Фан клуб - РК Вардар

За вечер стварно не знам што да очекувам,за разлика од лани двете екипи се далеку послаби,Пелистер на хартија има подобар состав и многу поголема ротација,од друга страна и они сезонава ништо посебно немаат покажано,доста маки имаа со повредени играчи,еден куп трансфери,натрупаа играчи и што им требаат и што не им требаат.
Сепак клучните натпревари не ги добија,мислам на оние во Европа.
Во домашно првенство исто не делуваа премногу доминантно.

Ние цела сезона немавме натпревар од ваков карактер,ништо озбилно не изигравме,во Сеха мотивацијата е далеку помала и не може врз основа на тие натпревари да процениме до каде сме.Игравме доста слабо,споро,млитаво Партизан едвај го добивме при полна сала и топ атмосфера,повеќе на сила и искуство Гостувањата ни беа очајни,не се ни за коментирање.
Мене надеж ми дава единствено натпреварот со Алкалоид во Автокоманда,искочивме спремно,воиграно,дрско и уште од старт ги прегазивме и покажавме кој е кој,мислам дека тоа беше и единствен натпревар во кој стварно влеговме озбилно,очекувам таков пристап и вечерва.

Се надевам на добар натпревар,со јака и напната атмосфера,од нашите барам само да искочат мотивирани и да се борат за секој топка до последен момент,што и да се случи секогаш ќе имам респект за дечкиве што го носат дресот на Вардар и во вакви моменти.

Одиме по титула!
 
Дечки може да се влезе со пдф картата пратена на мејл или мора да се принта? Немам кај да ја принтам денес.
 
Дечки може да се влезе со пдф картата пратена на мејл или мора да се принта? Немам кај да ја принтам денес.

За влез во салата ќе биде потребно да имате испечатен билет или билет во електронска форма (PDF) што ќе треба да го покажете на влез во салата.

 
Екипа форум не се договоривме за заедничко гледање, но се гледаме у сала, верувам голем дел од нас ќе се во сала.
Земете го знамето со вас :D
Кој блок си,ја сум 7

Sent from my M2101K7BNY using Tapatalk
 
Кај коњаникот е знамето :)он е пред сала сигурно
Друг е воџата, немам јас такви амбиции :P
Автоматски споено мислење:

Две сали се малку за да не соберат денес, на собир има над 1000 луѓе, кафаниве полни во околинава. Грмење :D
 
Последно уредено:
Комплекси...фрлање бакљи на неутрална трибина. Пичкарски скроз.
 
Sto se desava, na rab sum ke sibpuknam od maka
Дојдоа гостиве со бакљи и од влез почнаа да ги фрлаат по трибината. Па Комити слегоа долу во сала и тие почнаа да фрлаат накај нив.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom