Работа на брод

Член од
4 април 2023
Мислења
4
Поени од реакции
0
Здраво дечки! :)

Дали некој работел на речен брод да сподели искуство? Сакам да аплицирам преку Safe Cruise - Cabin Steward за почеток, или преку Feron.
 
Член од
28 февруари 2013
Мислења
58
Поени од реакции
90
Јас аплицирав преку Feron, минатиот Септември.
Октомври ми договорија интервју со швајцарците преку скајп.
Декември ми пратија фиктивен договор, свисс осигуруванје, гарантно писмо.
Фебруари извадив германска виза.
Март отидов на брод, 12 дена бев па ме пратија дома, рекоа ќе ме викаат пак кога некој ќе отиде на одмор.
Feron не зима никакви провизии и се многу професионални.
 
Фала на инфо! Ако те вратат се додека не отиде некој на одмор, покриваат трошоци затоа што веќе имаш договор или?
 
Член од
28 февруари 2013
Мислења
58
Поени од реакции
90
Фала на инфо! Ако те вратат се додека не отиде некој на одмор, покриваат трошоци затоа што веќе имаш договор или?
За првиот лет до таму ми платија и карта ми купија за враќање до Скопје.
Ако ме викаат пак, ќе купам карта па после ќе прашам дали рефундираат..... обично прва и последна карта ја плаќаат они (Март и Ноември во мојот случај)
За одморите сам плаќаш, али ок е со обзир на добра заработка.
 
Член од
4 април 2023
Мислења
4
Поени од реакции
0
Дали имате инфо како е за вакцини? Конкретно за ковид, неопходно ли е бустер?
 
Член од
4 октомври 2019
Мислења
21
Поени од реакции
25
Сакам да посочам на некои од стереотипите кои ги има просечен млад човек кој не работел на брод (тие што работеле слободно разубедете ме :D)
- крузерите се забава за стари луѓе (во смисла дека гостите на бродот се претежно парови на 40 плус години или многу постари, а поимот крузер никогаш не се поврзувал со youth culture)
- постои робовладетелски систем со 12 часовна работа секојдневно дури си на море, а перосналот е претежно од неразвиени земји (Филипини, Перу, Непал..), односно и нас балканците не сметаат како third world population
- не ти се признава ни ден стаж
- има offshore одбегнување на закони кои би важеле во нормални држави преку пловењето во меѓународни води (пр. дозволено коцкање, непостоење на работнички права и огромна неплатена дополнителна прекувремена работа)
Е сега јесте има позитивни страни (пловење низ цел свет, сексање, забава за персоналот, запознавање на други култури, но сума сумарум незнам дали вреди за да години или децении од животот поминеш во таков систем каде интелектуалното испарува од тебе (јас би пробал но најмногу еден договор од шест месеци и ништо повеќе) :).
 
kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
493
Поени од реакции
533
Сакам да посочам на некои од стереотипите кои ги има просечен млад човек кој не работел на брод (тие што работеле слободно разубедете ме :D)
- крузерите се забава за стари луѓе (во смисла дека гостите на бродот се претежно парови на 40 плус години или многу постари, а поимот крузер никогаш не се поврзувал со youth culture)
колку е подолг крузот толку постари се гостите.
- постои робовладетелски систем со 12 часовна работа секојдневно дури си на море, а перосналот е претежно од неразвиени земји (Филипини, Перу, Непал..), односно и нас балканците не сметаат како third world population
да
- не ти се признава ни ден стаж
- има offshore одбегнување на закони кои би важеле во нормални држави преку пловењето во меѓународни води (пр. дозволено коцкање, непостоење на работнички права и огромна неплатена дополнителна прекувремена работа)
да, пошто ако ти признаваа стаж ќе мораа да плаќаат бајаги данок. Бахамски договор, Панамски договор... За пандемијата плачеа пошто не спаѓаа во ниту еден пакет за финансиска помош пошто даноците ги плаќаа надвор од Д Ју Ес оф Еј.
Е сега јесте има позитивни страни (пловење низ цел свет, сексање, забава за персоналот, запознавање на други култури, но сума сумарум незнам дали вреди за да години или децении од животот поминеш во таков систем каде интелектуалното испарува од тебе (јас би пробал но најмногу еден договор од шест месеци и ништо повеќе) :)
Вреди, неколку месеци до неколку години. Повеќе договори, различни места, кеш.. Ако ти се погоди нешто како Медитеран или Балтик за прв договор, тогаш и еден договор, што да не, ќе се изнагледаш различни места. Ама ако те заглават на Бахами и Кариби неколку договори, налет.

Сума сумарум, му препорачувам на секого, некаде во 20те години од животот. Се отвараат очи, менаџмент на кеш, сам на себе у курац некаде. Ама ако заглавиш на брод (со децении еве) тогаш интелигенцијата ќе стагнира, животот тера напред а бродот врти во круг.
 
Член од
4 октомври 2019
Мислења
21
Поени од реакции
25
Во последниве години мислам е многу опаднат интересот за работа на брод. Пред 10-15 год. било актуелно дека немало подобар избор, а денес младите работат од дома и имаат поширок поглед, односно несакаат да бидат третирани на ниво на Филипини или Бангладеш. :)
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.045
Поени од реакции
1.991
Било каде на планетава после работење од неколку години на исто работно место тешко се дава отказ.
Влегување во комфорна зона каде што си ја знаеме работата, колегите, менаџментот и не ни се остава затоа што ново работно место е почнување од почеток. Така да не би рекол дека тоа е интелектуално стагнирање.

Права за нас Македонците се секаде исти без разлика дали сме на брод во Америка, Германија, Хрватска.
Мислиш дека Германец или Американец не почитува или не гледаат како луѓе од втор ред или работна снага.
Е сега на нас е од каде ќе трпиме.

Модерно робовладителство да ама зарем не е исто и во Германија или некоја од Скандинавските држави.
Точно има слободен ден но пак после завршување на договор на брод работникот има 2-3 месеци слободни.
На копно губиш време одење во продавница, готвење. На брод тоа го немаш туку имаш храна во меназа.
Работното место на брод ти е 2-3 мин на копно ти е минимум 30 мин што е реткост значи вкупно губиш 2 часа седење во автомобил.
Кварови на брод ти ги поправа друг на копно ги поправаш сам.
Што значи трошиш свое време и пари.
Приватност немаш ниту на брод ниту на копно.
На копно треба да земеш свој стан, на брод треба да си хеад шеф или некој официр.
Генерално тоа е тоа придобивки или загуби.

Бродскиот живот е тежок. Тоа се подразбира цело работно време на нозе, цело време во покрет, работење двократно, спиење по 4-5 часа и најбитно од се дисциплина.
Најбитно е како се менаџира слободното време. Некој ден спиење помеѓу смени, некогаш перење на алишта, некој ден одење надвор.

Како работни сектори би ги поделил на 3.

Првата е физичката снага. Кујна, Келнери, Собари, Чистачи Механичари Хаус мајстори и луѓе што работат во перална.
Тука претежно се луѓе од Филипини, Индонезија и Индија, што значи дека и самиот менаџмент е од тие 3 земји.
Хеад шефот може да биде и од друга земја може и од овие 3 но доминираат овие 3 воглавно.
Во какви ситуации и каши ќе се најдете ви оставам на самите да си прочитате помеѓу редови.
Храна во менза 90% е од овие 3 држава и се базира на нивната култура.

Втората е Шоп, Казино, Музика и се поврзано со музика и забава, Фото.
Тука работното време е помало, типот на работа е подобар за разлика од сектор 1.
Работниците се Европа нормално има по некој од овие 3 држави што ги набројав.
Мензата за овој сектор е поинаква, храната се базира на медитеранска кујна.

Третиот сектор се боговите.
Хеад шеф од сите сектори што ги набројав, менаџери на сектори, официри и негово височество капетанот.
Поздрав до сите и се во суперлатив.

Би издвоил како доста битна работа е кодекс на однесување што лично мене ми се допаѓа.
На секои 2 недели има инспекција на кабините, кои треба да се чисти и наместени.
За тепачка, пијанство со последици (непојавување на работно место, насилно понашање), дрога, кражба и сексуал харасмент толеранзија = 0
што значи пакување куфери и одење дома.
Е сега за последното тука може да биде и манипулација од оштетена особа ама како што ништо не е перфектно во светот така и ова.

Генерално тоа е бродскиот живот.
Најтешко е првиот договор, првите 2 месеци. Има доста тренинзи сејфти, кодекси, паблик хелт. Борба со нишање на бродот, мачнина повраќање. Но како одминува времето телото се навикнува.

Би се сложил со постот на членот погоре и би додал само дека секое искуство е добредојдено. Бродот и се поврзано со него или го сакаш или го нејќеш трето нема. Но многу важно за секого кој стапнува на брод е: ако се навикнеш на тој живот после тешко многу тешко има откажување.
Пак ќе напоменам колку и да звучи тежок животот на брод кој ќе помине неколку години тешко остава.
 
Овакво мислење би имал пред 20 год. кога платите биле од 8 до 10 илјади кај нас. Неможе да се изедначува живот на море со живот на копно (на бродот се губиш во системот и како што кажа тој систем те навелкува пак да заминеш и да му бидеш врзан). Попрво би постанал интегриран Германец со среден живот неголи да бидам експлоатиран преку сива зона на беззаконие, сменети се времињата Македончето почна да се цени самото, а си видел ли Германец или Скандинавец да работи на брод ? Познавам такви навлечени на бродски живот, но тоа се луѓе од 40 или 50 год. кои не знаат ништо да прават друго во животот, а најди ми еден млад човек кој има некое живото искуство или знаење од конкретна струка да сака да ти работи на брод (не велам дека не е добро да се проба, но само на кратко).
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.045
Поени од реакции
1.991
Условите и платите не секогаш биле овие денешните. Кога кај нас платите биле 10 илјади на брод биле 900 долари одприлика, повисоките позиции биле реткост освен ако не си квалификуван. Платите и условите раснеле правопропорционално, денес интервјуата не се толку темелити т.с добиваш добра позиција и со лажирано с/в се зависи колку си сналажлив.
Поготово после пандемија се примија еден куп работници без искуство на високи позиции.

Еден келнер или собар може да стигне и до 4000 долари месечно на годишно ниво тоа ти се 40. 000 долари без никаков трошок, кажи ми каде на светот просечен келнер може да стигне до таа цифра.
Супервизор без тронка физичка работа стига и до 6000 месечно.
Секако за тоа ти треба време со 2-3 договори од бафет нема да земеш келнер.
Рачунај на копно имаш расходи, термини за здравство, потенционален квар на автомобил многу ситуации каде што можеш да изгубиш и време и пари. На брод супервизор да го земеме за пример треба да менаџира одредена група на луѓе со одело и саат од 500 долари, некоја млада Украинка или Мексиканка покрај себе со јастог за вечера или рибај.
Истиот тој менаџер во некој хотел ќе јаде шпагети и ќе му фрчи главата и ќе си ја ознои кошулата.
Тоа ти го зборам за некој просечен супервизор на соби или ресторан, па сега ти види.
И токму тоа ги држи со години на брод.

Има Германци, Холанѓани, Нов Зеланд, Британци секако не како собари туку како хотел менаџери, круз директори.
Високоплатените позиции секако и они се со повисоки плати за разлика од другите.
 
Kiril Bogatinov

Кико
Член од
18 декември 2020
Мислења
41
Поени од реакции
30
E Dobar den ljugenca eve ja da vi kazam za moeto iskustvo (ke bidam kratok)...Eve pred 2 dena se vrativ doma posle 7 meseci na kruzer na karibite (Celebrity Equinox) i odma da vi kazam ne e toa so mislite , haha , t.e site kruzerski kompanii prodavaat lazna slika (earn money and see the world) my white ass...Zivotot na brod u globala ne e dobar , t.e bar mene ne mi se dopadna..Znaci tamu osven rabota i spienje nema nisto drugo , t.% e zivotot e dobar tamu samo ako si vo nekoj od slednive departments (casino , future cruises , shore excursions , entartainment itn) ali realno 90% od nas odat vo F&B deparmentot (kelner , barment itn) a tamu osven rabota nemas nis drugo...Ako si vo ovoj department mora da si ja isplaniras sekoja minuta bidejki rabotis bukvalno cel den , i ako sakas da odis nadvor imas okolu 1-3 saati da setas so ne e dovolno ni malce , a parite koga ke razmislis ne se i mnogu (jas za 6 ipol meseci donesov cisti okolu 11000 - so toa sto use koa otidov bev u minus 1500$ bidejki togas jas si ja plativ kartata i plus si ja plakas unformata a jas dobiv 3 promocii , taka da 3 pati kupuvav uniforma po 150$)...Edinstvena svetla rabota e sto ako veke resis da si go zrtvuvas zivotot a si od evropa mnogu lesno mozes da dojdes do pozicija bidejki 80% od vrabotenite beja od Filipini , Indonezija i Indija a realno tie nemaat pojma od nisto (no kruzerskite kompanii gi targetiraat ovie drziva bidejki niv daj im 800$ i oriz da jadat i oni se srekni).Jadenjeto za personalot ne bese koj znae so (vo glavno oriz , kari i dal ) dobro imase pilesko pa jadev pilesko po 3-4 pati na den haha...Ete u kratki crti toa e tpa , za mene ova e kratka ocija da kazime 3-4 dogovri staj 30-40000 iljadi na strana i toa e toa , nema tuka zivot bar za mene ..Ako imate nekoe prasanje slobodno kontaktirajte me ...Ubav den decki...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom