Dali jas sum bil sproti matt, dali rogan, dali vie… ne e bitno, sakav da kazam deka na prasanjeto za brak i religija Mat spored mene potona. Mozebi e car koga stanuva zbor za paneli, dokumentarci, talk showa i poveketo skriptirani eventi no kaj rogan imas 3-4 saati kade poentata e aj da go razglabame nestoto od site strani i agli i da vidime sto poveke drzi voda a ovoj uporno verglase ama taka bilo vo religijata i aj sega da placeme i da se pravime deka ne e skoresno man made rule.
Note deka ne go napagam, go postuem ama ne mozam da go vospevam kako vas. A seuste go postuem poradi toa sto obelodenuva i se bori protiv se sto se pravi so decata od prerani operacii do hemii a toa e nesto mnogu, mnogu grozno.
Не, па реално ни јас немам (а верувам и повеќето овде) некои „чувства“ за Мет Волш ниту па имам потреба да го бранам него лично. Спомнуван е во контекст на отпорот што го дава кон воук култот, и ќе биде спомнуван и понатаму се додека го прави тоа. Ставот му го браниме, не го браниме лично него.
Самиот Мет Волш како оратор/дискутант не е ништо посебно. Си нашол niche сегмент каде прво има малку конкуренција, второ противниците се исклучително лесни за напаѓање пошто целата платформа им е заснована на тоа сите окулу нив да се прават глупи и да глумат лудило,
*нивното лудило* (баш како во „кралот е гол“ приказната). Мет го користи тоа, продуцира содржина која скоро секој може да ја направи без многу памет и вештина. Но не сите се нафаќаат, пошто лудилото е масовно а тие што го посочуваат често си имаат и последици - во тој конктекст еве
друг агол од тепањето на женската шампионка во пливање на САД, тепање заради бунењето против учество на биолошки мажи во женска конкуренција.
Во делот со Џо Роган и Мет Волш за бракот, Мет очигледно беше фатен неспремен. А не го бива да импровизира „во од“ (тука еден Бен Шапиро ќе го избришеше подот со Џо Роган и неговите „прекрасен среќен заеднички геј брак“ упикувања). И очигледно е дека Мет Волш не е многу навлезен во тематикава туку релативно опортунистички ја експлоатира (сигурно солидно заработува од социјалниве мрежи, јутјуб каналот барем му е солидно популарен). Доволно ќе му беше да наведе дека хомосексуалните бракови се (зло)употребувани за трети агенди - кои јас ги спомнав некој пост поназад, - пропаганда, злоупотреба на деца психички и физички (силување, подведување, итн), итн да не се повторувам... Мислам еј, ако јас можам од прва да се сетам на тоа а еден популарен анти-воук подкастер не може - тогаш очигледно дека истиот не е многу посветен на тематиката туку едноставно си ја користи ситуацијата.
Дури и таков каков што е, Мет Волш врши голема работа за освестување на луѓето/мнозинството за темната иднина кон која не носат баш како офци од трло. Затоа го поддржуваме, не затоа што Мет Волш е совршен дискутант/оратор/итн. Он ја користи ситуацијата, ние го користиме него како лесно сварлива презентација за рандом успани незнајковци. Целата пропагандна битка (и социјалниот инжинеринг) што западниот естаблишмент го води, се води заради освојување на тие рандом успани незнајковци кои секаде во светот се мнозинство. Од нив зависи дали лудилово ќе стане нова норма, или ќе има бунтување.
Пошто не може да не гледаш што прави естаблишментот, ете во примерот подолу погледај ги фриковите како играат претстава и гледај ги сите тие yes-(wo)men како климкаат со главите со нагласени лажни изрази на емоција и загриженост. Севернокорејците може вода да им носат. Ете со каква машина се соочуваме, и нема да престанат се додека некој не ги натера: