Tonchie
BATTERY +
Eдно интересно видео, барем мене ми беше интересно 

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Јас аплицирав преку Feron, минатиот Септември.
Октомври ми договорија интервју со швајцарците преку скајп.
Декември ми пратија фиктивен договор, свисс осигуруванје, гарантно писмо.
Фебруари извадив германска виза.
Март отидов на брод, 12 дена бев па ме пратија дома, рекоа ќе ме викаат пак кога некој ќе отиде на одмор.
Feron не зима никакви провизии и се многу професионални.
За првиот лет до таму ми платија и карта ми купија за враќање до Скопје.Фала на инфо! Ако те вратат се додека не отиде некој на одмор, покриваат трошоци затоа што веќе имаш договор или?
колку е подолг крузот толку постари се гостите.Сакам да посочам на некои од стереотипите кои ги има просечен млад човек кој не работел на брод (тие што работеле слободно разубедете ме)
- крузерите се забава за стари луѓе (во смисла дека гостите на бродот се претежно парови на 40 плус години или многу постари, а поимот крузер никогаш не се поврзувал со youth culture)
да- постои робовладетелски систем со 12 часовна работа секојдневно дури си на море, а перосналот е претежно од неразвиени земји (Филипини, Перу, Непал..), односно и нас балканците не сметаат како third world population
да, пошто ако ти признаваа стаж ќе мораа да плаќаат бајаги данок. Бахамски договор, Панамски договор... За пандемијата плачеа пошто не спаѓаа во ниту еден пакет за финансиска помош пошто даноците ги плаќаа надвор од Д Ју Ес оф Еј.- не ти се признава ни ден стаж
- има offshore одбегнување на закони кои би важеле во нормални држави преку пловењето во меѓународни води (пр. дозволено коцкање, непостоење на работнички права и огромна неплатена дополнителна прекувремена работа)
Вреди, неколку месеци до неколку години. Повеќе договори, различни места, кеш.. Ако ти се погоди нешто како Медитеран или Балтик за прв договор, тогаш и еден договор, што да не, ќе се изнагледаш различни места. Ама ако те заглават на Бахами и Кариби неколку договори, налет.Е сега јесте има позитивни страни (пловење низ цел свет, сексање, забава за персоналот, запознавање на други култури, но сума сумарум незнам дали вреди за да години или децении од животот поминеш во таков систем каде интелектуалното испарува од тебе (јас би пробал но најмногу еден договор од шест месеци и ништо повеќе)![]()
Овакво мислење би имал пред 20 год. кога платите биле од 8 до 10 илјади кај нас. Неможе да се изедначува живот на море со живот на копно (на бродот се губиш во системот и како што кажа тој систем те навелкува пак да заминеш и да му бидеш врзан). Попрво би постанал интегриран Германец со среден живот неголи да бидам експлоатиран преку сива зона на беззаконие, сменети се времињата Македончето почна да се цени самото, а си видел ли Германец или Скандинавец да работи на брод ? Познавам такви навлечени на бродски живот, но тоа се луѓе од 40 или 50 год. кои не знаат ништо да прават друго во животот, а најди ми еден млад човек кој има некое живото искуство или знаење од конкретна струка да сака да ти работи на брод (не велам дека не е добро да се проба, но само на кратко).Било каде на планетава после работење од неколку години на исто работно место тешко се дава отказ.
Влегување во комфорна зона каде што си ја знаеме работата, колегите, менаџментот и не ни се остава затоа што ново работно место е почнување од почеток. Така да не би рекол дека тоа е интелектуално стагнирање.
Права за нас Македонците се секаде исти без разлика дали сме на брод во Америка, Германија, Хрватска.
Мислиш дека Германец или Американец не почитува или не гледаат како луѓе од втор ред или работна снага.
Е сега на нас е од каде ќе трпиме.
Модерно робовладителство да ама зарем не е исто и во Германија или некоја од Скандинавските држави.
Точно има слободен ден но пак после завршување на договор на брод работникот има 2-3 месеци слободни.
На копно губиш време одење во продавница, готвење. На брод тоа го немаш туку имаш храна во меназа.
Работното место на брод ти е 2-3 мин на копно ти е минимум 30 мин што е реткост значи вкупно губиш 2 часа седење во автомобил.
Кварови на брод ти ги поправа друг на копно ги поправаш сам.
Што значи трошиш свое време и пари.
Приватност немаш ниту на брод ниту на копно.
На копно треба да земеш свој стан, на брод треба да си хеад шеф или некој официр.
Генерално тоа е тоа придобивки или загуби.
Бродскиот живот е тежок. Тоа се подразбира цело работно време на нозе, цело време во покрет, работење двократно, спиење по 4-5 часа и најбитно од се дисциплина.
Најбитно е како се менаџира слободното време. Некој ден спиење помеѓу смени, некогаш перење на алишта, некој ден одење надвор.
Како работни сектори би ги поделил на 3.
Првата е физичката снага. Кујна, Келнери, Собари, Чистачи Механичари Хаус мајстори и луѓе што работат во перална.
Тука претежно се луѓе од Филипини, Индонезија и Индија, што значи дека и самиот менаџмент е од тие 3 земји.
Хеад шефот може да биде и од друга земја може и од овие 3 но доминираат овие 3 воглавно.
Во какви ситуации и каши ќе се најдете ви оставам на самите да си прочитате помеѓу редови.
Храна во менза 90% е од овие 3 држава и се базира на нивната култура.
Втората е Шоп, Казино, Музика и се поврзано со музика и забава, Фото.
Тука работното време е помало, типот на работа е подобар за разлика од сектор 1.
Работниците се Европа нормално има по некој од овие 3 држави што ги набројав.
Мензата за овој сектор е поинаква, храната се базира на медитеранска кујна.
Третиот сектор се боговите.
Хеад шеф од сите сектори што ги набројав, менаџери на сектори, официри и негово височество капетанот.
Поздрав до сите и се во суперлатив.
Би издвоил како доста битна работа е кодекс на однесување што лично мене ми се допаѓа.
На секои 2 недели има инспекција на кабините, кои треба да се чисти и наместени.
За тепачка, пијанство со последици (непојавување на работно место, насилно понашање), дрога, кражба и сексуал харасмент толеранзија = 0
што значи пакување куфери и одење дома.
Е сега за последното тука може да биде и манипулација од оштетена особа ама како што ништо не е перфектно во светот така и ова.
Генерално тоа е бродскиот живот.
Најтешко е првиот договор, првите 2 месеци. Има доста тренинзи сејфти, кодекси, паблик хелт. Борба со нишање на бродот, мачнина повраќање. Но како одминува времето телото се навикнува.
Би се сложил со постот на членот погоре и би додал само дека секое искуство е добредојдено. Бродот и се поврзано со него или го сакаш или го нејќеш трето нема. Но многу важно за секого кој стапнува на брод е: ако се навикнеш на тој живот после тешко многу тешко има откажување.
Пак ќе напоменам колку и да звучи тежок животот на брод кој ќе помине неколку години тешко остава.
Коузон и/или МајомиZdravo decki, da predlozite nekoja agencija za rabota na brod?