Доброволно приватно здравствено осигурување - искуства/цени/услови

Член од
7 септември 2009
Мислења
155
Поени од реакции
243
Имајќи ја во предвид општата состојба на здравствениот систем и како што гледам се повеќе и повеќе компании нудат приватно здравствено осигурување,
какво искуство имате со приватното здравствено осигурување, во која компанија се имате осигурано, како се со исплата на штети и слично, колку сте задоволни со условите,
дали имаат мали ситни букви па не сте знаеле дека уствари не е така како што сте мислеле итн...

Се надевам дека ќе им помогне на оние кои се мислат дали да земат вакво осигурување (и каде).
Не видов дека има веќе ваква тема отворено, ако има слободно бришете ја оваа.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.154
Поени од реакции
10.154
Порано имавме колективно осигурување во фирмата во која работев, платено беше комплет се за сите вработени во Триглав осигурување и можам да кажам дека сите што ги искористија нивните услуги беа задоволни.
Сега, во оваа фирма каде што работам, имаме неколку осигурителни компании, но сами си бираме и плаќаме осигурување. Јас бев во осигурителна полиса, но се откажав,исто и многу мои колешки, едноставно не сме задовлни од условите.
убава тема, точно кога планирам да одберам некоја осигурителна компанија, но немам ни јас идеја која е навистина најповолна..да се надеваме дека ќе има некој форумџии кои ке ни дадат добар предлог :)
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.738
Поени од реакции
7.229
Можеби е надвор од темава, можеби не. Скоро разбрав дека сите клиники во Клиничкиот центар не се со осигурувањето покриени за повреда на работно место. Мене тоа ми изгледа многу несериозно, посебно во време на пандемии. Кога е така во здравството, како ли е во другите гранки
 
Sto se odnesuva za zaraza od KOVID virusot, vrabotenite vo zdravstvo dobivaat cela plata, kako da e povreda na rabotno mesto, ne Im se odbiva nisto dodeka se na boleduvanje...a za osguruvanje e isto, sekoja Sam si bira, ako saka, osiguritel.kompanija:(
 
А, колку добиваат ако им се продолжи боледувањето повеќе од 30 дена, кога ќе треба да ги исплаќа Фондот? И, што ако на работно место се случи повреда?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.154
Поени од реакции
10.154
А, колку добиваат ако им се продолжи боледувањето повеќе од 30 дена, кога ќе треба да ги исплаќа Фондот? И, што ако на работно место се случи повреда?
Neznam, no ako te interesira utre ke prasam.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.758
Поени од реакции
36.660
Порано имавме колективно осигурување во фирмата во која работев, платено беше комплет се за сите вработени во Триглав осигурување и можам да кажам дека сите што ги искористија нивните услуги беа задоволни.
Сега, во оваа фирма каде што работам, имаме неколку осигурителни компании, но сами си бираме и плаќаме осигурување. Јас бев во осигурителна полиса, но се откажав,исто и многу мои колешки, едноставно не сме задовлни од условите.
убава тема, точно кога планирам да одберам некоја осигурителна компанија, но немам ни јас идеја која е навистина најповолна..да се надеваме дека ќе има некој форумџии кои ке ни дадат добар предлог :)
Не знам дали е така, може јас добив погрешен впечаток, но мислам дека погрешно ја имаш сфатено темава. Не станува збор за осигурување, на пример како во случај на повреда или професионално заболување, туку за приватно ЗДРАВСТВЕНО осигурување. Како државното здравствено осигурување во ФЗОМ, само што тоа покрива прегледи по државните здравствени домови, и нели плаќаме само партиципација на секој преглед или постапка. Е па приватното здравствено осигурување ги покрива истите тие прегледи само во приватните клиники. Сега, нормално, во зависност од тоа колку плаќаш, толку добиваш, реков, има различни пакети. На нас, во фирмата јас кај што работам, на 2 пати ни понудија од 2 различни осигурителни компании приватно здравствено осигурување, ама цените на пакетите се движеа од 50 евра месечно па нагоре, па така мислам дека никој не прифати.

Ако погрешно сум те разбрал погоре, и ако баш за истото и ти си мислела, извини. Само чудно ми падна зашто не сум сигурен дека постои фирма во која сите вработени ќе бидат осигурани со колективно приватно здравствено осигурување. Што знам...
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.154
Поени од реакции
10.154
Не знам дали е така, може јас добив погрешен впечаток, но мислам дека погрешно ја имаш сфатено темава. Не станува збор за осигурување, на пример како во случај на повреда или професионално заболување, туку за приватно ЗДРАВСТВЕНО осигурување. Како државното здравствено осигурување во ФЗОМ, само што тоа покрива прегледи по државните здравствени домови, и нели плаќаме само партиципација на секој преглед или постапка. Е па приватното здравствено осигурување ги покрива истите тие прегледи само во приватните клиники. Сега, нормално, во зависност од тоа колку плаќаш, толку добиваш, реков, има различни пакети. На нас, во фирмата јас кај што работам, на 2 пати ни понудија од 2 различни осигурителни компании приватно здравствено осигурување, ама цените на пакетите се движеа од 50 евра месечно па нагоре, па така мислам дека никој не прифати.

Ако погрешно сум те разбрал погоре, и ако баш а истото и ти си мислела, извини. Само чудно ми падна зашто не сум сигурен дека постои фирма во која сите вработени ќе бидат осигурани со колективно приватно здравствено осигурување. Што знам...
Navistina neznam koe e toa privatno zdravstveno osguruvanje, znam samo za edno, toa e FZO,....se izvinuvam ako napraviv utka.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.758
Поени од реакции
36.660
Navistina neznam koe e toa privatno zdravstveno osguruvanje, znam samo za edno, toa e FZO,....se izvinuvam ako napraviv utka.
Има доброволно здравствено осигурување. Еве примери од некои осигурителни компании: Еуролинк (тие се мислам и први што го воведоа, и први што ни понудија, ама во тоа време, пред 3-4 години цените на пакетите беа од 50 евра месечно по човек, па нагоре. Сега не знам како се), Триглав, Winner, Halk Insurance.

Да, за да имаш полиса за доброволно здравствено осигурување, мора да си осигуран здравствено и во ФЗОМ. Постои и закон за доброволно здравствено осигурување - http://zdravstvo.gov.mk/zakon-za-dobrovolno-zdravstveno-osiguruvanje/. Со ова се покриени трошоци во приватни клиники кои соработуваат со осигурителните компании. Еве за Халк видов дека соработуваат со Систина, Жан Митрев и One Hospital. И сега, во зависност од пакетот кој го имаш, во овие клиники до одредена сума ти се бесплатни, на пример: специјалистичко лекување, операции, дијагностика, болничко лекување, офтамолошки прегледи и сл.
Автоматски споено мислење:

Screenshot_21.jpg
 
Член од
10 март 2022
Мислења
209
Поени од реакции
410
Состојбата во државното здравство ја знаете сите и тешко дека нешто ќе се подобри. Веќе станува потреба а не луксуз, секој да има приватно здравствено осигурување. Поради тоа ја отварам темава да споделуваме искуства, даваме/примаме совети и препораки за компаниите кои ги даваат овие услуги.
Да почнам прв.
Јас лично имам осигурување од Сава и можам да ги пофалам дека навистина брзо ми закажаа преглед во систина, по прегледот веднаш ми закажаа и магнетна резонанца во систина (без притоа да платам ништо па да чекам рефундирање). Единствено ме одбија да ми ја покријат операцијата со изговор дека повредата ми е стара односно пред влез во осигурување. Полисата чини 14евра месечно.
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
876
Поени од реакции
440
И јас кога бев да извадам осигурување за автомобил.
Ми понудија нешто вака, но сега за сега не.
ПС. Ако одиш често на доктор или за болна особа мислам вреди.
А и цената не е висока дури и да не одиш често на доктор.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.690
Поени од реакции
42.280
И јас кога бев да извадам осигурување за автомобил.
Ми понудија нешто вака, но сега за сега не.
ПС. Ако одиш често на доктор или за болна особа мислам вреди.
А и цената не е висока дури и да не одиш често на доктор.
па не е исто патничко осигурување и здравствено. Патничко ти е само при удес, ова осигурување е како обично здравствено само приватно.

Е сега дали е се како што убаво напишале у рекламата нека пише некој друг што користи па да видиме дали вреди.
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
876
Поени од реакции
440
Знам ми објаснија.
Ако одиш често на доктор би требало да се исплати.
(Имало попуст барем така ми рекоја)
Па како што е тргната работава за некое време обавезно ке стане а не луксуз...не е ни некоја голема цифра во прашање 14 евра.
Е сега добро е да се распраша што и како покрива ова...на почеток можда све ке покрива и проверви си све (додека да се разработи бизнисот и да се направи клиентела)...но потоа ке го затегнат сигурно...па дан испадне може да се оди со приватното здравствено само за итни случаи+препишано од доктор и слично, а не по сопствена желба.

Можда ке дојде време без приватно здравствено ништо да не можеш да направиш.
Дека државново здравство не е нешто многу од корист како што гледам и слушам.
И во многу случаи е неопходно да се оди на приватно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom