Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Ме дотепа поразов после оној во ракомет со Алкалоид. Не ми се враќаше ни во Скопје, ни на работа ми се оди, не ми се живее ебате.
Толкав пат, топ атмосфера низ Охрид, кортео по цело шеталиште, грмеше. Без полиција, без ништо. Поддршка од охриѓани, анти Нефи.
И пред стадион не дочекаа желките, не пикнаа во еден кафез заграден каде што имавме прекрасна глетка во ЅИДОТ ОД ТРИБИНАТА. До душа се гледаше едниот гол само, ама не падна ниту еден гол таму.
Се навиваше колку се можеше.
Кога падна голот поим немавме, дека стримот каснеше. Тогаш некој викна од трибините гооооол и еуфорија кај нас.
Не скина црвениот на Мишко. Страшно важен играч, нема коментар колку сме слаби во одбрана без него.
Вардар заслужи да загуби, 1000 шанси имаа они и пред да паднат головите.
Ама боли што ги примивме во 90+. Ај еден гол, ама два...
Не дека ќе сменеше нешто ако земевме бод, секако само победа не оставаше во игра за први две места.
Како и да е, не можеме на никого да се налутиме. Изгинаа играчите, тој е квалитетот. Срамота е што умренковци што не одат на стадион јадат лајна на фб дека била местенка и што ти ја знам. Би ги убил сместа.
Како умрени беа играчите на крај, во поголема депресија од нас. Во 90та атмосферата кулминираше пред стадион во нашиот дел и кога паднаа головите, штама. Две минути ни требаа да се соземеме за да ги отпоздравиме играчите на крајот.
Немам што да додадам, среќа Пелистер изгуби во Струмица. Да се надеваме барем на бод таму, па да не зависиме од дирекрниот дуел.
Секој меч треба да ни биде финале, додека не осигураме бараж.

И нема лутење кон никого. Сега сме гневни и бараме вина кај сите. Тоа е, немаме пари, немаме пари да купиме играчи, немаме пари да купиме утакмици. Да сме живи и здрави, секако сезоната е уживање.
 
Има уште пет утакмици до крај (а и Гостивар може да загуби во Радовиш - тие немаат пораз цело првенство, може баш тогаш да им се случи). Штета за утакмицата, иако реално ние ни два три паса не можевме да сврзиме, поготово па после црвениот картон. Ова малку ме потсети на онаа утакмица со Бате Борисов на гости, кога и таму водевме вака, па примивме два гола во продолжението.
Уште ми е криво и несфатливо како една екипа како Воска би одела во прва лига, која врв и беше дерби утакмици со Велешта, Лабуништа, Делогожда и Новаци во трета лига југозапад (овие последниве бар долго време беа втора лига).
 
Друже во кој свет живејш , тие ќе купат се до крај , поголема е веројатноста и на некоја екипа шо ќе играте да му понудат премија да ви скинат некој бод ,отколку да остат на случајност .
 
Друже во кој свет живејш , тие ќе купат се до крај , поголема е веројатноста и на некоја екипа шо ќе играте да му понудат премија да ви скинат некој бод ,отколку да остат на случајност .
Мое е да се надевам. Дали ќе купеле тие се до крај не ми значи ништо. И да си ги добијат сите до крај, нека им е. Со самата ситуација во која е Вардар и ова е премија. Има играчи на кои им се должат пари и од оваа сезона и од времето на Самсоненко. Како што напиша @Saber Rider погоре, можностите и парите се тие, сезонава е за уживање, па и на крај и преку бараж да бркаме пласман во прва лига зошто да не.
Ама јас не се бунам за судии недела-две пред утакмица и какви неправди другите прават на сметка на нашиот клуб и да измислувам триста теории на заговор. ;)
 
Подсвесно не верував дека ќе доживееме ваков крај, поради работа успеав да го уклучам стримот некоја минута пред да го дадат првиот гол, не памтам вака да сум бил разочаран на фудбалски план, зошто самата помисла на уште една сезона во трета лига, покрај целата борба што ја покажавме ми создава гадно чуство. Баражот ќе биде изгледа денот Д за сите нас, нема предавање.
 
Ме дотепа поразов после оној во ракомет со Алкалоид. Не ми се враќаше ни во Скопје, ни на работа ми се оди, не ми се живее ебате.
Толкав пат, топ атмосфера низ Охрид, кортео по цело шеталиште, грмеше. Без полиција, без ништо. Поддршка од охриѓани, анти Нефи.
И пред стадион не дочекаа желките, не пикнаа во еден кафез заграден каде што имавме прекрасна глетка во ЅИДОТ ОД ТРИБИНАТА. До душа се гледаше едниот гол само, ама не падна ниту еден гол таму.
Се навиваше колку се можеше.
Кога падна голот поим немавме, дека стримот каснеше. Тогаш некој викна од трибините гооооол и еуфорија кај нас.
Не скина црвениот на Мишко. Страшно важен играч, нема коментар колку сме слаби во одбрана без него.
Вардар заслужи да загуби, 1000 шанси имаа они и пред да паднат головите.
Ама боли што ги примивме во 90+. Ај еден гол, ама два...
Не дека ќе сменеше нешто ако земевме бод, секако само победа не оставаше во игра за први две места.
Како и да е, не можеме на никого да се налутиме. Изгинаа играчите, тој е квалитетот. Срамота е што умренковци што не одат на стадион јадат лајна на фб дека била местенка и што ти ја знам. Би ги убил сместа.
Како умрени беа играчите на крај, во поголема депресија од нас. Во 90та атмосферата кулминираше пред стадион во нашиот дел и кога паднаа головите, штама. Две минути ни требаа да се соземеме за да ги отпоздравиме играчите на крајот.
Немам што да додадам, среќа Пелистер изгуби во Струмица. Да се надеваме барем на бод таму, па да не зависиме од дирекрниот дуел.
Секој меч треба да ни биде финале, додека не осигураме бараж.

И нема лутење кон никого. Сега сме гневни и бараме вина кај сите. Тоа е, немаме пари, немаме пари да купиме играчи, немаме пари да купиме утакмици. Да сме живи и здрави, секако сезоната е уживање.
Да ми се појавеше некој од тие гомнојадците вчера пред очи, ќе го бонусирав у први 5 секунди. Па добро што ѓон треба да си да ги оквалификуваш за шиткачи!? Особено после онакво издание вчера. 60 минути со играч мање, срце и душа буквално оставија на терен, дури и Глишиќ што го сметаме за манекен, којзнае колку лизгачки стартови напраи, влагаше у воздушни дуели постојано. Ваква борба ја не памтам кога последен пат сум видел. Па цело второ у одбрана игравме со двајца момци метар и осумдесет, против 5-10 цм повисоки од нив. Колку само фали Мицевски во овие директни дуели, како што и претпоставуваме.
Среќата не пратеше сезонава како ретко кога, три пати добивме утакмици у судиско продужение, ама ни го сврте грбот кога најмалку посакувавме. Но таков е фудбалот јебига. Главата горе момци. Тераме даље!
Има уште пет утакмици до крај (а и Гостивар може да загуби во Радовиш - тие немаат пораз цело првенство, може баш тогаш да им се случи). Штета за утакмицата, иако реално ние ни два три паса не можевме да сврзиме, поготово па после црвениот картон. Ова малку ме потсети на онаа утакмица со Бате Борисов на гости, кога и таму водевме вака, па примивме два гола во продолжението.
Уште ми е криво и несфатливо како една екипа како Воска би одела во прва лига, која врв и беше дерби утакмици со Велешта, Лабуништа, Делогожда и Новаци во трета лига југозапад (овие последниве бар долго време беа втора лига).
Чисто да си знаеш друже дека екипите од Источна Македонија се зинати за пари како невидени. Нема да именувам екипа, но нивните водечки луѓе биле разочарани од вчерашниот исход затоа што сега Воска може нема да има потреба да ја пазари утакмицата од нив. Мајка родена ќе си продадат, а не па една утакмица.
 
ma kakvo sitkanje, izginaa na teren igracite. jas sum prezadovolen od sezonava so ogled na okolnostite pa i 10ti da zavrsat... gledavme top utakmici so mnogu emocii i borba. realnosta e deka najgolem poraz za nas sezonava bese gubenjeto na micevski i do nekoj stepen dezerterstvoto na nekolu igraci na polusezonata. togas da zadrzevme barem eden od tie 3-4 sto zaminaa ke bevme + nekoj bod. sega imame deca na klupa koj doprva se kalat i toa napravi razlika, prakticno vcera na iskustvo zagubivme... opadna koncentracijata plus ne uspeavme da ja zadrzime topkata podolgo vreme koga ja imavme...
 
Идеја за помош на Вардар

Сите знаеме дека Вардар не е Партизан или ЦЗ, но верувам дека нѐ има едно 2-3к навивачи што би одвоиле по 1000-2000 денари за Вардар и да им помогнеме на играчите.

Вреди да се размисли и за gofundme акција (ако е дозволена за такви цели), но таму е потребно сета работа да се води од некоја земја каде што може да се користат услугите на сајтот.
Затоа што сум сигурен дека има многу иселеници што го сакаат Вардар и не би им било тешко да дадат по некој денар.
 
Ќе биде заебано денеска и општо екипите кои се борат за опстанок се секогаш тврд орев во последните кола.
Мишковски претпоставувам ќе ги пропушти наредните два меча, вклучувајќи го и денешниот.
Веројатно ќе стартуваме со Вецевски и Папули, што одново отвора простор Велковски да почне место Серафимов.
Не знам како стојат другите со картоните, треба да се внимава да не останеме без некој појак поединец за дуелот во Струмица.
Лошо е што денес истураше, којзнае каква нива е теренот.
На хартија сме посилни, ама знаеме дека се мачиме со дефанзивни екипи, што заедно со лошиот терен, паднатиот морал од поразот во Охрид и терминот и временските услови кои ќе придонесат за помала поддршка, може да биде заебано.
 
Kolku e rezultat?

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Ги згазивме.
Кога го видов составот бев малку скептичен, дека игравме со Серафимов и Дошев од младите, Митев на крило, Жоглев напред. Се одморија Десниќ, Јаневски и Јусуфи, иако вториве двајца влегоа второ полувреме.

Конечно Гача одбрани зицер. Ја згрешивме во одбрана, излегоа 1 на 1, ама Гача ја фати.
Освен оваа шанса, ние имавме над 5 чисти шанси.
Жоглев е многу тромав со топка, камен е реално за да води со топка, ама добро се гради и добар е со глава. Сепак, денес голот го даде откако пресече едно додавање, го мина и голманот и погоди за 1-0.
Пред голот имавме уште некоја шанса, ама утнавме, односно голманот добро одбрани.
За мене Размо ни е најдобар играч полусезонава.
Ги нанижа сите со дриблинзи за вѕориот гол, ја врати до Николовски кој ефектно погоди за 2-0.
Трериот гол беше дело на Митев, по една пинбол ситуација, кога нивниот голман лошо интервенираше.
Размо погоди и статива, а добар удар имаше и младиот Цветков.
Кога влезе Цветков, абе метро 60 човече, само вакви играчи вадиме. Мислиш на час физичко во 9то одделение.
Пак топ бројка на трибина, над 150 луѓе, добро навивање цело време, иако не уби времево.

Важна победа, ги пододморивме и играчите за уште еден важен натпревар кој не очекува викендов. Терминот најлош на свет, продолжен викенд за први мај.
@ultras1988 што се муабетиве дека ќе барате да се игра во Турново место Струмица? Ќе ви ебам тоа :D
 
Размоски има кондиција да игра уште 30 минути фудбал. Да имавме уште 2ца како него во прв тим ќе догуравме далеку, али сега што е тука е. Нека се спреми ФК Скопје, како тргнало и бараж да го наполниме цел стадион каде и да играме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom