Во сите овие муабети на тоа кој кому му одговара продолжување на војната, сите ја заборавивте Кина... Иако сеуште не е на никаков начин поврзана со конфликтот (едино како некој си неформален медијатор за помирување на двете завојувани страни), сепак трпеливо чека во сенка за тоа како ќе се развиваат настаните во Украина.
САД и ЕУ се прилично нервозни од потезите кои ги вади Кина, пред се јавното флертување со Русија.
Секако на Кина највеќе и оди војнава во прилог, јасно како ден. Подобра опција од оваа неможеа ни да замислат, нит да претпостават и уцртаат со илјада стратегии унапред.
Од секој аспект добиваат. Што од искуство за како утре да водат војна против западот, старлинк, химарси, дронови, и остали. Па до тоа дека мораат да напраат муниција повеќе од највеќето.
Плус што сега се испоганија уште толку САД низ глобусов со форите у војнава. И веќе сите бегаат како ѓавол од темјан од нив (Како беше она порано не дај Боже Русија да те брани, сега истото ама со САД).
Станаа фактор за стабилизација преку ноќ Кина, сите се крстат у нивните дипломатски маневри. Кога ќе отиде чоек со чисто срце (до некаде) и некој тешко покварен играч, се знае што ќе одбере тој карши тебе.
Јуанот стана втора валута за резерва во Свет, за една година војна.
И додека Европа и САД се длабоко вклучени во војната што финансиски, со грантови, позајмици, поклони и сл. Што воено си ебаа мамата цели залихи испразнија, а тек поскапи ќе бидат тие залихи да се надополнуваат со инфлацијата и растот на суровини и работна рака. Кина во тој поглед барем јавно што се знае не е ни додирната. Утре војна (прокси, мокси како и да ја викаат сеа лузериве) со САД и вчера војна со САД (пред ова со Украина) нема да биде ни приближно иста.
*Е сеа сакам да пишам и за Русија нешто на оваа тема, пролонгирана војна.
Да се паметни Русија, и да имаат нормално некој долгорочен план, а гледам дека работат на тоа (обезбедување на долгорочни приливи на различно оружје и муниција за фронтовите), треба да направат се само војнава да не заврши.
Ок, не сме како овие од другава страна и да се праиме на Тошо. Да, војнава и штети и те како на Русија, факт. Ама и врши и голема работа истовремено.
Еве, да почнеме од тоа дека Украина за 8/9 години од 2014 година кога се проценувало тогашното население на 42 милиони жители, во време на "не толкави" страшни сценарија, го довела своето население на 27 милиони жители (западна проценка и анализа). Замисли за следни 2/3 години, а не пак 8 години во ваква војна исцрпувачка на која бројка ќе дојде.
И утре Украина со 25 милиони, и Украина со 7/8 милиони народ не е иста пречка.
За тоа што западот ги троши залихите на лудо ниво, веќе кажавме. Потенцијално се отвара простор и за други маневри после Украина со изнемоштен запад, Балтик, Финска, Молдавија? Изи пизи.
Следно, глобалните правци каде влечат за време на оваа војна, уште колку незадоволства ќе има од западњаците и нивните протекционистички политики, ова можете, тоа неможете. Е тоа више не пали кај огромен број на држави во развој. Сите тие ќе ја фаќаат полека "другата страна".
Ете, веќе и гледате од ден за ден какви вести стигнуваат. Вчера рецимо Мароко вика ММФ ни дава многу лоши позајмици, на Украина и остали им попушта, вака не иде, ќе идеме у БРИКС.
Саудиска Арабија, Бразил, Аргентина, Мексико, Египет, тие нели беа западни партнери за време на студената војна? Сеа каде влечат ? Ете џиновите Индија, Иран, Венецуела не ги ни спомнуваме (така рече Клинтон) ама овие другиве, што праиме со нив.
За крај, ако Русија и Кина (после ова со Ши во Москва) нацртаа долгорочен пат на долга и пролонгирана војна што заедно ќе ја водат во сите полиња. Нема да изгубат, во ниеден случај и во ниедна област. Реално според моменталните глобални состојби и случувања.