@sanatorium Еве идентична со твојата од сајтов ја продаваат за 5 евра
КЛИК
Само тешко дека ти би можел да ја продадеш за 5 евра. Во антикварница ги откупуваат испод вредноста како би можеле да напраат профит, а и да ги покријат давачките за кирија, данок... Пример ако во антикварница иста банкнота се продава за 5 евра тебе би ти ја откупиле за 2 евра.
Друго нешто на што треба да се внимава е не само дали банкнотата е оштетена, а дали е и превиткана. Доколку е превиткана губи речиси пола од вредноста.
За реалната вредност тешко некој од форумот да ти каже, освен ако нејќе да ти ја купи на невидено. Одиш во антикварница ја покажуваш и ти кажува чичкото антиквар цена. Ако ти чини ја даваш ако не ништо. Само нз колку ќе ти се исплати да бараш купувач за 2-3 евра.
Може ли некој да ми каже дали има некој што откупува стари пари?Имам монети од 1906 па навака од повеќе земји.Монети од Филипини,Бугарија,Еквадор,Америка итн.
Едно време знам на бит пазар кесе со монети (со над сто монети внатре од различни земји) продаваа за 100 денари, а ако се ценкаш и помалку, па немој да се надеваш на некоја преголема заработка. Нз кај би имало во Мк антикварници, ама би ти препорачал да провериш во клуб на нумизматичари во Скопје и да им ги покажеш парите да видат за што точно се работи пошто вака кажано е премногу општо... друга солуција е да си набавиш каталог.
Јас собирам поштенски марки, ама покрај нив сум купувал/менувал и банкноти и што ти уште не. Имам стари руски пари од крај на 19ти и почеток на 20ти век шо сум ги купувал од антикварница за 1-5 евра.
Пример
оваа ја имам земено за не појќе од 4 евра, а на сајтов кошта 8 евра те двојно. Многу релативна работа е. Освен од каталошката цена на банкнотата/монетата зависи и од побарувачката, од тоа во која земја сакаш да ја продадеш, во која антикварница ќе влезеш, колку е зачувана банкнотата/монетата и сл.