Цело време се спомнува тука Белорусија, ама Белорусија беше, и е државиште спрема Украина.
Додека Украинците тонеа во невработеност, беспарица, државата им се рушеше, системот им беше корумпиран до коска, жените мораа да бидат сурогат мајки на богати западњаци, во Белорусија вработеноста е на најниско ниво.
Образование, дисциплина... На улица пикавец не може да најдеш. Сето тоа што се направило во СССР, е одржувано и зачувано како ново.
Доволно е да се споредат Минск, Витебск, со Киев, или Днипро.
Пола население им се програмери кои аутсорсаат. Другите пола, врвни доктори.
А Украина има едно 10 пати поголеми природни богатства од Белорусија, поголема индустрија, излез на море за трговска размена... Највише, после Русија се вложувало таму во СССР, а станаа најголема руина од земја која не може ниту да го одржува тоа што тогаш било изградено.
Тажно што таква држава, со таков капацитет, системски е уништувана со години. Да сега дојде до момент каде е прашање дали, и како ќе постои.