продаваа (а веројатно сеуште се продаваат) како додатоци во исхрана.
Не само Ајурведа, и другите традиционални системи на лекување (кинеска традиционална, јапонска и корејска) стануваат многу популарно во последно време во цел свет, а според мене, и со право...
Германија, на пример, предничи и со регулатива и со наука во оваа област, а традиционално конзервативните „пазари“ за вакви производи (В.Британија и САД) во последно време бележат значителен пораст по однос на потрошувачката на овие препарати во последните 10тина години...

Што се однесува до гихтот... не е така едноставно како што велиш, да беше проблемот до исхраната, тогаш со малку построг режим на исхрана би се решил и проблемот, затоашто со ограничување на внес на масна храна, според твоето размислување, би се отсранила и причината, т.е. изворот на мочна киселина. Но, работите не стојат така...

Иако се сомневам дека те интересираат детали, постојат значително голем број научни трудови кои ја обработуваат оваа тема.

Моја препорака, особено ако оваа тема го надминува твоето дипломирање, т.е. планираш и да се занимаваш како бизнис со ова - немој да припишуваш разни чудотворни својства кои препаратот не ги поседува и немој да навлегуваш во теми и објаснувања (етиологии на болеста, биохемиски нарушувања, генетска детерминираност) кои не ги разбираш, освен ако не сакаш да ги проучуваш поопширно.

Најди си професионалец кој ќе се погрижи за стручниот дел. Лекар-предавач, промотор или слично, стручњак во областа во секој случај.
Ова ти го кажувам затоашто многу аматерски ми звучат и веднаш дигам ѕид за маркетинг стратегии кои припишуваат „еликсир на животот“ - ефекти на разни растителни екстракти и продукти (земи ги во блиско минато: аронија, брусница, соја, нони, шиитаке печурки, спирулина....итн.).

Да не се разбереме погрешно, овие имаат многу добри ефекти, ама маркетингот „мисли“ дека може да ги направи чудотворни, а не се и тоа изгледа несериозно и смешно.
Барем во мои очи.

Поздрав.
--- надополнето: 22 декември 2012 во 00:36 ---

Патем, очигледно е дека имате познавања од областа така што го почитувам вашето мислење. Секој совет, препоракам сугестија би ми бил добредојден.
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Здраво луѓе, фатив гихт и сакам да ви кажам неколку шали кои ми дојдоа на ум во сите непреспиени ноќи од болка!

1. Бидете благодарни што пенисот нема коски. :D
2. Не се сеќирајте за ногата, не треба да се сече, сама ќе си падне. :)

Малку црн хумор... да ублажиме болката... ♥

+ allupurinol-че
+ диета :vozbud:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.267
Поени од реакции
35.796
Здраво луѓе, фатив гихт и сакам да ви кажам неколку шали кои ми дојдоа на ум во сите непреспиени ноќи од болка!
1. Бидете благодарни што пенисот нема коски. :D
2. Не се сеќирајте за ногата, не треба да се сече, сама ќе си падне. :)
Малку црн хумор... да ублажиме болката... ♥
+ allupurinol-че диета :vozbud:

Alopurinol доколку е лабораториски докажано висока вредност на уринска мокрачна киселина зошто тој ја намалува синтезата, а ја зголемува елиминацијата преку бубрези, но никако не се дава за време на нападот на гихт, ниту кога се почнува со пиење да се прекине нагло,
диета само ако имаш прекумерна тежина, а доколку не треба само да се избегава храна која содржи пурини како мрсно месо, џигер,сардини, школки, а друго можеш све да си јадеш пилешко,риба,посно говедско, благо нормално во ограничени количини..итн но многу важно е да се избегне целосно алкохолот :pijani: , а посебно пивото :ајнапиво: и на крај најважна работа да преку ден се пие многу течности, вода над 2 литри би било најпожелно...
Инаку Хипократ ГИХТ болеста ја нарекувал болест на богатите луѓе, така да можиш да си се фалиш дека потекнуваш од богат сој :zver:
 
Последно уредено:
I

IBIZA SOUND

Гостин
mislam koga go ima napadot t.s. koga e otecen prstot ne trebe da se jade sirenje, riba, grav lekja itn .
odnosno skoro nisto ne trebe da se jade, osven samo ovosje zelencuk i varen kompir
 
S

SpaceTraveler

Гостин

Alopurinol доколку е лабораториски докажано висока вредност на уринска мокрачна киселина зошто тој ја намалува синтезата, а ја зголемува елиминацијата преку бубрези, но никако не се дава за време на нападот на гихт, ниту кога се почнува со пиење да се прекине нагло,
диета само ако имаш прекумерна тежина, а доколку не треба само да се избегава храна која содржи пурини како мрсно месо, џигер,сардини, школки, а друго можеш све да си јадеш пилешко,риба,посно говедско, благо нормално во ограничени количини..итн но многу важно е да се избегне целосно алкохолот :pijani: , а посебно пивото :ајнапиво: и на крај најважна работа да преку ден се пие многу течности, вода над 2 литри би било најпожелно...
Инаку Хипократ ГИХТ болеста ја нарекувал болест на богатите луѓе, така да можиш да си се фалиш дека потекнуваш од богат сој :zver:
Исто така магнезиум е добро, тој го има во Скопје знам, како камен е и се става во врела вода после се пие. Многу лош вкус има скоро како мочка, ама помага во чистењето на кристалите што се формираат во месото.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.267
Поени од реакции
35.796
Исто така магнезиум е добро, тој го има во Скопје знам, како камен е и се става во врела вода после се пие. Многу лош вкус има скоро како мочка, ама помага во чистењето на кристалите што се формираат во месото.
...највероватно да не мислиш на природниот минерал кој настанал со мешање на подземни алкални води и вулканската лава -Зеолит !!! тој содржи кристали од миркоелементи меѓу кој и магнезиум и е силен антиоксидант, детоксикатор и имунолошки катализатор ( го има во активни рудници Облешево), но го нема во индикација - примена како велиш ти директното ,,чистење на кристали во месото,, односно магнезиумот споредно помага за подобра циркулација да речеме при што не дозволува да се концентрираат веќе искристализирани ,,урични кристали,, на зглобовите туку да циркулира низ крвта се додека не се исфрлат преку бубрези, а тоа ќе го помогнеме со пиење голема количина вода - 3 литри дневно при што се зголемува диурезата и со тоа елиминирање преку тие бубрези, односно доколку телото нема повеќе течност од вообичаеното пиење вода џабе ке се пие тој магнезиум , може нема да се задржат кристалите во зглоб ама сигурно ќе се задржат во бубрег и ете ти беља, нема да се има кристали на зглоб- гихт ама ќе се има во бубрег формирајќи се камчиња ...итн
...затоа многу е важно точно да се знае што се случува во нашето тело, како се ресорбира како делува како се биотрансформира, дали има споредни ефекти, несакани дејства, антагонизам... како се елиминира... за да речеме ДА ! правилно го пиеш тој минерал, витамин, лек... храна... било што ! :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom