Христос Воскресе!

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.976
Поени од реакции
9.654
Дали има некој волја да напише нешто за овој пост? Ме потсетува на постовите на @парва . Ја не знам ликов од каде ги наоѓа овие информации и колку се точни но некако привлекува внимание и интересно е за читање. Би сакал да знам дали некој за нешто се сложува во врска со напишаниот текст
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.158
Поени од реакции
12.135
Vistina voskrese! Za mnogu godini.
P.s ete voopsto ne boli da mu se napravi cest na vernicite koi si slavat denes.
@Хептаграм XI ova posebno za tebe vazi kako moderator tuka.
Pokazi malce kultura i pocit barem denes .
Никогаш не се научивте да внимавате што читате, кај читате и со кој зборувате и за што...
Види подфорум кај е оваа тема, потоа дојди расправај се со мене „јас како модератор што треба да правам“... моја волја е дали ќе честитам или не... не сум политичар да ловам поени со лажно честитање празници...

Дали е почит ако некому кажам тоа што очекува да го слушне а не го мислам навистина или само одминам? Како повеќе покажуваме почит?
Мене ми честита некој за време на Трите дена на пишиување на Законот?
НЕ. Покажавте почит? ;)
Се лутев? НЕ.
Диши.
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.872
Поени од реакции
23.266
Никогаш не се научивте да внимавате што читате, кај читате и со кој зборувате и за што...
Види подфорум кај е оваа тема, потоа дојди расправај се со мене „јас како модератор што треба да правам“... моја волја е дали ќе честитам или не... не сум политичар да ловам поени со лажно честитање празници...

Дали е почит ако некому кажам тоа што очекува да го слушне а не го мислам навистина или само одминам? Како повеќе покажуваме почит?
Мене ми честита некој за време на Трите дена на пишиување на Законот?
НЕ. Покажавте почит? ;)
Се лутев? НЕ.
Диши.
Ko ke si napisis vo temata za cestitanje verski praznici deka ti e praznik i tamu kako e redot, togas jas prv ke ti cestitam( sekako ke me tagnis posto ne pratam bas ). Sepak se raboti za religija koja ne e masovna , ne trubat na televizija sekoj den za toa, ne e drzaven praznik itn itn i normalno e da pretpostavis deka ne sekoj tuka znae za sekoja religija posebno koga vi e denot :toe: .
Inaku da tvoja volja e, nikoj ne moze da te natera na nisto, no isto tuka se raboti i za nesto sto se vika opsta kultura kaj nekoj i dali ja ima ili ne :cautious:.
I ne e bitno dali veruvas ili ne, lazno vakvo takvo, se raboti za pravenje ili ne pravenhe cest na nekomu. Toj, tie si veruvaat i si slavat, ne si ti tuka biten vo golemata slika , ednostavno im pravis cest. Tolku e ednostavno.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.707
Поени од реакции
33.924
Jaс те разбирам, пошто сите понекогаш ние сме помалку кловнови (некои и повеќе).
Но тензиите се големи, па затоа реакциите се вакви.

Што се мене тиче јас сум 100% за слобода на говор и изразување, посебно кога се работи за комедија. Нека се снимат уште стотина филмови како Брајановото Житие... Ама сѐ си има простор и време. Заебанции со верувања на верници на било кој празник - најмалку па на најголемиот нивни празник - тоа не е во ред. Исто така би било фино да видиме и малку „диверзитет“ во метите на шегите и комедијата.
Зошто само Христијанството е цел? Не те прашувам стриктно тебе туку сите, зошто малку не се „пошалите“ на пример и со Исламот? Можеби на Рамазан, или на Бајрам да се деси? А со Јудеизмот, па Евреите нели се познати љубители на добар хумор. Итн.

Некој филм да се снимеше, исламски/јудеистички пандан на Брајановото Житие?
Зарем од 1979 навака нема креативни идеи за комедија, кога целта се други религии?


Христијанството е лесна мета, естаблишментот со децении ги „програмира“ луѓето на тоа (колку само филмови и стенд-ап има). Но на крај кај религијата се работи за личен избор, и треба да се има почит кон тој избор... Пошто тогаш зошто е предмет на заебанција тоа што некој да верува во воскресние на човек пред 2023 години, ама не-дај-боже (pun intended) да се позаебаваш за тоа што во денешно време има се поголем број на мажи кои веруваат дека се жени - и згора на се од сите нас другите бараат да им играме според лудилото до таму да некои дури и се лутат зошто не сакаме врски со нив (сеа малку ја да се нашалам, ама и озбилен сум).
Реалноста е дека за шегување на сметка на Христијанството никој нема да трепне, ама за шегување за лгбтп култот - за тоа може да попиеш кривична за „говор на омраза“. За шегување пак на сметка на Исламот, може да ја загубиш главата. Буквално. И така сите се шегуваат за Христијанството пошто е лесна мета, и религија која проповеда мир и прифаќање. Епа иритира тоа, и толку се собира без оддишка па следствено - реакциите што ги добиваш.


Патем и јас не сум догматски верник, но синојќа бев во црква, како што бев и завчера. Како што одам секоја година - од социјални, не од религиозни причини. Традицијата Парва, традицијата е една од работите кои не држат заедно како заедница. Мимозата со жолта, но и обредите и религијата, сѐ е тоа традиција. Почитувај ги сите елементи од традицијата, барем онолку колку да не ги навредиш другите.


Среќен празник на сите, Христос Воскресе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom