- Член од
- 24 септември 2018
- Мислења
- 48
- Поени од реакции
- 24
Епа затоа и објаснував. Не од ЦИА треба домашна активна добра разузнавачка служба, која ќе ја крои иднината. Е сега за соработување, нормално, мора да се соработува со некого Запад Исток, ние сме се определиле ЕУ НАТО и ок, тој пат. Ама во Македонија нема служба, да имаше, одамна Ковачевски и Мицковски ќе пиЈа кафе заедно, и ќе беше отпочнат ЕУ процесот.Северна Македонија е контролирана од ЦИА, па ете до каде догура.
Кои лидери? Тие што ги избира амбасадата на калето се со намена најдени телиња, асален човек не дозволува да биде марионета.
Автоматски споено мислење:
ОК. Ама тие не се прчат пред ЦИА, туку имаат агенда направено заедно и се придржуваат кон истата. Нашиве не можат за 1 година да испланираат. И таа врска ја гради службата. Таа може да изврши убиства, да намести, да спроведе во затвор... Зошто? Зошто мора/и ги има сите податоци за политичарите. Некој се однесува против државните интереси, веднаш ќе биде санкциониран, ама притоа сите процеси да бидат водени на демократски начин и со дијалог. Ама кај нас лидерите се прегазени од неписмените и планинарите, затоа што мнозинството наш народ е исто така необразовано, без култура...@Aleksandar1324
Со Америка не владеат нивните агенции со кратенки од три букви што ги наведе. На секој народен избраник во највисоките форми на законодавна власт (Конгрес и Сенат) има најмалку 2 регистрирани лобисти во Вашингтон. Тоа е официјалната бројка, шпекулацијата е дека соодносот лобисти:народни избраници е 10:1. За секој конгресмен/сенатор има 10 лобисти со неброени милијарди долари бизнис интереси зад нив. Кој може да се спротивстави на таква армада.
Наивно делува тој поглед врз состојбите во една земја како производ исклучиво на внатрешните фактори. Такво средување од корен одвнатре беше можно во покојна СФРЈ па и во неа до одредена мера, за Југославија првин се решаваше во Белград, диктати однадвор покојниот Јосип Броз глатко одбиваше. Сегашните осамостоени државички од таа федерација се вазалски режими, нешто што на генерациите израснати во Југославија им е чудно да го гледаат, навикнати да гледаат како за судбината на државата се решава во главниот град на таа држава. А на пример на Бугарите, Романците, Полјаците и другите од покојниот Варшавски Договор вазалството не им е чудно, немаат ни примирисано до сувереност повеќе од пола век.
За да во Македонија се среди состојбата треба надворешниот фактор тоа да го дозволи. Си забележал ли каде одат водачите на опозиција пред да почнат гласно да бараат нови избори- низ амбасадите. Првин турнеја низ амбасадите па после “уа, доле влада, на предвремени избори!” Тоа барем треба да ти каже кој всушност влече конци од зад завеси, нема народот што да паламуди за средена држава и општество туку има да си ја изврши ролјата во фарсичната претстава за демократијата и да срка што му се дроби. За кршење на тие пранги треба ре- креирање на револуцијата на Титовата КПЈ и некои многу потврдокорни генерации со јасна жед за слобода.
Автоматски споено мислење:
А зошто Русите колективно ја одобруваат специјалната воена операција во Украина- неодамна можевме да прочитаме на нерусофобските медиуми дека синот на портпаролот на Путин бил дел од Вагнеровите сили во Украина како член на екипаж на тешкиот повеќецевен ракетен систем Ураган.
Песков си го дал најстариот син во Вагнеровци. Власта не го праќа сиромашниот слој да гине и да чека да види што ќе се случи. Сите се свесни што е вложено. Еве ваква свест да ја посети и Македонија на пример…
Автоматски споено мислење:
Историски гледано, тие комуњари ја создаваат Македонија. Дали некому му се допаѓало или не , тоа е факт. Секој на форумов може тоа да го потврди.Да ти кажам отворено кур ме боли кој ќе дојде, сакам со комуњарски солзи да се засладам, да паднат комуњарите и да ги избркаат од работа сите нивни куропушачи.
Стрико @c i t r o , еве ти едно песмиче за 1 мај коа ќе славиш
Последно уредено: